Priceless (2006)
Hors de prix
Француски филм сниман на неколку локации околу француското крајбрежје меѓу кои и Монте Карло, Монако. Мислам дека и една ко-продукција од тој дел таму зима учество односно поддршка.
Јеби га, бар е сниман у Монако. Нема филмови од таму, се убив од барање. Сакав Грејс Кели да глеам со Никол Кидман ама многу мртва оценка има, џабе ќе гледам. Боље е ова верувајте.
Одри Тоту е една од најубавите жени у историјата на сите жени. Прекрасна, врвна, секси, елегантна, класа. Неам зборови.
Ирен е нешто као спонзоруша и искача со богати и стари мажи. Една вечер на нејзиниот роденден, дечко и вампирот ќе се успие и оваа од досада ќе искочи од собата во обид да си најде забава. И у лобито пред барот, на еден кревет ќе го најде овој сурково, Жан, кој иначе е келнер и шанкер. Оваа ќе помисли дека е некој богаташ и ќе го легне горе у еден луксузен кралски апартман, за кој Жак ќе рече дека е негов.
Година дена подоцна, негде низ француското приморје овие двајца повторно ќе се сретнат. И после цело време ќе се среќаваат.
Интересен филм, предвидлива романтика ама смешен беше, интересен, без замарање, ја глеаш Одри како се шетка у лесни фустанчиња без прслуци, трча со разотворено деколте и слични машки еротски фантазии.
Овој актеров е многу смешна појава, изгубен цело време, суртук класичен, тупчо, со еден таков изгубен поглед цело време. Добар беше, одличен.
Добар филм бе топ.

Задоволен од Монако, а со Одри ќе се дружиме и во Франција.
И на инстаграм и на гугл. хехе
7/10.