19. Lepota poroka / The Beauty of Vice (1986)
Прегледај го приврзокот 328970
Филмов ќе беше супер да знаеше кај тера. Вака е каша попара што не знае што сака да биде: дали комедија во стил на Жикина династија и Тесна кожа (зашто имаше и такви моменти и елементи), дали драма за суровите обичаи во црногорските планински села каде дефинитивно ко medjedji да живеат, а не луѓе (како побогу може поинаку да се објасни тоа да имаш некој ко Мира Фурлан (RIP) за жена, а да и ја покриваш фацата секоја вечер пред заспивање за да не те гледа додека и го пикуваш (буквално на тоа се сведува сексот), и да не смее да те допре или да ја допреш, а не па да помисли да те бакне или да ја бакнеш), дали некоја социјална пародија за општеството во кое обичаите се толку многу различни од место до место што изгледа ко два различни света, или еротика која нема друго за цел освен да ги разгори примордијалните страсти? Едино - секоја чест и капа долу и за режисер, и за цела екипа, и актери и секој кој имал до најмала улога во правењето на филмов што имале толкави мадиња да направат вакво нешто во 1986 (без разлика што реков - мене не ми се допадна). Ова и денес би било табу, а не тогаш. Јас се кладам дека 90% од актерките денес кај нас не би глумеле улога како таа на Мира Фурлан тогаш.
5/10
P.S. Израснат сум во мало место. Не затекнав ни близу слични обичаи како тука, ниту пак општеството беше до таа мера патријахално, но имав една баба (жена на брат на дедо ми, одамна почината), без влакна на јазикот, која тврдеше дека никогаш не го видела маж и гол. Кога ја видов сцената кога Жорж појде во Меѓеѓе и „имаа секс“ (aka „ја силуваше“) Ева Рас, конечно сфатив како било тоа можно. Секако, пак ќе повторам - моментите на удирање со огромен токмак по глава за „грешниците“ се потполно нови и за мене, и навистина се трудам да верувам дека се само елемент на фикција.