FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Заборавив просекот на сите филмови да го пишам. До сега:

1. Hrvatska - 6,79
2. Norge / Noreg / Norga - 6,69
3. Azǝrbaycan - 6,00
Автоматски споено мислење:

Thanks, ќе направам update.
И на овој сега ми текна, иако не ми е гледан - Которски морнари. Продукцијата е Зета Филм - Будва што покрај дистрибутерска улога снимила и 9 долгометражни филмови во ко-продукција со други продукции.

13. јул - најскапиот црногорски филм снимен со тогашни 90+ милиони динари.
 
Ај некој за The Black Pin ако може да ми помогне. Не можам да го најдам нигде на интернетов. На филмовизија го има ама треба регистрација, што е во ред, арно ама Касперски наоѓа тројанец и не дозволува влез на страната.

И Lowdown односно Ispod mosta, medju stijenama ми се гледа интересен ама и тој истотака не постои.

Само Lijenstina го има на јутуб и најверојатно тој ќе го глеам.
Најдов и еден Догма црногорски филм, ама кур мој, не постои. I have something important to tell you се вика.
 
The Black Pin (2016)
Igla ispod praga
1.jpg

Никола Ристановски во главната улога на поп кој подолго време работел во епархии надвор од неговото село, се враќа назад за да се грижи за својата дементна мајка и син му. Не е многу ценет и сакан од селаните а чашата на нетрпеливоста ја прелива еден спор околу парцели кои дел од селаните сакаат да ги продадат.

Као комедија е претставен ама воопшто не е смешен. Досаден и спор, онака ништо не се дешава. Сценариото и самото однесување на актерите е како во филмови снимени пред 50-60 години а имав впечаток ко ликовите да се во некое време од пред 100 години. А сепак живеат во модерно време.
Местово е едно село Мрковци што се наоѓа во Херцег Нови, не верувам дека се толку затуцани ко што се прикажани во филмов. Едниот продава џип, Ристановски вози пезетка. Немаат телевизор, а мајка му носи вештачки заби.

1916та во 2016та.
Според стилот и начинот на кој е напишан и сниман филмов, би одговарало дејствието да се одвива 1930та година. Сцените и разговорите многу официјални, баш како во нашиве балкански филмови пред 40-50 години, тие што ќе го гледаат ќе сфатат што зборам. После имаш изрази као јеботе, модерни пцовки, малиот му вика на татко му дај искулирај, па јеси на печуркама а претходно го прашуваше Богдан Диклиќ на кој јазик збори (англиски) и каква е Куба.

Едвај чекав да заврши.
Тапа. Не ми се дава кец од поштовање према темава, ќе бидам малце поблаг, ете нека е 4ка.
 
#4 Црна Гора

Golden Nunchakas (2007) /Zlatne čaklje/

1650029903537.png

Како што реков и на предходниот пост, сакам да гледам некоја балканска комедија. На филмот од Хрватска тоа не ми се исполни, ама затоа овде имаше баш квалитетна комедија.
Филм за човек кој што се занимава со боречки вештини и борец за правда. Додека спие на сон му се појавува визија во која што му се прикажани мачни слики од животот на луѓето во Забјело, град во ЦГ. Борецот, Боре Ли, решава да отиде во Забјело и да го ослободи напатениот народ. По патот среќава голем број на ликови кои што ке се обидат да му помогнат и дадат насоки како да стигне до градот. Ке сретне и голем број на вешти борци со кои што ке си ги одмерат силите. Во една акција ке ја спаси преубавата Јелена, сестра на владетелката на Забјело. Тој се заљубува во неа но нивната романса е прекината затоа што Боре треба да го продолжи својот зацртан пат. Нема повеќе спојлери да давам, мора да го изгледате ова ремек дело.
Морам да ги пофалам одличните сцени со дијалозите во кои се запознаваме со животот на Боре. Исто така имаше неколку добри визуелни ефекти. Единствена замерка ми е што беше во лоша слика, не можев да најдам подобра. Мора да го гледате, го има на јутуб. Не го гледајте трејлерот или да читате рецензии, многу спојлери има јас се заебав малку.

4,5/5
 
#4 Црна Гора

The Black Pin (2016) /Igla ispod praga /

1650054410206.png

Драма/Комедија која се одвива во едно црногорско село. Селскиот поп (Никола Ристановски) мака мачи да излезе со своите проблеми на крај коишто се трупаат еден по еден. Во домот ја има својата мајка, болна од Алцјахмер, и неговиот син. Оставен од неговата жена тој самиот, заедно со неговиот син, се грижи за мајка му. Во околината на селото фирма сака да гради некаков комплекс, комплекс кој што треба да биде расположен врз имотите на неколку селани, еден од нив и попот. Сите селани се едногласни во тоа да го продадат својот имот додека попот се противи. За да го предомислат селаните ке почнат со интриги и пакости да го истераат попот од селото. Во периодот кога се кројат плановите за продажба на имотот, умира жена којашто во селото е сметана за вештерка (не знам дали го разбрав ова точно).
Филмот ми беше интересен и гледлив. На моменти спор ама сепак за 100минути, океј. Глумата исто ми беше на ниво, посебно од нашиот Никола. Малку ми сметаше што сакаше на некој начин да наликува на Мето Јовановски во зборувањето :D. Природата и снимките одлични. Се разочарав кога го прочитав мислењето на Џонтра, мислев и овој филм ке биде утка (погодете кој друг беше хахаха). Досега еден од подобрите филмови за ова патување, заедно со Н-8.

3,5/5
 
Јас одам со најсигурната опција од Црна Гора и уште една Јутјуб проекција за мене

Ас пик, лоша судбина!

Живот во транзиција, пост-воена Југославија. Осуден злосторник Бели излегува од затвор и во меѓувреме се појавува снимка од негови злочини во Босна. Неговиот брат е зависник од коцка и измислува секаков начин да дојде до пари. Бели се враќа дома и наидува на неговиот брат во кревет со богат шведски пар кои му плаќаат пари за сексуални услуги. На крајот од цела случка, Бели ги убива швеѓаните и завршуваат во бегство со неговиот брат. Потоа дејството преминува во некое крајбрежна место каде живее цимер на Бели од затвор со својата нема ќерка. Тука чекаат да им се изработат фалсификувани италијански пасоши и се случува поголемиот дел од приказната пред да започне епилогот. Во меѓувреме, во акција стапува полицијата и бившата екипа на Бели од военото поле кои трагаат по него и неговиот брат.

Бели е психопат кој би убил се пред себе, а брат му е најсмешниот лик во целиот филм и се заљубува во немата ќерка на цимерот. На крај нормално, екипата го средува Бели, но не ги пронаоѓаат парите од снимката во Босна.

И сите живееја среќно и весело.

Клајте спојлери ако мислите, јас и така немам спојлер клаено уште од на времето ко беше на стариот начин поставување спојлер, сега не ни знам како.

6/10 поддршка за балканската мафи.. ова де, кинематографија.
 
19. Lepota poroka / The Beauty of Vice (1986)

1650133523480.png

Филмов ќе беше супер да знаеше кај тера. Вака е каша попара што не знае што сака да биде: дали комедија во стил на Жикина династија и Тесна кожа (зашто имаше и такви моменти и елементи), дали драма за суровите обичаи во црногорските планински села каде дефинитивно ко medjedji да живеат, а не луѓе (како побогу може поинаку да се објасни тоа да имаш некој ко Мира Фурлан (RIP) за жена, а да и ја покриваш фацата секоја вечер пред заспивање за да не те гледа додека и го пикуваш (буквално на тоа се сведува сексот), и да не смее да те допре или да ја допреш, а не па да помисли да те бакне или да ја бакнеш), дали некоја социјална пародија за општеството во кое обичаите се толку многу различни од место до место што изгледа ко два различни света, или еротика која нема друго за цел освен да ги разгори примордијалните страсти? Едино - секоја чест и капа долу и за режисер, и за цела екипа, и актери и секој кој имал до најмала улога во правењето на филмов што имале толкави мадиња да направат вакво нешто во 1986 (без разлика што реков - мене не ми се допадна). Ова и денес би било табу, а не тогаш. Јас се кладам дека 90% од актерките денес кај нас не би глумеле улога како таа на Мира Фурлан тогаш.

5/10

P.S. Израснат сум во мало место. Не затекнав ни близу слични обичаи како тука, ниту пак општеството беше до таа мера патријахално, но имав една баба (жена на брат на дедо ми, одамна почината), без влакна на јазикот, која тврдеше дека никогаш не го видела маж и гол. Кога ја видов сцената кога Жорж појде во Меѓеѓе и „имаа секс“ (aka „ја силуваше“) Ева Рас, конечно сфатив како било тоа можно. Секако, пак ќе повторам - моментите на удирање со огромен токмак по глава за „грешниците“ се потполно нови и за мене, и навистина се трудам да верувам дека се само елемент на фикција.
 
19. Lepota poroka / The Beauty of Vice (1986)

Прегледај го приврзокот 328970

Гледам иста оцена сме дале. И за мене кога го гледав филмов не знаеше кај тера. + за храброста што го снимиле, ама - за празната содржина. Не се поврзуваш со никој лик само драма, драма, цицки, цицки, драма, цицки, и за крај мислам беше драма со цицки. :LOL:

И еден коментар од Летер: :D
Screenshot_20220416-205517_Chrome.jpg
 
Гледам иста оцена сме дале. И за мене кога го гледав филмов не знаеше кај тера. + за храброста што го снимиле, ама - за празната содржина. Не се поврзуваш со никој лик само драма, драма, цицки, цицки, драма, цицки, и за крај мислам беше драма со цицки. :LOL:

И еден коментар од Летер: :D
Прегледај го приврзокот 328974
OK, јас ја сфаќам намерата, не беше воопшто вулгарно прикажан нудизмот. Не му била поентата на режисерот да се стави ни на една ни на друга страна. И за тоа има плус, исто така, остава гледачот да пресуди дали е за традицијата или модерните текови (нудизмот во тоа време навистина земал широк замав како појава на јадранското приморје). Мене замерката ми е зашто во одредени делови на филмов се чувствував ко да гледам еден жанр, во други друг, во трети - трет... Значи немаше некоја кохерентна структура која од точка А води до точка Ц, а притоа кулминира во некоја точка Б. Туку баш турли тава од се по малку.

драма, драма, цицки, цицки, драма, цицки, и за крај мислам беше драма со цицки.
Имаше и курови многу. :pos:
 
OK, јас ја сфаќам намерата, не беше воопшто вулгарно прикажан нудизмот. Не му била поентата на режисерот да се стави ни на една ни на друга страна. И за тоа има плус, исто така, остава гледачот да пресуди дали е за традицијата или модерните текови (нудизмот во тоа време навистина земал широк замав како појава на јадранското приморје). Мене замерката ми е зашто во одредени делови на филмов се чувствував ко да гледам еден жанр, во други друг, во трети - трет... Значи немаше некоја кохерентна структура која од точка А води до точка Ц, а притоа кулминира во некоја точка Б. Туку баш турли тава од се по малку.

Имаше и курови многу. :pos:
Не мораше да ме потсеќаш на фалусите. За другото се сложувам. :D
 
и да не смее да те допре или да ја допреш, а не па да помисли да те бакне или да ја бакнеш
Овој дел ме потсети на една книга што ја читав одамна (има и филм по книгата ама не е реално прикажан како во книгата што е раскажано) „Белата Масаи“: жена од Европа се заљубила во Масаи маж, и трчкала по него низ Кенија, и дете си родиле. Сексот така го опишува како твојата реченица, и тоа многу ѝ сметало, нормално.
Книгата е вредна заради сите обичаи на Масаи народот што се опишани од прва рака, и тоа од европска гледна точка на разлики во живеачката. И вистинска приказна е.
 
Iskra (2017)
1510822929871_0570x0400_0x0x0x0_1573354575150.jpg

Искра исчезнува, ја наоѓаат колата удрена во едно дрво, но нема никој, со што се отвара истрага и потрага по неа. Тука се вклучува и нејзиниот татко Петар кој е пензиониран детектив и си живее мирни пензионерски денови. Се додека колега на Искра не дојде кај него за да го извести дека нејзе ја нема на работа неколку денови.

Солидна трилер мистерија, приказната оди напред назад со дејствието. Паралелно се прикажуваат и последните неколку денови од животот на Искра, моменталната потрага и полициската истрага како и минатото на Петар и главниот детектив т.е негов бивш колега и кум.

Малце конфузно делува сето тоа, малце повеќе нафрлани ствари, неколку небитни ликови и моменти колку само да се добие на појак драма ефект. Саат и 20 минути трае и мислам дека тоа е премалце за ваква испреплеткана приказна. Сценариото и ликовите не доволно развиени, гледам сега дека ова е прв проект на режисерот како и на ко-сценаристот на филмов.
Јас тоа не го оправдувам дека им е деби и ајде со тоа ќе ги правдаме дупките. Коа може лаик како јас да го приметува ова и да наоѓа замерки, па дури и боље решенија од понуденово, така очекувам да не грешат ликови на кои ова им е работа, кои добиле пари за ова, и кои истотака заработиле пари од ова.

Некако ко да не се балканциве за вакви филмови, боље им е да се држат до трагикомедии и драми. Не им лежи трилерот како жанр пошто многу брзо забегуваат у апла клишеизирани мафијашки фори и прикаски.

Филмов е тоа ко што кажав у првите 2 пасуса, брзо се гледа и е океј за филм што доаѓа од Црна Гора пред се.

6ка ќе му дадам пошто не ме нервираше и покрај замерките.

p.s летербокс го преведува како Spark. Не се вика девојката Спарк, туку Искра јеботе, име е. Пишете им таму. :D
 
p.s летербокс го преведува како Spark. Не се вика девојката Спарк, туку Искра јеботе, име е. Пишете им таму. :D
TMDB тоа, не LB. Од таму им е базата. Ќе сменам јас. ;)
 
Zlatne Čaklje

Колку што е глуп филмов толку е и смешен. ВРХ ! Се искинавме од смеење дури го гледавме. Не знам која му била поентата на режисерот со филмов, ама браво. Глупав хумор скрос на место, Борат од Али Експрес.
10/10
Živelo nezavisno Zabjelo :pijani:
 
Инаку луѓе се заебавав јас за филмот, оценката од мене му е 1/5. Сакав само некој да се заебе да го гледа :pos::pos:
Смешен е од што е глуп :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom