Еве ме ве стигнав за еден ден.
Бугарија
Номер едно
Сум го гледал филмов порано, не памтев ништо што се дешава, пошо и ништо не се дешава. Очај од филм, очоболие. Глуми оној Мартин од "Под прикритие", се работи за проблем со малолетничка деликвенција во средни школи во Софија, професор што пробува да ги исправи работите и тврдоглави деликвенти средношколци. Прелоша глума, камера пепел. Очаен филтер кој пробува да направи некоја депре атмосфера во сиромашните квартови на Софија, на моменти мислиш гледаш црно-бел филм.
1,5/5
Естонија
I was here
Копи-пејст од овој горе, само подобро обработен, тро поинтересна приказна и подобра глума. Средношколец зема да дила дрога, се заплеткува со матни ликови, завршува во затвор. Не беше толку лош филмот колку што многу брзо се одви дејството и на крај заврши нејасно и нелогично.
2,5/5
Македонија
Големата вода
После 3 часа очоболие, пак очоболие но овој пат само ради лошата снимка, јбг морав да го гледам на Јутуб. За разлика од овие горе ова веќе може да се нарече филм и ми е криво што морав да го гледам со лоша снимка. Иако не сум го читал романот, знаев за него, но не знам зошто не сум слушна за филмов. После ова дефинитивно би го прочитал, бидејќи според тоа што ми го долови филмот приказната е добра. Класика во македонски филмови, смрт, меланхолија, тешки времиња. Иако во новите филмови што излегуваат тоа ми смета, тука прогледав низ прсти бидејќи се работи за постар филм, а и романот е прилично стар. Глумата од децата колку што може да се очекува од нив беше горе долу океј, овој што го глумеше Лем одличен. Исто отпосле дознав дека Исак го глуми девојче. Музика од Џајковски не може да разочара, па мислам дека и таа најмногу ми се свиѓаше.
3,5/5
Чешка
Е од Чешка не гледав филм, бидејќи стварно не можам веќе, морам да одморам. Го иам гледано "The Painted Bird", пишав рецензија за него во филм клубот, сум го оценал 3,5/5. Ако најдам време деновиве ќе изгледам уште еден, ако не за Чешка ќе го искористам овој.