FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Драги мои филмомани, филмоманки, филмаџии и филмаџики, по подолго време еве еден нов „проект“ во вашето омилено катче на форумов: Филм и ТВ. Имав неколку идеи како да организираме некаков предизвик или игра низ која би се забавувале гледајќи филмови, па по консултација со некои од поактивните членови на форумот, одлучив дека како помалку захтевна, а истовремено интересна „игра“, би започнале со ова.

EU.jpg

Filmovision Challenge го доби името благодарение на Eurovision иако е нешто сосема поразлично од Евровизија. Целта е да ги поминеме сите држави во Европа, една по една, да дискутираме за кинематографијата на тие држави, што сме гледале, што не сме, а сакаме, да се едуцираме, и најважно од се, да се забавуваме. Еве како ќе функционира:

1. Секој петок (намерно го избрав петок како почеток, за да може деновите од викендот да ги искористите за гледање), по случаен редослед (редоследот е избран преку random.org сајтот) ќе биде претставена една европска држава, од која во наредните 7 дена ќе имате задача, секој кој сака да учествува, да најде еден или повеќе филмови, да ги симне, гледа и да напише кратка рецензија тука;

2. Целта е да гледаме што е можно повеќе филмови од различни држави и култури, да откриеме некои скриени скапоцени камења кои инаку не би се нафатиле да ги гледаме;

3. Секој кој сака да учествува е добредојден. Слободно симнете си било кој филм од државата на тапет (секако, ќе ви дадеме и предлози, доколку има потреба), гледајте го и вратете се тука да ни кажете каков впечаток ви оставил филмот.

4. Секако, сите изгледани филмови и нивните оценки ќе бидат евидентирани, па на крај ќе бираме која држава има најдобро оценети филмови, од која држава најмногу филмови се изгледани, кој од нас изгледал најмногу филмови и посетил најмногу држави. За најуспешните членови, подготвувам специјални изненадувања. ;)

5. Внимавајте на спојлери, ве молам! Темава не е spoiler free, па ако сакате да пишете нешто за содржината на филмот, истото ставете го во
:D

6. Сите оние кои сакаат да рецензираат некој филм кој скоро или одамна го гледале, а е од државата на тапет, се исто така добредојдени! И тие филмови ќе се сметаат и бројат, само сепак, потрудете се да гледате и нешто ново.

7. Во Европа има 50 држави (минус Ватикан, нормално), ако отстапиме по една недела за секоја држава, ќе завршиме за нешто помалку од година. Па ако предизвикот ви се допадне и има интерес, ќе се префрлиме и на друга страна од светот.

8. За микро-државите кои немаат голема филмска индустрија ќе има и малку полиберални правила, па така за нив не мора филмот да е од државата, туку доволно е на било кој начин да е поврзан со државата: дејство сместено таму, името на државата да е во насловот, и сл. Кога ќе стигнеме до некоја таква држава, ќе објаснам дополнително.

Тоа е, прилично едноставно. Речиси и да нема правила. Патуваме низ филмска Европа. Возот тргнува за многу кратко, ве повикувам да си купите билет (кликни на копчето „надгледувај“ горе) и да очекувате за многу кратко името на државата во која ќе патуваме на почетокот од предизвикот. Јас се надевам дека ќе има интерес и дека ќе уживаме додека ја запознаваме филмска Европа.

@__Vita____ , @AceCaleb , @Anon , @Carax , @Chovek , @Corvus , @DaedaIus , @dejan_k , @devilko , @Dumbledore , @ElNinho , @Erich Zann , @faraon , @Filip Telford , @Gazpapir , @Goodfella , @grande-juve , @Hurin , @Iceboy , @Imperatorot , @K!KI , @Krk1 , @Leo Bonnie , @ManUtdChampions , @marinetti , @moongoses , @MyloXyloto , @ob1 , @RectumAnale , @reddevil4ever , @Saladin , @santelli , @Scirea , @Setsuko , @Shawn Spencer , @Shutmanga , @SK-92 , @Spiegel , @The Cooler King , @Tyler Durden , @Violetova , @Vlatko_Gjorce , @wicked_1 , @wot , @Zarniwoop , @zmija1 , @Васил МКД , @Донев , @Комита Ултрас , @Толстој , @Хефест , @Хоуп , @џимеј - и сите кои сум заборавил да ги спомнам, се надевам ќе ни се придружите?

Колку земји мислите дека ќе може да посетите во рок од една година?
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.815
Поени од реакции
11.870
Ќе се обидам да учествувам и јас на Еуротрипов, ама не ветувам дека докрај ќе го издржам патувањето :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.890
Поени од реакции
6.166
Леле колку challenges ќе ни престојат... Драгане, возбудена сум. :vozbud:

Воедно, од друга страна не знам колку ќе можам да следам. Ќе се обидам и овде да учествувам, бар периодично.

Инаку, убаво би било секој Петок бар по една листа на предлози од држава да се стават, како guide за што би било добро да се гледа. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Леле колку challenges ќе ни престојат... Драгане, возбудена сум. :vozbud:

Воедно, од друга страна не знам колку ќе можам да следам. Ќе се обидам и овде да учествувам, бар периодично.

Инаку, убаво би било секој Петок бар по една листа на предлози од држава да се стават, како guide за што би било добро да се гледа. :D
Многу лесно, пребаруваш по држава на Летербокс и после order by highest average rating/highest rating from people you follow.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
1648222991843.png
НОРВЕШКА - 25.03-31.03.2022

Сајтот random.org одреди патувањето да го започнеме од Скандинавија. Првата држава од Европа која ќе ја посетиме е Норвешка. Интересно е што на старт ни се падна држава која има навистина развиена филмска индустрија. Првиот норвешки филм, „Fiskerlivets farer“ („Опасности во животот на рибарот“) е краток филм снимен во 1907 година. Првиот долгометражен филм „Anny – en gatepiges roman“ („Ани - приказна за една проститутка“) е снимен во 1911 година, додека првиот звучен филм „Den store barnedåpen“ („Големото крштевање“) е снимен во 1931 од страна на Тансред Ибзен, внук на големиот драмски писател Хенрик Ибзен. Од тогаш, до 2011 година дури 900 филма биле продуцирани во Норвешка, од кои една третина во новиот милениум.

До денес, вкупно 6 филма биле номинирани за Оскар за најдобар интернационален филм:
1. Nine Lives (1957)
2. Pathfinder (1987)
3. The Other Side of Sunday (1996)
4. Elling (2001)
5. Kon-Tiki (2012)
6. The Worst Person in the World (2021) - т.е. на овогодинешното доделување на Оскарите

Додека 2 филма се нашле на кратките листи пред номинација за Оскар:
1. The King's Choice (2016)
2. Hope (2020)

Ниту еден филм од нив не се закитил со златната статуетка. Тоа во историјата му успеало само на документарецот „Kon-Tiki“ на Тор Хејердал кој освоил Оскар за најдобар документарен филм во 1951 година и на норвешко-канадскиот краток анимиран „The Danish Poet“ во 2006.

Норвешка има свој еквивалент на Оскарите, се вика Amanda Award, награда која секоја година, од 1985 година се доделува на најдобриот норвешки филм, режисер, актер, актерка, филм за деца, сценарио, краток филм, документарец, странски филм и една почесна Аманда.

Има многу познати актери и актерки од Норвешка, но веројатно никој не е толку познат колку Лив Улман. Од режисерите, тука се: Јоаким Триер, Арне Скуен, Нилс Гауп, Берит Нешеим, Петер Нес, Еспен Сандберг и Јоаким Ронинг.

Еве неколку листи кои ќе ви помогнат при изборот на филмови од Норвешка:
1. Films from “Norway”
2. Every Best Foreign Language Film Submission (NORWAY)
3. The Essence Of Cinema: Norway Top 10
4. norway (handpicked by a norwegian)
5. NORWAY

А од тоа што јас сум гледал, препорака за: „Pathfinder“, „The Worst Person in the World“, „Hope“ и „Oslo, August 31st“.

Kose seg med!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.746
Поени од реакции
43.918
И јас ќе пробам, аама не ветувам! :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Веројатно е копродукција со Норвешка, затоа се појавува.
Ако дала пари за филмот, ќе го има на листата. Исто ко што Македонија поддржува косовско, српски, хрватски филмови.
Да де да.
Само го искоментирав начинот на барање на филмови, може да се збуни некој и да има расправии овде.

Гугл најубаво :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
01. I onde dager / The Trip

1648247771048.png

Јас ќе го почнам патувањето низ Европа. Сакав да гледам еден од останатите 4 филмови кои биле номинирани за Оскар, а не ми се гледани, но додека се симнуваа, го најдов ова на Netflix, па ми фати око, пред се заради сосема пристојните оценки кои ги добива на Letterboxd. И испадна навистина забавно филмче - црна комедија за една двојка во дисфункционален брак кои одлучуваат да патуваат во викендичката во шума за наводно да се зближат, но вистинската намера им е: да се убијат еден со друг! Арно ама работите излегуваат од контрола тогаш кога во намерата да се убијат меѓу себе ги попречуваат тројца бегалци од затвор со намера - да ги убијат нив. И тука настанува тотален хаос, веќе не се знае ни кој кого сака да убие, ни кој кого убива. Ова е една бурлескна црна комедија која можеби е премногу хаотична за во неа да се најде било каква естетика, но е забавна до бесвест! Филмот е максимално предвидлив, ништо од него не е ново и невидено, но се потпира на одличната глума и режија и навистина забавното сценарио полно со (предвидливи но забавни) твистови. И со мнооогу, мнооогу крв. 6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom