- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.910
- Поени од реакции
- 37.039
Драги мои филмомани, филмоманки, филмаџии и филмаџики, по подолго време еве еден нов „проект“ во вашето омилено катче на форумов: Филм и ТВ. Имав неколку идеи како да организираме некаков предизвик или игра низ која би се забавувале гледајќи филмови, па по консултација со некои од поактивните членови на форумот, одлучив дека како помалку захтевна, а истовремено интересна „игра“, би започнале со ова.
Filmovision Challenge го доби името благодарение на Eurovision иако е нешто сосема поразлично од Евровизија. Целта е да ги поминеме сите држави во Европа, една по една, да дискутираме за кинематографијата на тие држави, што сме гледале, што не сме, а сакаме, да се едуцираме, и најважно од се, да се забавуваме. Еве како ќе функционира:
1. Секој петок (намерно го избрав петок како почеток, за да може деновите од викендот да ги искористите за гледање), по случаен редослед (редоследот е избран преку random.org сајтот) ќе биде претставена една европска држава, од која во наредните 7 дена ќе имате задача, секој кој сака да учествува, да најде еден или повеќе филмови, да ги симне, гледа и да напише кратка рецензија тука;
2. Целта е да гледаме што е можно повеќе филмови од различни држави и култури, да откриеме некои скриени скапоцени камења кои инаку не би се нафатиле да ги гледаме;
3. Секој кој сака да учествува е добредојден. Слободно симнете си било кој филм од државата на тапет (секако, ќе ви дадеме и предлози, доколку има потреба), гледајте го и вратете се тука да ни кажете каков впечаток ви оставил филмот.
4. Секако, сите изгледани филмови и нивните оценки ќе бидат евидентирани, па на крај ќе бираме која држава има најдобро оценети филмови, од која држава најмногу филмови се изгледани, кој од нас изгледал најмногу филмови и посетил најмногу држави. За најуспешните членови, подготвувам специјални изненадувања.
5. Внимавајте на спојлери, ве молам! Темава не е spoiler free, па ако сакате да пишете нешто за содржината на филмот, истото ставете го во
6. Сите оние кои сакаат да рецензираат некој филм кој скоро или одамна го гледале, а е од државата на тапет, се исто така добредојдени! И тие филмови ќе се сметаат и бројат, само сепак, потрудете се да гледате и нешто ново.
7. Во Европа има 50 држави (минус Ватикан, нормално), ако отстапиме по една недела за секоја држава, ќе завршиме за нешто помалку од година. Па ако предизвикот ви се допадне и има интерес, ќе се префрлиме и на друга страна од светот.
8. За микро-државите кои немаат голема филмска индустрија ќе има и малку полиберални правила, па така за нив не мора филмот да е од државата, туку доволно е на било кој начин да е поврзан со државата: дејство сместено таму, името на државата да е во насловот, и сл. Кога ќе стигнеме до некоја таква држава, ќе објаснам дополнително.
Тоа е, прилично едноставно. Речиси и да нема правила. Патуваме низ филмска Европа. Возот тргнува за многу кратко, ве повикувам да си купите билет (кликни на копчето „надгледувај“ горе) и да очекувате за многу кратко името на државата во која ќе патуваме на почетокот од предизвикот. Јас се надевам дека ќе има интерес и дека ќе уживаме додека ја запознаваме филмска Европа.
@__Vita____ , @AceCaleb , @Anon , @Carax , @Chovek , @Corvus , @DaedaIus , @dejan_k , @devilko , @Dumbledore , @ElNinho , @Erich Zann , @faraon , @Filip Telford , @Gazpapir , @Goodfella , @grande-juve , @Hurin , @Iceboy , @Imperatorot , @K!KI , @Krk1 , @Leo Bonnie , @ManUtdChampions , @marinetti , @moongoses , @MyloXyloto , @ob1 , @RectumAnale , @reddevil4ever , @Saladin , @santelli , @Scirea , @Setsuko , @Shawn Spencer , @Shutmanga , @SK-92 , @Spiegel , @The Cooler King , @Tyler Durden , @Violetova , @Vlatko_Gjorce , @wicked_1 , @wot , @Zarniwoop , @zmija1 , @Васил МКД , @Донев , @Комита Ултрас , @Толстој , @Хефест , @Хоуп , @џимеј - и сите кои сум заборавил да ги спомнам, се надевам ќе ни се придружите?
Колку земји мислите дека ќе може да посетите во рок од една година?