Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе проверував сеа, да им ебам матер на овие од имбд што кур не пишале biography. Со други очи глеам на таквите филмови.

badass-hughglass.jpg
 
Ми се сере од новиве деца што проклака со филмска стручност за 15минути јбг мора да си кажам што си мислам макар звучело и избришливо.

Едно е да поседувате мислење, а тек друго е коа
ќе влезе у конфликт со 20 члена и запомнете не се раѓате за 9 дена седнете набите филмско око направете широк спектар тек ондак доаѓате овде и МОЖЕБИ да влезете у некој разговор a шо е ова сеа ''Испрати мислење'' и ајде ќе го силуваме копчето не е така :/


''Секој втор глумец ќе го одглуми истото''- и Као да реагира чоек сеа на ова ?

И да убаво е што има нови филмски деца ама лошо е што стекнуват експертиза многу брзо забрзан раст и развој као нашава економија ...
 
Луди Макс>Hateful Eight>Martian

Тоа се трите најбољи филмови, али Маршн е политички исправен во контекст на новата студена војна, па ќе ги победи другиве.
 
Не се напнувајте де , секој си има различни критериуми во кои ужива. :) Можда грешка се изразив за Ди Каприо , се слагам дека го извади максимумот за лично неговата глума , али зборот ми беше било кој друг глумец да беше немаше толкава оценка да има филмот , ниту пак ќе се дигаше толкава прашина за него. Моменталната 8.6 е лудост по сите мерки. Максимум 6 , ништо повеќе.
 
21 Grams гледај го, многу добар филм е.
21 Grams одамна ми е на тапет, не знам зашто сум го испуштил а заредив едно време филмови со Шон Пен.
@Erich Zann , ќе ги глеам немај гајле, само да дојдат на ред, ќе ме копка иначе. Мора да видам за што режисер станува збор, овдека изгледа бајаги го поштувате.


Иначе што се однесува на членот од погоре кој сака да си наметне статус на `џек` на форумов, значи само одбрана фела смее да пишува на темава, сите со исто мислење и ќе си цутите, еве мене не ми се свиѓа Ревенант и што сеа, не смеам да си кажам мислење зашто не ми се свиѓа? Божем сите овдека имате завршено факултет за драмски уметности, Тарантино у мало сте па не смее човек контра да ви отиде.
Бог да чува.
 
Го изгледав денес Revenant и мене не ми се допадна. Далеку е од лош филм, но не би му дал ништо повеќе од 7.
Покрај тоа што филмот на начинот на кој е сниман е на највисоко можно ниво и движењето на камерата која е некако малку во стилот на Birdman ми се допаѓаше.. И визуелно беше прекрасен, иако снимката не беше HD, јас го гледав на 32" ТВ и беше поприлично задоволителна. Глумата исто така феноменална.. Но тоа за мене како обичен гледач кој нема никаква поврзаност со филмски уметности, иако ми значи, сепак не е пресудно.
Она со што не успеа да ме освои во филмов беше приказната. Мноогу лошо истата беше претставена и не вроди никаква емоција кај мене, ни среќа, тага, воодушевување, омраза, адреналин, мачнина.. НИШТО.. Гледав 2 и кусур саати филм со тап поглед на кој му го предвидив крајот уште пред да почне. Не се поврзав со ниеден лик(главниот де) во филмот, па така бев и тотално рамнодушен.
Поради сето тоа, е само еден надпросечен филм, но ништо повеќе од тоа. Иако не ми се другите оскаровци(освен Мартиан) изгледани за годинава, верувам дека има далеку подобри.
 
Јас ги чекам на Bluray овие подобрите филмови ама многу доцна искачаат. Не ми се гледаат на срање слика само за да можам да дискутирам и да бидам во тек за оскарите.
 
Ќе чекам од трет да ја реши :D
Пробај де и види дали ти е ОК квалитетот на сликата и звукот.

За драма ај некако може да се проголта од оние Web-DL ама блокбастер или некој филм каде акцентот е ставен на кинематографијата (кадри, бои, пејсажи, атмосфера) јас не би ги гледал на BRrip, DVDSCR, Web-DL и слични формати. Не е само сликата туку и аудиото е битно. Филмовите сакам да ми бидат со DTS звук и стакло слика, затоа што ако не го гледам во кино барем да го доловам колку е можно повеќе тоа искуство (иако е неспоредливо).

Затоа симни скринер и ако тебе ти го прави меракот, не е битно што јас мислам. Субјективно е.
 
Речиси сите филмови во кои има геј врска мислам дека стартна оцена на имдб им е 8, живи глупости
 
Речиси сите филмови во кои има геј врска мислам дека стартна оцена на имдб им е 8, живи глупости
Во спротивно, сите сме хомофоби!
Те молам немој да ги угнетуваш LGBT. Тоа си се реални оценки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom