Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде, ти веруем! Пуштам торент....


За твое добро, се надевам си пуштил торент, и си пуштил некој стопиран кој одамна сакаш да го симнеш.
Има премногу добри инди филмчиња кои вредат за трошење време, Аnother Earth за жал не е еден од нив.
Eве доказ, I give credit where it's due, ме послушаа за The East, ама никако да им влезе у глава што им зборам за Another Earth..

Имено, немаат поврзаност освен екипата позади нив, која нашла слаба точка и ја искористува по инди фестивалите.
Ги имам рецензирано и двата, за твое добро, пушти си некој подобар.
Another Shit и The East. Читни ме кога ќе присобереш импресии. Да добиеш насока одпосле. :)))

И колку да види Ио дека и касам, ако го гледаш Another Earth, ќе ти најдам офтопик мислење во цела филм и тв секција и имаш 5 казнени. Да знаеш за шо ќе ти се. :rolleyes: :vozbud:

Ме исхејтавте за Форест, а еве и самиот Том Хенкс вели дека приказните засновани на вистиски настани се поинтересни од измислените.

п.с очекувам Капетан Филипс да биде добар филм
Ја како хипстер, те сфаќам за Форест Гамп. Ама стварно, стварно.
А Филипс од сега си го сметам топ 3 годинава. :)
 
^^Ав, Ав... не му го расипувај филмот со твоите чкртаници. Остај го нека изгледа па ќе ја оправаме.
 
За твое добро, се надевам си пуштил торент, и си пуштил некој стопиран кој одамна сакаш да го симнеш.
Има премногу добри инди филмчиња кои вредат за трошење време, Аnother Earth за жал не е еден од нив.
Eве доказ, I give credit where it's due, ме послушаа за The East, ама никако да им влезе у глава што им зборам за Another Earth..

Имено, немаат поврзаност освен екипата позади нив, која нашла слаба точка и ја искористува по инди фестивалите.
Ги имам рецензирано и двата, за твое добро, пушти си некој подобар.
Another Shit и The East. Читни ме кога ќе присобереш импресии. Да добиеш насока одпосле. :)))

И колку да види Ио дека и касам, ако го гледаш Another Earth, ќе ти најдам офтопик мислење во цела филм и тв секција и имаш 5 казнени. Да знаеш за шо ќе ти се. :rolleyes: :vozbud:


Ја како хипстер, те сфаќам за Форест Гамп. Ама стварно, стварно.
А Филипс од сега си го сметам топ 3 годинава. :)

Ај да го гледам, вака на невидено не ми иде да филозофирам....

За казнениве......баш сакав на Io да му пуштам мислење на Degrasse Tyson за Gravity, ама ете не стаам во подфорумов :D
 
Eyes Wide Shut...
цицки, чудни секс сцени, оргии и хаце крај
не ми се гледа такво порно, сакам amateur

слабо...или има метафори у оргиите? добро е осветлувањето, музиката, глумата? :D


ајт
Princess Protection Program 2009 720p
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 17:37 ---
Одличен филм на Toмас Безуча. Познат по неговото уникатно режирање и пишување, овој филм ќе ви остане во глава доживотно. Ќе ве изненади, ќе ве воодушеви, ќе ви предизвика разни емоции што ретко кој нов филм денес го може тоа. Од каде да почнам? Актерската екипа ја сочинуваат добро познатите и талентираните Селена Гомез, Кејти Касиди, Лејтон Мистер, Кори Монтеит... Селена Гомез навистина се докажа во оваа улога. Улоги, might I say. Во својата кариера има глумено во повеќе сериозни филмови, но овој заслужено и е, и ќе и биде на врвот. Својата професионалност ја докажа и со глумењето два лика во еден филм, нешто што сите актери не го можат вешто да го направат. Својата хармизма ја проектира низ целиот филм, Селена ќе си поигрува со вашите чувства. Самата актерска екипа ја дига оценката на 7/10. За другите актери не е потребно да коментирам, како и Селена, тие се на врвот во својата кариера и жалам што се толку потценети. Сценариото од Томас, Ејприл и Марија е на ниво. Перфектни дијалози меѓу ликовите, длабоко навлегување во секој аспект од емоциите и чувствата на ликовите. Саундракот се состои и од многу добри нови ремек дела од познати артисти како Cee Lo Green. Мајкл Гиачино навистина се докажа со овој избор на песни. Пофалби. Кореографијата, изборор на сцени се исто така добар аспект од филмов, перфектно одбрани локации за снимање во Париз, камерата и осветлувањето си „поиграа“ со филмот и направија вистинско ремек дело од филм. Екстремно реален филм, опфаќа разни теми од завист од коцкање до љубов, изневерување и измамување. Гледачот може да се поврзе со многу од ликовите и настаните. Ликовите се пресликани од разни луѓе од општеството, сите карактеристики вешто одбрани и одиграни. Филмов ја дава перфектната слика на Монте Карло, луѓето кои живеат таму и сите негативности на општеството денес.

Овој филм не е за сите. Интелигентниот хумор е на високо ниво и во својата топ-форма. Ако сакате романтични холивуд комедии, детски веќе-видени срања - филмов не е за вас. Мене многу ми се допадна и ја добива мојата 10/10 оценка - тотално заслужена.

На IMDB ќе најдете најдобар опис на филмот, но јас на кратко би напишал - 3 млади дами се соочуваат со одмор во Париз. Што ги очекува и што ќе се случи? Дознајте сами - гледајте го филмот.
 
Е па wot од сега ако ништо друго ти е олеснета работата за тоа кој филм да го гледаш.
Ако видиш review:

"Фантастичен филм со фантастична приказна, супер карактери и напнатост до самиот крај.
Од мене има голема оценка"

Бегај подалеку.

Ако некој пише
"Тапа филм не знам зошто трошев време", тогаш одма симнувај тоа е прав филм за тебе :icon_mrgr:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Eyes Wide Shut...
цицки, чудни секс сцени, оргии и хаце крај
не ми се гледа такво порно, сакам amateur
слабо...или има метафори у оргиите? добро е осветлувањето, музиката, глумата? :D


Брат земи и Facebook, или телефон, не кружи :icon_lol:
 
За казнениве......баш сакав на Io да му пуштам мислење на Degrasse Tyson за Gravity, ама ете не стаам во подфорумов :D
Пушти по ПП или по спојлер, баш ме интересира.
 
Кјубрик е човекот на кого треба да бидеме благодарни што направил такви филмови кои се меѓу најдобрите нешта што човекот ги создал низ историјата на уметноста, ама ние седиме на форум и се прашуваме што е добро во нив... (се осврнувам на постот на Плух, освен ако беше ироничен што не заприметив баш, и дискусијата претходно меѓу псајсајд и хоуп). Во ред е некој негов филм да не ви се свиѓа толку, секако, ама неговиот квалитет е неоспорлив. Eyes Wide Shut е филм кој ако го гледаш кога си 100 посто сконцентриран и немаш предрасуди околу тематиката, том круз, притисокот што го врши еден филм кој "мора" да го сакаш затоа што така ти е наложено, ќе го доживееш баш онака природно... Том Круз се надмина себеси и додека во другите филмови има бркотници со коли, бркотници со луѓе, овде има бркотница со стравот и паранојата, па ако Eyes Wide Shut не го постигнал тој ефект кај гледачот, значи не се постапува според упатството од погоре.
Јас не го сакам Триер ама ич, но човек кој го направил Dogville мора да се почитува.

п.с. Го гледав Body Double на Брајан Де Палма. Добар филм со одличен саундтрак, препорачливо е да немате ништо прочитано за филмов затоа што има неколку изненадувања, пријатни или не, ваше е... Од мене бел бумбар, или ако го оценувам 7/10.
 
Пушти по ПП или по спојлер, баш ме интересира.

Па сакав на ѕид прееска да ти го пуштам, ама private ти е wall-от изгледа :D...а и ја го неам гледано филмон, а сакам (сакав т.е - Тајсон ја ј**а.....:D)
 
Се прашував за филмов што е поентата со оргиите, секс сцените...се прашував у смисла која е метафората и што сака да каже режисеров со тоа

И воопшто не го сметам за позитивна работа ова во филм. Сметам за позитивна кога ме тера да размислувам некој филм, но размислување ко склопување измешани сцени и настани, поврзување 1000 изнабутани информации, размислување поттикнато од хејтањата во Фајкла...а не да мислам што сакал да каже режисерот, знаејќи дека никогаш нема да знам точно. Не го сакам ни „отворено за интерпретација“ срањето. I need closure. Сакам точно да знам што кажал


некоја рецензија на имдб од хипстер напиша:
It's hard to pick my favorite scene in the movie. I couldn't pretend if I tried. I particularly love the opening party scene. That leads to a "Baby did a bad bad thing". Cruise being assaulted on the street being so eloquently called a fag. The prostitute. From the piano bar to the costume shop. And finally, the unionized orgy party, that I find hard to believe doesn't really exist. Maybe only guys like Kubrick or Cruise will ever really know if they do or not.

Како може да ја коментира сценава кога Томче го нарекле педер. Ау, голема работа направиле во сценава бе, педер го нарекле. Дури и нашите катастрофа македонски филмови имаат вакви сцени со тепање и нарекување педер.
Сите овие сцени ми се најобични, не знам што (освен нели, чудната содржина) ги одвојува од другите сцени од рандом добри филмови
 
Па сакав на ѕид прееска да ти го пуштам, ама private ти е wall-от изгледа :D...а и ја го неам гледано филмон, а сакам (сакав т.е - Тајсон ја ј**а.....:D)
Сега можеш.
 
Зар треба да бараш поента во оргиите во филмот?:D
Као и секоја теорија на заговор за тајни братства,секти итн.Оргијата ти е постулат на една од работите шо ги прават.Општо објаснување е дека "грев со грев" истеруваат.:unsure:
Урбана легенда или вистина во некои случаеви.
Метафора може да има во некои секс пози и оралниот секс преку маски.
 
Се прашував за филмов што е поентата со оргиите, секс сцените...се прашував у смисла која е метафора и што сака да каже режисеров со тоа


Поентата е тоа дека дури и луѓето кои живеаат живот во висок стил, богати, во елитата и слично, каде што све изгледа совршено, уствари не е, далеку од тоа. Сет таа буржоазија и високите позиции во општествата доаѓаат со своја цена, сакаш да видиш нешто несекојдневно и контроверзно? спреми се да се соочиш со последиците. Привилегијата да се биди во тие кругови, доаѓа со цена.

Нека не ве лажат првите впечатоци, виножитата, приказните за прекрасните животи на другите луѓе, да не бидете импресионирани затоа што совршено не постои. Том/Бил и Кидман/Алис сакаа да видат нешто поинакво, и за малце ќе завршеа трагично, забавата на која беа не беше воопшто тоа што они го мислеа. Они на таа забава беа привилечни токму од таа мрачна мистериозност, нивната желба да се биде дел од тој круг, која подоцна дојде со цена, класична радозналост, која многу често е посилна од нас.

Потоа, делот со Илуминатите, е класичен обид на Кјубрик, да ни ги прикаже екстремните кругови од тие елитни забави - тајни општествени организации, кои се водат во тајниот и мрачен свет на буржоазијата, ако претходната забава беше чудна и несекојдневна, ритуалот - оргиите беа врвот на цела таа морбидност - па дури и окултност, одавање жртви, и екстремна експлоатација на човекот кој е само обичен предмет во овие друштва. Исто така Кјубрик се осврнува на тоа, дека што и да направиш, неможеш да бидеш дел од овие кругови, нити да останеш незабележан....доколку не си од соодветно семејство од високата класа, и тоа со генерации - долго време дел од нивните организации.

Кјубрик сака да ни покаже дека тие се всушност недопирливи без разлика на нивните морбидно - експлоатирачки и екстремни начини на живот - навики. Они се над све, не е битно дали се работи за оваа или друга тајна општествена организација од највисок ранг, за сите важи генерално истото, сите овие организации се подржани од највисокиот круг на политичките организации/партии низ земјите во кои опстојуваат, како и во светот - глобалното дејствување, кое секако е исто така евидентно. Обичниот човек, нема што да бара таму, освем да робува, дали буквално или не, не е битно, битно е дека за нив е само предмет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom