Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Случајно наидов на овој трејлер, не знам зошто ама ми изгледа како убав краток филм.

Треба ли да се чека да се појави на Блу Реј ? Знае некој како излегуваат овие по торенти ?

п.с побрзо Гејл ќе се врати од мртвите одколку @dragonsky да напише ревју :)
 
Случајно наидов на овој трејлер, не знам зошто ама ми изгледа како убав краток филм.

Треба ли да се чека да се појави на Блу Реј ? Знае некој како излегуваат овие по торенти ?

(спојлери ) одколку @dragonsky да напише ревју :)

Тотално заборавив да напишам ривју за филмот :D

Добар е филмот ама не е феноменален. Дефинитивно меѓу подобрите филмови па можеби и најдобар што сум го погледнал од филмовите излезени во 2013.
Подобар од голем дел од номинираните за најдобар филм од лани. Повеќе е драма од колку трилер, така да ако очекуваш трилер можеби малку ќе се разочараш бидејќи не е ептен добар трилер ама е поприлично добра драма за реална ситуација што е дел од секојдневието. Глумата е супер како и што би можела да се очекува. Филмот би го опишал како микс на Jagten и Se7en бидејќи цело време такви вибрации ми праќаше некако филмот.
Мала мана му е што филмов трае 2 ипол часа па има премногу "спори" моменти ама сепак ако се внесеш во филмот последниот половина час нема ни да го приметиш :D
Од мене има 8/10. Добар филм но далеку од перфектен и се надевам дека до крајов на годинава ќе видиме многу подобри филмови (Gravity, Rush, Counselour, Out of furnace, Wolf of wall street и уште пар филмови што во моментов не ми текнуваат).
Како за почеток на сезоната на прикажување на Оскар филмови е добар, ама како што реков ќе се разочарам ако не излезат неколку подобри филмови од овој :)

П.С. За Prisoners правам муабет :D
 
Јас вчера го гледав и истото го помислив. Цело време ми се вртеше во глава улогата на Медс во Jagten. На неколку места ја зезнале во дејството, ама се на се, ме бендиса филмот. Хју Џекман беше феноменоменален.
 
Ауу колку добар филм е Incendies, феноменална драма. Малку сум збунет бидејќи се спомнува дека се работи за Либан, а во филмот на едно место убаво се виде на еден знак дека пишуваше Палестина.

Дали еден плус еден прават два, или еден ! Фантастично 9/10.
 
The East [2013]

MV5BMjEyNjQzMzg5Nl5BMl5BanBnXkFtZTcwMjExNzU1OQ@@._V1_SX214_.jpg

http://www.imdb.com/title/tt1869716/

Невообичаен филм за американски стандарди. Мене ми беше интересен, па затоа го ставам овде.
Приказната е околу таен агент, жена, која добива задача да се вклучи во анархистичка група во некое американско гратче. Групата живее изолирано и организира специфични диверзии. Нема класичен „бам-бум“ или „амерички“ фазон, ама па и не е класична драма, туку има и некои напнати ситуации, шпионски....и малку се бави со моралот - не знам колку успешно, обично американците тоа во втор план го ставаат, ама се работи за режисер со иранско потекло. Да не откривам многу - само препорака дека не е за луѓе што гледаат боза-филмови...

Гледај го Another Earth (2011) без да читаш ништо за филмот, линкот ти го праќам само да го видиш постерот.

Тоа што е во спојлер не е за филмот, прочитај го многу е важно:

Ќе се јави од некаде wot да те предомисли. Ќе ти каже дека Another Earth е срање. Не слушај го. Кажи му: „кој те ебе wot, го ставам на даунлоад“. Не плаши му се дека е модератор, добар е во душа. Лае, не каса.
 
Ретко кога wot греши за некој филм, Another Earth ти е една таква реткост.
 
Гледај го Another Earth (2011) без да читаш ништо за филмот, линкот ти го праќам само да го видиш постерот.

Тоа што е во спојлер не е за филмот, прочитај го многу е важно:

Ќе се јави од некаде wot да те предомисли. Ќе ти каже дека Another Earth е срање. Не слушај го. Кажи му: „кој те ебе wot, го ставам на даунлоад“. Не плаши му се дека е модератор, добар е во душа. Лае, не каса.
Ајде, ти веруем! Пуштам торент....
 
Ме исхејтавте за Форест, а еве и самиот Том Хенкс вели дека приказните засновани на вистиски настани се поинтересни од измислените.

п.с очекувам Капетан Филипс да биде добар филм
 
Ајде, ти веруем! Пуштам торент....

За твое добро, се надевам си пуштил торент, и си пуштил некој стопиран кој одамна сакаш да го симнеш.
Има премногу добри инди филмчиња кои вредат за трошење време, Аnother Earth за жал не е еден од нив.
Eве доказ, I give credit where it's due, ме послушаа за The East, ама никако да им влезе у глава што им зборам за Another Earth..

Имено, немаат поврзаност освен екипата позади нив, која нашла слаба точка и ја искористува по инди фестивалите.
Ги имам рецензирано и двата, за твое добро, пушти си некој подобар.
Another Shit и The East. Читни ме кога ќе присобереш импресии. Да добиеш насока одпосле. :)))

И колку да види Ио дека и касам, ако го гледаш Another Earth, ќе ти најдам офтопик мислење во цела филм и тв секција и имаш 5 казнени. Да знаеш за шо ќе ти се. :rolleyes: :vozbud:

Ме исхејтавте за Форест, а еве и самиот Том Хенкс вели дека приказните засновани на вистиски настани се поинтересни од измислените.

п.с очекувам Капетан Филипс да биде добар филм
Ја како хипстер, те сфаќам за Форест Гамп. Ама стварно, стварно.
А Филипс од сега си го сметам топ 3 годинава. :)
 
^^Ав, Ав... не му го расипувај филмот со твоите чкртаници. Остај го нека изгледа па ќе ја оправаме.
 
За твое добро, се надевам си пуштил торент, и си пуштил некој стопиран кој одамна сакаш да го симнеш.
Има премногу добри инди филмчиња кои вредат за трошење време, Аnother Earth за жал не е еден од нив.
Eве доказ, I give credit where it's due, ме послушаа за The East, ама никако да им влезе у глава што им зборам за Another Earth..

Имено, немаат поврзаност освен екипата позади нив, која нашла слаба точка и ја искористува по инди фестивалите.
Ги имам рецензирано и двата, за твое добро, пушти си некој подобар.
Another Shit и The East. Читни ме кога ќе присобереш импресии. Да добиеш насока одпосле. :)))

И колку да види Ио дека и касам, ако го гледаш Another Earth, ќе ти најдам офтопик мислење во цела филм и тв секција и имаш 5 казнени. Да знаеш за шо ќе ти се. :rolleyes: :vozbud:

Ја како хипстер, те сфаќам за Форест Гамп. Ама стварно, стварно.
А Филипс од сега си го сметам топ 3 годинава. :)

Ај да го гледам, вака на невидено не ми иде да филозофирам....

За казнениве......баш сакав на Io да му пуштам мислење на Degrasse Tyson за Gravity, ама ете не стаам во подфорумов :D
 
Eyes Wide Shut...
цицки, чудни секс сцени, оргии и хаце крај
не ми се гледа такво порно, сакам amateur

слабо...или има метафори у оргиите? добро е осветлувањето, музиката, глумата? :D

ајт
Princess Protection Program 2009 720p
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 17:37 ---
Одличен филм на Toмас Безуча. Познат по неговото уникатно режирање и пишување, овој филм ќе ви остане во глава доживотно. Ќе ве изненади, ќе ве воодушеви, ќе ви предизвика разни емоции што ретко кој нов филм денес го може тоа. Од каде да почнам? Актерската екипа ја сочинуваат добро познатите и талентираните Селена Гомез, Кејти Касиди, Лејтон Мистер, Кори Монтеит... Селена Гомез навистина се докажа во оваа улога. Улоги, might I say. Во својата кариера има глумено во повеќе сериозни филмови, но овој заслужено и е, и ќе и биде на врвот. Својата професионалност ја докажа и со глумењето два лика во еден филм, нешто што сите актери не го можат вешто да го направат. Својата хармизма ја проектира низ целиот филм, Селена ќе си поигрува со вашите чувства. Самата актерска екипа ја дига оценката на 7/10. За другите актери не е потребно да коментирам, како и Селена, тие се на врвот во својата кариера и жалам што се толку потценети. Сценариото од Томас, Ејприл и Марија е на ниво. Перфектни дијалози меѓу ликовите, длабоко навлегување во секој аспект од емоциите и чувствата на ликовите. Саундракот се состои и од многу добри нови ремек дела од познати артисти како Cee Lo Green. Мајкл Гиачино навистина се докажа со овој избор на песни. Пофалби. Кореографијата, изборор на сцени се исто така добар аспект од филмов, перфектно одбрани локации за снимање во Париз, камерата и осветлувањето си „поиграа“ со филмот и направија вистинско ремек дело од филм. Екстремно реален филм, опфаќа разни теми од завист од коцкање до љубов, изневерување и измамување. Гледачот може да се поврзе со многу од ликовите и настаните. Ликовите се пресликани од разни луѓе од општеството, сите карактеристики вешто одбрани и одиграни. Филмов ја дава перфектната слика на Монте Карло, луѓето кои живеат таму и сите негативности на општеството денес.

Овој филм не е за сите. Интелигентниот хумор е на високо ниво и во својата топ-форма. Ако сакате романтични холивуд комедии, детски веќе-видени срања - филмов не е за вас. Мене многу ми се допадна и ја добива мојата 10/10 оценка - тотално заслужена.

На IMDB ќе најдете најдобар опис на филмот, но јас на кратко би напишал - 3 млади дами се соочуваат со одмор во Париз. Што ги очекува и што ќе се случи? Дознајте сами - гледајте го филмот.
 
Е па wot од сега ако ништо друго ти е олеснета работата за тоа кој филм да го гледаш.
Ако видиш review:

"Фантастичен филм со фантастична приказна, супер карактери и напнатост до самиот крај.
Од мене има голема оценка"

Бегај подалеку.

Ако некој пише
"Тапа филм не знам зошто трошев време", тогаш одма симнувај тоа е прав филм за тебе :icon_mrgr:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom