RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.741
Тотално заборавив да напишам ривју за филмот
Добар е филмот ама не е феноменален. Дефинитивно меѓу подобрите филмови па можеби и најдобар што сум го погледнал од филмовите излезени во 2013.
Подобар од голем дел од номинираните за најдобар филм од лани. Повеќе е драма од колку трилер, така да ако очекуваш трилер можеби малку ќе се разочараш бидејќи не е ептен добар трилер ама е поприлично добра драма за реална ситуација што е дел од секојдневието. Глумата е супер како и што би можела да се очекува. Филмот би го опишал како микс на Jagten и Se7en бидејќи цело време такви вибрации ми праќаше некако филмот.
Мала мана му е што филмов трае 2 ипол часа па има премногу "спори" моменти ама сепак ако се внесеш во филмот последниот половина час нема ни да го приметиш
Од мене има 8/10. Добар филм но далеку од перфектен и се надевам дека до крајов на годинава ќе видиме многу подобри филмови (Gravity, Rush, Counselour, Out of furnace, Wolf of wall street и уште пар филмови што во моментов не ми текнуваат).
Како за почеток на сезоната на прикажување на Оскар филмови е добар, ама како што реков ќе се разочарам ако не излезат неколку подобри филмови од овој
П.С. За Prisoners правам муабет![]()
Јас вчера го гледав и истото го помислив. Цело време ми се вртеше во глава улогата на Медс во Jagten. На неколку места ја зезнале во дејството, ама се на се, ме бендиса филмот. Хју Џекман беше феноменоменален.



