Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.576
Поени од реакции
59.276
Rampart (2011)


Ви е филм со Woody Harelson кој ќе остане запаметен по одличната глума на Woody Harelson и отприлика ништо друго. Приказната додуша не е лоша, сосема реална, сместена во филм кој се обидува да долови реалистична атмосфера. Темата е полициска бруталност а наш Вуди, полицаец кој е комбинирано расист, шовинист и општо земено човекомрзец, е обвинет за бруталност, по што се обидува да се снајдено во политичкиот систем кој сака од него да направи пример.

Се ова можеше да биде претставено многу поубаво да не беше човекот со име Oren Moverman, режисер на филмот кој очигледно имал претензии да направи нешто уникатно. Така, наш Орен ги фати сите погрешни агли со камерата, снимаше од најчудни перспективи и што е најинтересно: го комбинираше стариот добар дијалог со гласни звуци од окоолината, како шпанско фламенго, атмосфера од внатрешноста на кафиќ додека актерите разговараат на тераса, музика од блиско паркирана кола итн... по што најдобра опција ти е да намалиш звук и да читаш превод. Се прашувам како овие сцени ги протуркале луѓето на кино. Браво за Орен, само биди различен, не е битно што си глупо-различен. Важно е да имаш стил...

На кратко, филмот вреди да се гледа поради улогата на Вуди, се друго е гола вода.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344


Филм од кој очекував повеќе, Ryan Gosling добро се вклопи во Fracture, Crazy stupid love, па и Notebook. Приказната е добра, но цело време имав чувство дека нешто фали во филмот. Не дека во Drive не го бива, него едноставно, не ми е некој си тип кој е "роден" за филмој кај што има крвој до колена. Иако на IMDb има 8.1, од мене една солидна 7ка :)



После првите 2 дела од Fast & furious искрено се шо снимаат од оваа тематика е патетично. Филмот е напраен тотално на амерички начин, street racers копилиња од средно кои имаат јаки коли, дури и на школо имаат предмети за коли, женските од филмот имаат јаки коли, татковците имаат јаки коли... :confused: Капак на се имаат и High School Drags, шо е тотален промашај во филмот. Има толку многу во автомобилизмот да се снима, незнам зошто се се врти исто па исто o_O.
IMDb го осуети филмот со 5.7, 5ка и од мене, кој е лудо вљубен во уличното тркање можда би му се допаднал и повеќе филмот :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
What women want


Стар филм од 2000 год. Комедија со Мел Гибсон во улога на заводник кој преку ноќ добива моќ да ги чита мислите на жените. Ја искористува таа моќ за да успее во работата, со ќерката и жените. Моќта ќе исчезне кога ќе ја запознае љубовта на неговиот живот. Тоа е креативниот директор во фирмата во која работи и за првпат во животот нема тој прв да заведе жена, туку ќе биде заведен.
Интересен филм со многу смешни сцени. Сепак се работи за Мел Гибсон :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.000
Како не сум гледал што ми е пред нос? Уствари албанецот е the good guy a дедото Iosono e out-of-date хејтер! That's right, I said it, I meant it, I am here to REPRESENT IT! :icon_lol:
Прво, да кажеш 50/50 е онака, пролазно, е the biggest understatement since.. LOST.
Второ, имаме по 16 години? Јас сигурно не, ама Real Steel владее.
После лошиот старт со Contagion и пролазниот, ПРОЛАЗНИОТ, Иосоно - Apes, фантастична ноќ!

50/50 (2011)

Joseph Gordon-Levitt! (како што почна Рокенрола хехе) И си го имам фаворитот годинава, знам знам во доста тешка конкуренција, ама сетете се на Сандра Булок! Инаку дечкото беше фантастичен. Заблеска колку што беше максимум. Сите пофални зборови кон оваа интерпретација на примарните, базични, чисти човечки емоции facing такви ситуации. Изгледа глума најмногу ме придобива во филм. Да не бев толку dark emo-ish ќе го гласав за најдобар без да размислам, ама рамнејќи со Kirsten Dunst... boobs.

Koлку високи оцени сте дале на хорор комедија? ХОРОР КОМЕДИЈА, една најодвратна фузија на жанрови што може да се искомбинира, без никаква можна конекција поради која би испливала некоја емоција кај човек whatsoever. Mислам, гледам хорори да се плашам, гледам комедија да се смеам симплифицирано. Сега, со овие што да правам? Се сопка зомби, и some fat guy го мава со chainsaw. Прилично креативно.
Забегав, не првпат на еден ваков комичен начин се пристапи кон нешто олку сериозно а мене многу ми се допадна дека баш поради тоа филмот се дели, изобилува со уникатен.. позитивизам(?) Адам, со првиот впечаток остава дека е mr. goodie-two-shoes, во прилично досаден живот во крајот на своите 30ти, во наивна врска и најдобар другар кој пуши трева, кој ако не Seth Rogen. Дознава дека има рак на рбетот и тогаш цела фасада (аs in маска, метафора де) се крши и како што е претставено неговата наивност за првпат се соочува со вистински проблем во животот, што иронично е life-threating по истиот. За приказната не ви откривам ништо повеќе, дека колку помалку знаете толку поголем импактот. Затоа ја одбегнувам последен гледан филм темава со денови. Филм кој ќе ве насмее, ќе ви се преплачи :'( ќе се радувате и се така зипувано во саат-и-четириесет минутна емотивна турбуленција. Која секако ќе ви се допадне. Погледнете, 10ка. 10ка како за 2011та, не all time starwars islicno.
+ Radiohead.

PS:
Seth: Has she been sucking your dick? Been giving you blowjobs?
Joseph: No, she doesn't like to.
Seth: She doesn't? No fucking shit she doesn't like to.
Who like putting dicks in their mouths? You do it 'cause.. That's why they're called blow jobs.
It's a job.

Да не ве оттргнам од каков е навистина филмов, ама морав да споделам, обично не ми се допаѓа многу таков хумор, не посебно од дебелиов, ама уникатна ситуација, ќе видете.


Real Steel (2011)

Ова уште од LOST почна за овие што сега се вклучуваат во програма. Јес да долго време ми беа под прашалник критериумите. Инаку Ио :icon_lol: овие филмови не се прават за пред писиа на кои сме навикнати да очекуваме mind twisted ekstra originalni preubavi i preslatki prikazni. Mногу жалам што не сум во можност да го гледам ова во некое IMAX кино со екстра ларџ пуканки и премногузашекерена кокакола. Или поврзам на некој си 130 сантими или преку 42 инчи full hd самсунг12390jjga as11 (Прашајте го Мац ова, поима немам) каде енвидијава гт440 2гб би ја лоадирала најдобро што може оваа каква и да беше 5ипол гига снимка. :icon_lol:

Meне ми е доволно да видам кавер од филмот и знам колку и каква приказна да очекувам. Незнам зошто олку лошо се прифатени блокбастериве овде или сите стануваме хипстери, а zeegerman? Значи класичен блокбастер, не актер со големо име пред умирање и пола познат до него во сај фај ама курац од сај фај туку така стои таму како теорија, а е драма. Ова е pure fun. И не, не се најдов со пуштен мозок на шетање туку на моменти и навивав. The kid was fucking charming. Jackman како да не се трудеше многу, ама се извади со еден-два моменти, а Ката искрено, рака на срце, појма нема од пушење. Dafaq? ГЛУМЕЊЕ. Изгледа ја сакаме уз hard-on. Either way, малиов со харизмата и полу-клишеа дијалози го извади филмот. Друго незнам што да пишам, сите што пишете во Блокбастери да го изгледате, дека настрана добрата константна акција во Трансформерс, и секако да не беше First Class, ќе го гласав овој, дека за разлика од Трансформерс, I can fucking see the actual robot и механиката и слично. И така. 6-ка од мене, ама земете предвид дека се почнува од 1.

The Thing (2011)

Ah.. Kaко си Карпентер? Вети 2-3 проекти во двеидесета, а видовме само The Ward.
Prequel или како и да доаѓа на оригиналот од 82'ра. Инаку, овој го гледав прв и испадна солиден за со друштво. Додуша го имав почнато, ама неа и реков дека ми стои онака, интересен за со друштво, а вас дека ми требаше беwo гwувче, за компарација. Некој што го нема гледано оригиналот, директно, свежо оценување. Да ме држи објективен. :))))

Инаку, у главно.. ако уште ме читате, а ме читате за ова - ми се допадна. Или и јас веќе прифаќам се'. Како и да е, ставен до оригиналот 5 од 10, а како stand alone 6. Дека така беше ориентиран, да можат да го гледаат и луѓе кои го немаат гледано оригиналот. Кога сме кај ориентирање утка му беше хоророт. Значи не како оригиналот да не плаши со moody aтмосфера, тензија и опака музика, беше меинстрим и отиде на карта плашење на штреп и ефекти. И океј. Повеќе ми се допадна што остана нели доследен на приказната и се грижеше за фановите на оригиналот да биде пак колку-толку мистерија крајот, кој веќе го знаевме и очекувавме. Меѓу другото имаше неколку круцијални in-movie дупки кои не се совпаѓаа со оригиналот но делува заразно и ќе се впуштите во него така да нема да ги приметете. Значи зборам за фановите. Имаше неколку глупави моменти каде ќе се насмеете на хоророт но имаше за компензација и доста морбидни. All in all, бев љубопите, заврши работа. Да беше remake ќе беше друг муабетот, вака дисфункционално функционира со оригиналот. Субјективно, седумка.

Ај, ве отечев..
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


The Flowers of War

Ако кинеската кинематографија продолжи во овој правец, Холивуд треба да се загрижи. The Flowers of War претставува нова ера за кинеските филмови. Ова е најскапиот кинески филм до сега и е првиот филм финансиран од државата во кој глуми холивудски актер.

The Flowers of War раскажува за масакрот во Нанкинг од 1937 година, познат како Силувањето на Нанкинг. Џон Милер (Бејл) е американски погребник кој оди во Катедралата во Нанкинг за да го закопа починатиот свештеник. По игра на судбината, ја превзема улогата на свештеник за да ги заштити ученичките од катедралата, и една група проститутки, од јапонските окупатори. Во целиот тој хаос, се вљубува во Ју Мо, најубавата проститутка во Нанкинг.

Иако филмот е малку подолг, сепак го привлекува вниманието со фасцинантните борбени сцени, совршената хемија помеѓу ликот на Бејл и Ју Мо и драматичната завршница. Една од најголемите предности на оваа љубовна приказна е кинематографијата, која со едно обично парче шарено стакло кое лебди низ прашината, може да пренесе моќна порака. Филмот разгледува еден од најужасните настани во модерната историја, но сепак настанот можеме да го видиме од една почовечка перспектива. Главната тема е невиност vs. искуство. Невиноста, прикажана преку ликот на девојчињата, и искуството, преку ликот на проститутките.

Дополнителна предност на филмот е и оскаровецот Бејл, кој со секоја нова улога докажува дека е еден од најдобрите актери моментално во Холивуд. Со присуството на Бејл, на филмот му се дава една помеинстрим и поприфатлива нота. Бејл заслужува да добие барем номинација за Најдобар актер на претстојните Оскари, бидејќи за мене ова му е најдобрата улога до сега.

The Flowers of War според мене е еден од најдобрите филмови за 2011. Номиниран е за Златен Глобус во категоријата Најдобар странски филм и верувам дека ќе биде номиниран за Оскар во истата категорија. Би го препорачал секому, особено за љубителите на љубовно-воените драми.

 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Puss in Boots (2011)



Најпрвен морам да се изјаснам дека филмов не го гледав ниту според препорака ниту според желба, туку малку под принуда.

Анимиран филм за згодите и незгодите на мачорот во чизми. Го гледав во 3Д кино, но ефектите не ме воодушевија нешто посебно. Криво ми е што го гледав во синхронизирана верзија, па затоа не можам да кажам како се снашле во позајмувањето на гласовите Антонио Бандерас (за мачорот) и Селма Хаек (гласот на мачката која го придружува мачоров).

Приказнава е следна: мачорот во чизми заедно со неговата дружина се во потрага по три магични зрна грашок, кои откако ќе ги посадат на одредена локација, израснуваат до облаците и ги носат во куќата каде живее мало пајче кое несе златни јајца. Секако дека има и "bad guys" во приказната, кои сакаат да го најдат пајчето пред нив.

Демек е комедија, а дали еднаш се насмеав. А судејќи по реакциите на децава кои седеа околу мене во киното, ни ним не им беше нешто посебно смешен.

Немам позитивни впечатоци од филмов. Моја оценка 5,0.

П.С. Номиниран е за Златен Глобус за најдобар анимиран филм за 2011. Му посакувам среќа во трката.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807


После мистериозната смрт на брат му на Џери почнуваат да му се случуваат чудни работи.Започнуваат телефонски повици од неидентификуван глас кој му дава инструкции што треба да прави.
Филм со интригантен заплет и темпо коe не не пушта до самиот крај.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
The Green Hornet (2011)

Акција+комедија, Еден не баш нормален тип, син на медиумски магнат е опседнат уште од мал со суперхероите. Но татко му го убиваат, ја наследува медиумската империја и со помош на еден Кинез вработен кај него решава да си го оствари сонот да стане суперхерој. Се нарекува Зелен стршлен и тргнува да се пресметува со криминалците во градот а медиумите ги користи да ги промовира акциите на Зелениот стршлен. Типот е комедија, има само смелост да ги предизвика криминалците, но тука е Кинезот да ја заврши работата кој знае кунг - фу, а опремува и автомобил со разни оружја ... Откачен филм кој мора да се види. :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Pearl Jam Twenty (2011) - http://www.imdb.com/title/tt1417592/
„Pearl Jam Twenty“, одличен документарец од Cameron Crowe кој ме натера многу да ми биде мака што не сум ги имал овие години во тој период. Во скоро два часа, Crowe ја има склопено целата историја на Pearl Jam, гранџ рок бенд од Сиетл (како што имат почнато). Од различни извори Crowe има собрано материјал и го има опфатено создавањето уште од самиот почеток, кога Стоун Госард и Џеф Амент беа во бендот „Mother Love Bone“, и фротменот Андру Вуд. Со смртта на Вуд, бендот иде во заборав, се додека не го најдат новиот водечки вокал - Еди Ведер. И тако даље, да не пишувам како се одвиваат настаните во филмот. :)
Топла препорака за секој љубител на добрата музика и PJ. :)
9.5/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
The Girl With The Dragon Tattoo.


Два и пол саати трае филмот и другар ми го препорача. Добро сега заебан шведски трилер со сцени на снежно заебано шведско време слично на ова денешново наше, барем во првиот дел на филмот понатаму ќе запролети.
Истражувачки новинар истражува нешто тоа му е работа, а тоа новелата по која што е пишувана сигурно како руски класик е голема. После изгубениот судски спор нашиот главен јунак во филмот добива затворска казна осуден е за клевета, но пред да ја отслужи затворската казна добива понуда од еден член на славна богата шведска фамилија која што газдува со славна богата шведска корпорација да истражува злосторство старо четириесет години врз член на тоа семејство. И тука доаѓа хероината хакерка опасна и заедно со херојот двајцата во дует решаваат опасна мистерија......
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Good Will Hunting



Прво мислев да го пишам во другата тема, предлог за филм но се одлучив тука затоа што повеќето филмаџии сигурно го имаат гледано. Еден од подобрите филмови, од класата на Dead poets society, A beautiful mind, па дури и The scent of a woman. Мет Дејмон и Робин Вилијамс извонредни.

Приказна за 21 годишен дечко со неверојатен талент, дечко што поседува нешто што го имаат малкумина, но не знае да го цени тоа. Доволно е само еден човек да допре до него, да го отвори неговото срце и да го охрабри да продолжи понатаму. Дијалозите помеѓу Вил и психијатарот Шон тераат на размислување за тоа што е животот и што е она што вреди во него. Но што вреди размислувањето и разглабањето теории без искуството? Токму тоа ќе го изделам во сега веќе можеби една од моите најомилени сцени. Поентата е видлива во дијалогот.


Шон: Размислував за она што ми го рече пред некој ден, за мојата слика. Размислував долго во ноќта. Нешто ми падна на памет. Заспав во мирен сон и досега не помислив на тебе. Знаеш што ми падна на памет?
Вил: Не.
Шон: Ти си дете. Немаш поим за што зборуваш.
Вил: Фала.
Шон: Нема на што. Никогаш не си бил надвор од Бостон.
Вил: Не.
Шон: Ако те прашам нешто за уметноста, би ми го кажал и најситниот детаљ прочитан од книга. Микеланџело. Знаеш многу за него. Животното дело, политичката определба, тој и Папата, сексуалната определеност, сите негови дела. Но не би знаел да ми кажеш како мириса во Сикстинската капела. Никогаш не си стоел таму, и не си гледал во тој прекрасен плафон. Не си гледал во тоа. Кога би те прашал за жените би ми дал попис на најдрагите. Можеби и си ги легнал неколку пати. Но не можеш да ми кажеш какво е чувството да се будиш покрај жена и да се чувствуваш навистина среќно. Ти си тешко момче. Ако те прашам нешто за војната ќе ми дадеш измислен и вистински материјал, но никогаш не си бил во војна. Никогаш не си го гледал најдобриот пријател и не си го држел во скут гледајќи го како испушта здив барајќи ја твојата помош. Кога би те прашал за љубовта, ти ќе ми цитираш сонет, но никогаш не си гледал во жена и не си бил потполно ранлив. Не си познавал никого што може да те убие со погледот. Како Бог да испратил ангели на Земјата само за тебе, ангели кои ќе те спасат од пеколот. Не знаеш како изгледа тоа, да бидеш нејзин ангел. Да ја сакаш, да поминеш со неа сè. И рак. Не знаеш како е да спиеш на стол, два месеци во болницата бидејќи лекарите гледаат во твоите очи дека времето за посета не важи за тебе. Не знаеш што е вистинска загуба. Тоа се случува само кога нешто сакаш повеќе од самиот себе. Се сомневам дека некогаш си сакал на тој начин. Кога ќе те погледнам не гледам интелигентен, самоуверен младич, не гледам дека си ми дораснат. Гледам момченце. Никој не би можел да те разбере, нели? А ти мислиш дека знаеш многу за мене затоа што си ја видел мојата слика. Мора да знаеш сè за мене. Ти си сираче, нели? Мислиш дека знам колку ти бил тежок животот затоа што сум ја прочитал „Оливер Твист“? Настрана аргументот што не сакаш да бидеш овде, бидејќи мислам дека го сакаш целото внимание што го добиваш. Лично мене, не ми е гајле. Не постои нешто што можеш да ми го кажеш, а што не можам да го прочитам некаде. Освен ако разговараме за твојот живот. Но ти не сакаш. Можеби се плашиш од тоа што би го кажал.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Beginners

Beginners е еден од оние филмови кои во Холивуд ги викаат „fell good movies“. Дејството на филмот се одвива во Америка, па така и темата на филмот е типично американска. Како што кажува и самиот наслов, Beginners е филм за нови почетоци, за пронаоѓање на сопстеното „јас“, за новите авантури и искуства.

Јуан Мекгрегор го глуми Оливер Филдс, 38-годишен графички дизајнер кој работи во Лос Анџелес. Таткото на Оливер, Хал (Кристофер Пламер), умира од рак на 79-годишна возраст. Главниот дел од филмот се одвива четири години претходно, кога мајка му на Оливер умира од рак и кога татко му признава дека е хомосексуалец. Всушност, цел живот бил хомосексуалец, но не можел да каже никому, дури и на сопствената сопруга. Оливер се присеќава и на осаменото детство, на релацијата со неговата несреќна мајка, која морала да го крие од светот своето еврејско потекло со цел да успее во Америка.

Најдобриот дел од филмот за мене започнува кога на една забава Оливер ја среќава Ана (Мелани Лорент). Таа е француска актерка, принудена да живее во хотелски соби поради работата. На Оливер му оди тешко зближувањето со Ана поради комплицираното искуство и она што му се случувало во домот како дете. Сепак, сцените со Оливер и Ана кои следуваат се едни од најпрекрасните и најавтентичните романтични сцени кои сум ги гледал во последно време. Тоа кажува многу, бидејќи во принцип не сакам романтични филмови, од причина што во Холивуд истите ги прават премногу патетично и нереално.

Зошто вреди да се гледа филмот? Поради хемијата која ја има помеѓу Мекгрегор и Лорент, богатите карактери, фотографијата и целосната атмосфера во филмот. Единствена маана според мене е што режисерот можел да посвети повеќе време на љубовната приказна, на сметка на приказната за правата и животот на хомосексуалците, ама тоа е тоа.

Моја оцена: 7/10
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Форест Гамп​
Искривен грб, силни нозе, патичиња и апашка фризура ( многу години подоцна и Бред Пит ќе се курчи со неа) со се ненадминливиот Том Хенкс го чинат Форест Гамп ( каков Џон Траволта каков Бил Мареј, мислам дали воопшто можете да ги замислите?). Едноставен, искрен, обичен во очекувањата од животот, инспирација за тоа колку може да се биде голем човек и покрај се.​
Филмот на почетокот се бави со неговата Алабама, со него, со неговата наивност, со неговото детство. И нема да ми верувате ако ви кажам но "I can run like the wind blows" . Безусловна љубов Форест ќе добива од својата мајка. Таа го обликува во текот на целиот филм. Тој скоро секогаш секоја своја приказна ја почнува со "My mama always said ...". Неговата мајка е таа која го прави Форест толку ист, а толку различен од другите. Сепак го остава сам да си ја избере својата судбина. Неговите прашања остануваат неодговорени и до нејзината смрт. " Why are you dying mama" и "What's my destiny, mama" толку болат во една од најтрогателните сцени у филмов. Не срамете се да заплакате. Се прашувам кога ја гледам сценава зошто е толкава рамнодушноста кај неговата мајка? Дали ради нејзината филозофија на живеење дека и смртта е дел од животот или уште повеќе поради тоа што е горда на својот "ГОЛЕМ " син.​
Вториот битен сегмент од неговото детство е неговата Џени - љубовта, смислата на неговиот живот. Она е и бич, и светица и виножито и грмотевица и све. За нив двајца и самиот Том Хенкс ќе каже дека се како грашок и морковче.“Dear God, make me a bird so I can fly far, far, far away from here” е нешто шо ќе го обележи нејзиниот живот. Додека Форест талка во своите случајни успеси она се обидува да се пронајде себеси (честопати наоѓајќи се фејс ту фејс со смртта секако на своја волја - самоубиството како постојана опција се сугерира при секој нејзин крах). И секогаш е он тука за неа како вишка херој - секогаш, но нивниот пат е толку различен. Додека он се расправа со ордени, претседатели, почести кај неа имаме голи испади по стриптиз барови, многу разменувања на телесни течности, анти воени Хипи протести. Тој романтичарски дух кој дивее во Џени, за разлика од Форест Гамп, зазема страна. Додека он влегува како тотален аутсајдер во животот, Џени има свои идеали кои пак прашање е колку успева да ги оствари.​
И таа просто невозможна љубов, успеа да ме расплака на два пати.​
и​
Неговиот монолог ја пара душата. Том Хенкс ми се чини дека пукна во сценава која секогаш ме тера да се прашувам дали некогаш ќе почуствувам ваква љубов?​
Филмот го води Форест Гамп и на глобално патување низ светот али како слеп патник. Провејуваат и војни, и атентати и скандали и афери и многу претседатели и " Џон Ленони " . И секогаш кога го гледам тоа случајно живеење на Форест Гамп си мислам колку длабоко оди симболиката на неговиот лик? Дали не е тој само една огледална рефлексија на просечниот Американец? Дали не грешат тие шо го доживуваат како ерозија во националниот карактер? Дали Форест Гамп не им донесе на Американците едно брутално будење од лажниот сон? Дали Форест Гамп ја прикажа гнилоста на американското општество?​
Друга битна ствар која лебди скоро секогаш и секаде у филмот е дискриминацијата кон она што е различно. Многу дрско Форест Гамп не прашува: како се однесуваме кон тие со различна боја на кожата, кон тие со различна религија, кон тие кои се помалку интелигентни, болни, кои се од оваа или онаа партија...​
Значи да сумирам : филм за сва времена и за секоја пригода. И кога ви се плаче и кога ви се смее и кога сакате да се разнежните и кога сакате да научите повеќе за животот.​
П.с Се извинувам ради должината на постов али јас верувам дека секој од нас е Форест Гамп. Некој повеќе некој помалку...​
My name is Gump, FORREST GUMP.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
She's Out Of My League


Се работи за Кирк, дечко кој работи на аеродром заедно со неговите awesome другари. Викам awesome затоа што во целиот филм избиваат со некои words of wisdom што би се рекло.
Еден ден додека си ја врши работата, на аеродромот доаѓа преубава девојка која ќе се заљуби во него, но некои од неговите другари а и тој самиот не верува дека врската меѓу петка и десетка не може да успее.
Додека Моли (девојката) се труди да успее оваа врска, неговата кола и работното место му велат спротивното.
Актерите се симпатични, а нема да ви биде досаден филмот ви ниеден момент.

Stainer: Okay, anyway... I love Kirky, but let's face it, the guy's a five.
Devon: Stainer, that's just a dirty pool. He's at least a six.
Stainer: A six? Alright you go ahead and pump rainbows into his asshole. I'm just being honest.
Jack: Come on, cut him some slack. Look. Half a point cause he's a nice guy. Right? And he's funny, so that's half a point each. That brings him to six. Devon's right.
Stainer: But he drives a shitbox, deduct a point. Take a point off.
Kirk: Wait, what's wrong with my Neon?
Stainer: Oh, I don't know, except the people who make that car don't even like it. So, we're back to a five. :pos:

Топло ви го препорачувам, иако верувам дека повеќето сте го гледале.

imdb оценка - 6,5
bitch please!
моја - 7,2
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.000
Another Disappointment.. ovaj Earth (2011)



What the actual fuck, Io? (oбично кога сум разочаран од филм/серија тука е иосоно да го кривам) Филмов не заслужува ни најмалиот маркетинг кој го имаше, не пак победник на Санденс и слични фестивали каде се промовираат вакви инди филмчиња. Само во мрак, во абисот и никогаш надвор. Овој е за претенциозни хипстери и не заслужува одвоеното време. И смрди и има вошки.

There.

Туку можеби ќе навлезам во спојлери, па you know.. на ваш ризик и слично. Минимални сепак, ништо повеќе од обичен трејлер што содржи. Oдкај да почнам.. А, му се допаднал на Иосоно. Стварно бе? Како прво колку лош тајминг има филмот, со Меланхолија и цел тој емоционален ролеркостер, со една неспоредлива плавуша со друга, со немање ни С од Сајфај. Зошто побогу таков нефункционален маркетинг, комплетно погрешна таргет група, зошто се претставуваат како блокбастери со фантастични фотошопирани кавери што репрезентираат најновото што филмската сцена го нуди atm? Mислам, океј прекинете со сликите од новиве планети, не го рекламирате Аватар.

Инаку, има бавни, тензични, статични yet фантастични драми и има драми во кои ништо не се случува и се моронски. Овој е вториот, можеби се одвиваше на втората планета каде светот е досаден. Имаме една анон која премногу се труди ама не дораснала за доловување емоција, поента, што и да е без дијалог. Првите 50минути не прозборува, другите 20 клише реплики, Мајкл Беј скрипта, секоја реплика прво вие ја кажуват во глава, потоа ја слушате истата повторена. Можеби и не беше до девојката, секоја прилика за суспенсија кулминираше со ирационална акција од актериве, нереални човечки потези или беше прекината од самиот филм, бели букви - толку и толку време напред. Ова ме потсети на V серијата, идат екстратеријалци на земјава, пред да слетат БАМ 4 месеца унапред каде гледаме соживот. Немаше шанса дадено филмот, сценариото да процвета. Вкорен го срозеа.

Приказната помалку одговори од лост.
Се појавува во далечината mirror планета на нашата - втора земја. Многу малку релативна во однос на приказната. Онака, we're just gonna put.. that here, mkay. Беше точка одпрвин па патуваше накај нас, потоа во понатамошна точка каде се гледа доволно - необјаснљиво стопираше. За драматичен ефект, убаво да ја видеме, и доволно блиску за да евентуално се патува до неа. Како и да е нели, таа беше дупликат на нашата, од научна гледна точка заедно создадени, но не во стил дојдена од паралелен универзум, ама ипак дупликат во еволуцијата, технологијата, расата или барем така прикажано без потковано објаснување, без земено во предвид разноразните влијаниа. И не цел соларен систем, само земјата онака си дојде. И уште посмешно, ако се фокусирате убаво, во исто време од денот/ноќта можете да ја видите на разни позиции отколку претходниот пат.

Сценографијата беше патетична. Куќата во кое се одвиваше дејствието.. ај вака, да се изгасеа рефлекторите од позадина, ќе котираше највисоко меѓу најстрашните куќи од сите хорори соберено. Океј, требаше да има дупка во врата, некои минимални оштетувања, запустеност.. оваа имаше ОДРОНИ. Ѕидот соголен, се гледаа дупки, шкафчињата им се лупеше бојата, иако беа релативно нови, а не земени од подрум од минатиот век. Аt some point во една од собите немаше таван! Онака голи греди. И сето ова немаше позадинска намера и беше беспредметно претерување. Камерата смешна. Од тие што се тресат ама без вкус, без тој моден елемент. Онака рандом се тресеше. Зумираше како од мобилен. Зум х2, зум х4, зум х6.. квадрат по квадрат. Жал ми стануваше за неталентот од камерман понекогаш.

Одговори не чекајте, поврзаност со сај фај нема, глума недискутабилно. Ниту пак драмата, настрана сај фај елеменотот, не поентира. Само гледаме тишина 80 посто од времето, демек доловување длабочина па да сфатиме колку голема болка содржат во себе главните протагонисти. Ако не заспиете во меѓувреме. 3/10.

Сега ме замрзи да го пишам Rango. Погледнете го овој instead. Стварно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom