W
wicked_1
Гостин
Не ми се јасни и мене негативните критики. Ремек дело на Долан, ако не и негов најдобар.Ксавиер Долан -
Детево е ЅВЕР! Само 28 години, а според мене, дефинитивно еден од најдобрите режисери во светот моментално. Сакав да си молчам и да ви го предложам филмов во клубот, но 5-6 души од вас веќе го гледале, а и не можев да издржам.
Juste la fin du monde / It's Only the End of the World - мало ремек дело! Многу ми личеше на Mommy, повторно со истиот стил, со речиси 100% крупни кадри што носи многу емоција, со извонредна глума од, овојпат, одличниот кастинг: Венсан Касел, Марион Котијар, Гаспар Улиел... , со истата феноменална употреба на поп песни од кои повеќето ги знаеме, на места каде добиваат нова димензија и во сцени по кои веројатно ќе се навраќаме на нив во иднина...
Во Кан лани, на премиерата, бил исвиркан од новинарите (не знам на што дроги биле), а подоцна го освои Гран-при-то од жирито (втората награда по важност, по Златната палма). Филмов беше и канадски кандидат за Оскар за 2016, влезе во најтесната конкуренција од 9 филма, но за жал не се закити со номинација за Оскар, исто како претходниот на Долан, Mommy. За мене, ова е еден од најдобрите странски филмови за 2016, и далеку подобар од петте номинирани, па и од освојувачот на Оскарот.
Режисеров е преталентиран за стандардот на денешната драма, и општо денешното глупо кино.
Ваква техника на снимање и фаќање на кадри кои носат емоција до публика, за еден млад неискусен режисер е стварно реткост.
Филмов е дефинитивно performance driven од ликовите горе - кои може изглумија и за кариера, на еден мал сет, со минимален наратив, со минимална прогресија која кулминира во последните 20 минути за совршен крај.
Ксавиер Долан.
