Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ксавиер Долан - :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Детево е ЅВЕР! Само 28 години, а според мене, дефинитивно еден од најдобрите режисери во светот моментално. Сакав да си молчам и да ви го предложам филмов во клубот, но 5-6 души од вас веќе го гледале, а и не можев да издржам.

Juste la fin du monde / It's Only the End of the World - мало ремек дело! Многу ми личеше на Mommy, повторно со истиот стил, со речиси 100% крупни кадри што носи многу емоција, со извонредна глума од, овојпат, одличниот кастинг: Венсан Касел, Марион Котијар, Гаспар Улиел... , со истата феноменална употреба на поп песни од кои повеќето ги знаеме, на места каде добиваат нова димензија и во сцени по кои веројатно ќе се навраќаме на нив во иднина...

Во Кан лани, на премиерата, бил исвиркан од новинарите (не знам на што дроги биле), а подоцна го освои Гран-при-то од жирито (втората награда по важност, по Златната палма). Филмов беше и канадски кандидат за Оскар за 2016, влезе во најтесната конкуренција од 9 филма, но за жал не се закити со номинација за Оскар, исто како претходниот на Долан, Mommy. За мене, ова е еден од најдобрите странски филмови за 2016, и далеку подобар од петте номинирани, па и од освојувачот на Оскарот.
Не ми се јасни и мене негативните критики. Ремек дело на Долан, ако не и негов најдобар.
Режисеров е преталентиран за стандардот на денешната драма, и општо денешното глупо кино.

Ваква техника на снимање и фаќање на кадри кои носат емоција до публика, за еден млад неискусен режисер е стварно реткост.

Филмов е дефинитивно performance driven од ликовите горе - кои може изглумија и за кариера, на еден мал сет, со минимален наратив, со минимална прогресија која кулминира во последните 20 минути за совршен крај.

Ксавиер Долан. :tvg:
 
Сцената со врапчето беше ежење. Еве, и сега се ежам кога се навраќам на неа. Плус Natural Blues од Моби бе... Аууууу

Инаку, негативните критики најмногу биле од американската и британската страна. Во Франција и низ Европа секаде поминал феноменално.

Не сум му ги гледал постарите филмови јас, ама и за Mommy, и за овој добива чиста десетка. Долан е чудо од дете за мене. Ако на 26 и 28 години направил вакви филмишта, што ќе биде со него кога ќе "порасне"? :cuc:
 
Шпанскиот филм шо иде моментално на МРТ :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Шпанскиот филм шо иде моментално на МРТ :vozbud::vozbud::vozbud:
Relatos Salvajes (Wild Tales) филмот е аргентински, не знам зошто го најавуваа како европски филм. Иначе одличен е, требаше да земе оскар за најдобар странски во 2015 пред Ида.
 
Relatos Salvajes (Wild Tales) филмот е аргентински, не знам зошто го најавуваа како европски филм. Иначе одличен е, требаше да земе оскар за најдобар странски во 2015 пред Ида.

Ако знаеш некои слични дај предлог , повеќе приказни али да се неповрзани меѓусебе. :)
 
Кога двајца незнајковци разговараат за филм. :pos::pos::pos:
 
Не ја сфаќам генијалноста на Алфред Хичкок, иако му ги имам изгледано најпознатите филмови.
Генијалноста на Хичкок е во тоа што неговите филмови те држат цело време со отворени очи, некои дури и не трепнувале додека гледале негов филм, како јас. За да направиш такви филмови во тоа време, со кои ќе си играш со умовите на гледачите треба да со гениј. Земи го за пример филмот Rope, целиот филм е напнат и се има чувство за секоја сцена дека баш тогаш е она вистинското, а сепак не е. Тоа е убавината во трилерите на Хичкок.
Се си е на место, и смешни сцени и се, буквално се.
 
Дали сериозно мислиш дека личност што ги исплука Хичкок и Казабланка во еден пост ќе ја разбере генијалноста на било кое од нив па дури и да напишеш елаборат на темата?

Ништо, само скролај и пиши пропало.
 
Топ 5 филмови за 2016 според вас од жанр комедија, акција или хорор?
Овие жанрови ги гледам, а веќе неколку години слабо гледам филмови, па како изгубен сум :D
Ѕирни ги:
Toni Erdmann
Nice Guys
Deadpool
Hell or High Water
The Witch
Train to Busan
The Wailing
Hacksaw Ridge
Captain America: Civil War
10 Cloverfield Lane
Eye in the Sky
Eddie the Eagle
The Fundamentals of Caring
The Eyes of My Mother
Before I Wake
 
Кое тешко срање е оној The Box. Ништо не ми се свиѓаше. Ништо! Еден куп неповрзани работи, глупост до глупост, едно со друго нема врска. Чуден, крипи ама безвеза ептен. Бљак.
А го читав некаде демек ако сакате добри мистерии мора да го изгледате. Врска нема. Да ми го вратат времето.
Тој беше режисерско деби на плавиот "лепотан" од Аустрејлија. Он ко актер е meh, не па и режисер ќе бил.
 
Еве и јас да го пофалам новиот Alien. Би го рангирал одма после првите 2, од 79 и оној на Камерон од 86. Сепак го нема оној ефект како кога прв пат се среќава ејлиенов, многу работи се веќе видени. За оние што сакаат вакви филмови, одличен е, пред се визуелно.
 
Настрана alien франшиза,ми се глеаше нешо sci-fi и уште не ми е јасно као не сум го начекал Gattaca до сеа на тв или пак ретко го даваат.А баш е супер интересен филм со таман тематика и би рекол скромни елементи на фикција.Баш као шо у задњо време брзо ми здосасуваат филмови шо ги неам гледано,ова те вози со одлично темпо од почеток до крај.

Нема утка.

Gattaca (1997)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom