Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
ГГ би било подобро, таман да се испукаат оние што се држеа тука да не пишуваат спојлери. Мада може и Бојхуд, ќе му седнам до после или вечер :)
 
Before Sunset е приказна за двајца сродни души кои се среќаваат, во кој има романса и нешто се случува помеѓу двајцата. Не е за споредба со овој филм.

Точно е тоа дека е прикажано од се по малку, на еден многу пластичен начин. Возење со точак две минути не е приказ на детска игра. Каде беше она вистинско другарство кое сме го имале сите, каде беа емоциите при разделба од првите другари? Каде беше романсата со првата девојка? Каде беа солзите при раскинувањето? А бе овој лик не беше феминизиран по случајност, авторот таков го направи. Овој лик беше толку утепан што не сакаше ни да ја гушне мајка му кога оваа плачеше што заминува? Кој од нас не би ја гушнал мајка си во таква ситуација? Па мајка ми плачеше во Скопје што заминав ебате па ја гушнав да не плаче. За која реалност ми зборите, ликовите се како зомбиња во филмот.

@џимеј, стави го Boyhood, нема што да се дискутира за Gone Girl.
 
The Drop уопште не е досаден филм, нека се јави кој прохејта пред некое време
Кој прохејтал не знам, ама и јас се придружувам кон хејтот...
Тапа приказна, сценарионо смешки...дури ни Џејмс Гандолфини не импресионираше у филмов...
 
-
- Како тоа нема потреба од приказна? Во гумата што се тркала имаше повеќе приказна.
Е ај пробај објасни го на некои луѓе бе ?

Не за филмов..општо..

Имаше приказна филмов и покрај тоа што и мене не ми се допадна ептен филмов. Приказната беше Животот на едно дете во дисфункционално семејство.

------

Ај за Whiplash излегол торент...сега не знам дали вреди у Кино да го гледам филмов ако е стварно добар или... хмм..


------

Мечето Падингтон ми е едно од најкјут ликчиња што се појавиле на филм у последно време
77778-640x360-paddington-on-the-tube-escalator-640.jpg
 
Кој прохејтал не знам, ама и јас се придружувам кон хејтот...
Тапа приказна, сценарионо смешки...дури ни Џејмс Гандолфини не импресионираше у филмов...
Зошто смешки? Баш придонесе јака тензична атмосфера. Ликот на Том Харди е одлично изработен кој еволуира многу добро све до крај. Џејмс Гандолфини онака, просек.
Далеку од одбивен е филмов според мене.
 
Само што го изгледав Paprika.
Можеби не го знаете, но сте чуле за неговиот live action филм, се вика Inception.
Аронофски е голем фан на Perfect Blue.
 
@Io Sono Interista Точно, Before Sunset е приказна за двајца сродни души кои се среќаваат, The Gotfather e уште еден филм за организираниот криминал во САД, Forest Gump e само уште е една приказна за еден simpleton од Југот, The Good, the Bad, the Ugly e само потрага по злато на дивиот запад. Побогу, ме потсети со постовите наназад, па и Life is beautiful e уште една приказна за еврејско семејство што умрело во конц.логор-во суштина сите се пластични приказни ако така ги поставиш. Boyhood за мене е вистински, ко да не глумеле-ко да се десил. На мене, на тебе, на малиот/малата твој/а, ( да ти се живи и здрави :) )- секому!. Некој претходно спомна, можда ти не си успеал да се поистоветиш со ликот. Ни јас не се поистоветив ама тоа не ме спречи да уживам. Филмот си траеше-јас не трепнав. Буквално ми се деси. И конечно, не знам зошто ти ги објаснувам овие работи-ти да си знаел да процениш што е добро немало да навиваш за Интер :)
 
Синоќа го гледав Mullholand drive,кој го разбрал филмот капа доле за него,јас ништо не разбрав,таман си помислив дека знам што се случува излегува нешто многу неочекувано..
Брат, ти не сфаќаш. Линч е уметник од највисока класа, он тие мрднатите негови филмови ги прави така што нема едно сфаќање за филмот. Секој треба да си го протолкува и сфати за себе :rolleyes:

Иначе, го гледава Syriana и филмот не е за сите. Особено за оние како мене што немаат апсолутно никакво познавање од политика/економија. Ама делумно и самиот филм е крив за тоа. На пример, Thank You for Smoking е исто така политика/економија ама прикажано е на убав разбирлив начин.

Во Syriana немаш никаква поима што се дешава. Го гледаш Џорџ Клуни оди негде на некоја мисија, ниту знаеш што треба да направи, ниту знаеш зошто го прави тоа, ниту знаеш кој го пратил. Дознаваш кој го пратил ама не знаеш за која фирма/институција работи. После се префрлуваш во Индија или негде, па тука има Индијци договараат некои бизниси па ќе се смешаат со Кинези па после го имаш Мет Дејмон навидум поврзан некако со нешто а врска немаш што се дешава. Па имаш Персиски залиф и колку им е тешко на индијците (ваљда) па некој им проповеда, па имаш Женева, апсолутно неам ни сеа поима што се дешаваше таму, па имаш Хезбола која сум ја слушнал на вести а врска неам што е би требало да гуглам и така.
Значи 80% од филмот ништо не сфатив затоа што не се разбирам ама пак ќе повторам самиот филм е крив за тоа можело поразбирливо да се изведе.
 
@Zedd, @Iceboy незнам зашо сте добиле таков впечаток од The Drop, ама мене уопште не ми беше досаден филмот. Имаше бавен развој да, досаден не беше никако. Том Харди извади доста добар лик изглуми доста добро, Гандолфини од друга страна немаше интересен лик за пратење, но глумата пак му беше на ниво, Наоми Рапас беше многу добра исто. Не го дигам филмов у некои врвови, ама рековте претходно, досаден, ужас. Имаше добар расплет, интерсен специфичен крај. Можело на почетокот повеќе да се работи, ама тоа ќе беа на нас познати клише сцени.(љубовна сторија, екшн сцени со пукања, бркотници низ град, и слично.) Ова сето беше извадено на минималистички начин преку неколку дијалози и кратки сцени
7
 
Инаку, јас почнав со остварување на точките од TO DO листата за годинава: почнав со суперхеројските, иако скромно засега, само првите три (трилогијата) иксмени. Морам да признаам дека ми беа уживање: пушташ мозок на пасење и два саати (по филм) медитираш! Дефинитивно ќе продолжам и со другите суперхерои. Првите 2 дела добиваат солидни 7/10 од мене. Уживав и во третиот, но некако премногу приказни и премногу карактери има во него, па по малку личи на кашапопара, затоа оценка помалку за него: 6/10. Идемо даље...
 
7/10 не е солидно, слаба оцена е. Се изненадив кога видов на Letterbox. X-men вредат повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom