На Западу ништа ново
IMO, филмот може, од некоја перспектива, да се посматра како целина од два дела.
Станува збор за патот на униформата. Едниот дел е кога униформата е на жив човек, а другиот дел е кога униформата е без сопственик.
Најпрвин униформата е на жив човек, кој умира, па после е сама некое време, па пак на жив човек, до крајот на филмот.
Во деловите кога е на жив човек, филмот е, да кажам, нормален, со нормални агли на камерата, со нормални филмски кадри. Тоа е делот од почеток, па до кај 05:00 отприлика и од 8:30 па до крај.
Во оној малиот дел, кога униформата е помеѓу двајца носители и не е назначена на никого, филмот зазема поинаква визуелна перспектива. Тоа е во оној дел од 5:00 до 8:30, отприлика. Тоа е комплетно дехуманизираниот дел од филмот. Трае три и пол минути, со кадри кои зафаќаат агол што треба да ви ја долови перспективата на униформата. Ја нема тука перспективата на носителот - оние нормални, да кажам, хумани филмски агли, во кои игра некој карактер, чии експресии режисерот ги доловува. Во тие три и пол минути нема карактери. Нема ниту едно јасно прикажано човечко лице. Лицата кои се појавуваат се скриени. Не се гледаат. Тие се декор, како и мртвата природа.
Првиот кадар, на вагон полн со трупови, од перспектива на внатрешноста на вагонот, грубо ја прекинува дадената експозиција со која почнува филмот и на голема врата ве внесува во клаустрофобичниот дехманизиран свет на униформата без власник, што е надоврзано со следните кадри, како што реков, лишени од човечки лица и од чуден агол. Демек, грубо ве внесува во тој downtime, небаре пред тоа сцените беа од бушава азбука.
По завршетокот на тој дел, филмот се враќа повторно во "хумана нормала" и дознаваме како следниот сопственик на униформата станал тоа.
Ова ваљда до сега го приметиле многумина, а можда и не.