Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.371
- Поени од реакции
- 27.563
Сите ние имаме, подолга или пократка, листа на омилени филмови. На дел од нив повторно и повторно се навраќаме затоа што ни оставиле некаков впечаток или едноставно сметаме дека можат да се извлечат дополнителни заклучоци и/или емоции. Ме интересира кој е тој филм кој по извесен период повторно и повторно го гледате, нека биде период подолг од една година. И секако, кратко образложение зошто? Дали ви буди некаква носталгичност? Дали е сезонски филм? Дали е (дел од) серијал? Дали е поради одреден актер/ка и/или режисер? Или едноставно само сакате да си ја освежите меморијата? И да, колку пати го имате гледано?
Во оваа категорија имам неколку филмови, од кои два се дел од серијал. „Кум“ и „Кум 2“ се едни од најдобрите филмови во кинематографската историја. Не станува збор само за машки филм за мафијатa, полн со зделки, пукање и убиства, туку ова е серијал за (распадот на) семејството каде посебен акцент се става на психолошката разлика помеѓу Вито и Мајкл. Во секоја сцена, која има значителен пресуден настан, имаме компарација (флеш бек) со едно невино минато (независно дали е младоста на Вито или на Мајкл). Последниот пат кога ги гледав овие два филма заловив момент кој претходно го имав пропуштено, а тоа е и компарацијата помеѓу двете сопруги на Мајкл. Амбиенталноста се менува во овие два филма, градациски, во однос на тоа како Мајкл од секвенца во секвенца постепено губи парче од својата душа.
Друг филм, во оваа категорија, ми е „12 гневни мажи“ (12 angry men) (1957). Филмот е сместен во една „кутија“ (соба) во која поротата одлучува за судбина односно животот на едно момче. Се работи за обдукција на психологијата на поротата, внатрешниот немир, колизијата на моралот, човечноста и разумот, и секако критика на доктрината која налага правдата да е во рацете на народот, а не во рацете на судијата-поединец. Ова е класична правна читанка, есенцијален филм за секој еден (иден) правник да не заборави дека правото е подлежно на толкување и интерпретација и дека судбината на душата е во рацете на поединецот или толпата која може да има и методичен пристап кон разгледување и селекција на доказите, што може да дојде и до шиканозност или злоупотреба на системот кој треба да го гарантира правниот процес преку начелноста, а стравот од исходот да го контрола поведението на населението. Правото не секогаш гарантира правичност.
Тука би го навел и „Кога јагнињата ќе стивнат“ (The silence of the lambs) (1991), што претставува референца од самиот филм, на една траумна од детството на агентката Кларис. Ако „12 гневни мажи“ е правна читанка, овој филм и чисто психолошка читанка, посебно сцените во кои има игра на моќ, на доминација, помеѓу Кларис и Лектор, каде гледаат директно во камерата и меѓусебно кореспондираат. Клучна е сцената во која Кларис ја губи битката, но ги добива одговорите, во форма на код, кои ги посакува. Со оглед на тоа дека Лектор е форензички психијатар, во дел од неговите дијалози има одреден скриен симболизам. Дури и еден од клучните симболи на филмот, молецот, чие јајце го пронаоѓаат во грлото на секоја од жртвите на Бафало Бил (сериски убиец базиран на неколку други вистински сериски убијци) е симбол на трансформацијата, метаморфозата, чистината и убавината.
Секако, првичната цел е да го раздвижиме подфорумот, а последователната цел, со оглед на субјективноста на темата, е и да мотивираме некој, кој го нема гледано конкретниот филм, да го изгледа. Така, се надевам, ќе биде и тема за препораки на овие филмови.

.