Филм или книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Епа, книга, дефинитивно.... едноставно самиот си режисер на настаните, на изгледот на карактерите, на изгледот на сцените... сликите што си ги добиваш во главата... итн.
Филмот е само интерпретација на нечија друга мисла, на нечие друго видување... кое само го прифаќаш, а не го создаваш...

На пример, многу ми беше јако со Кодот на Да Винчи, затоа што додека ја читав книгата, цело време како ликот на командантот Фаш, ми излагаше ликот на Жан Рено. Одвај чекав да го гледам филмот за да видам дали се совпаѓа со моите замисли. Секако имаше ствари (како на пример Жан Рено) кој се совпаѓаше со мојата приказна... ама останатите работи не беа баш како што јас си ги замислував...

Секогаш е подобро да ја прочиташ книгата, затоа што едноставно ти предизвикува тек на мисли и ти ја разгорува имагинацијата, во која ти си режисер на филмот...
А кога веќе некој друг направил филм, можеш и да идеш да го гледаш, чисто за да видиш како некој друг (режисерот) сето тоа го замислува...

А што се однесува до Хари Потер... филмот нема никогаш да биде она што е книгата. Барем според моето искуство, ја имам прочитано само The Prisoner of Azkaban.. и мислам дека тој дел од Хари Потер го знам до детаљи и тотално се сеќавам на приказната... останатите делови се само тоа што сум го доживеала од филмот... и целосно е неспоредливо со чуството што го нуди книгата...

Од друга страна пак, ако више мора да го читам Тихиот Дон (ме уби книгава во средно), тогаш би гледала филм :)
 
Buttercup напиша:
Од друга страна пак, ако више мора да го читам Тихиот Дон (ме уби книгава во средно), тогаш би гледала филм :)
Јас не би го гледала ни филмот, а уште помалку би ја читала книгата уште еднаш. Ќе гледам филм за козаците? Никогаш.
 
ja bi se se odlucil za film nekako poubavo e
a knigata ponekogas te mrzi da ja citas
a filmot ke go izgledas za 2 saata i gotovo si zavrsil
 
Филм нормално нема шанси книга у живот нема да читам со мерак :toe:
 
Книга дефинитивно....обожавам да читам добри книги...
Но ако станува збор за некои глупи книги..т.е лектири е тогаш подобро филм да гледам..ама има и интересни филмчиња но некако книгите повеке ме привлекуваат
 
Во книга многу повеке се доживувам сама себеси и ликовите. некако повеке објасната,повеке разбирам...а многу сакам од како ке прочитам книга да го гледам филмот за истата!
 
Во книгата јас си правам филм и имам повеке време да уживам во неа,а во филмот за саат-два се е завршено.Плус,сите филмови кои сум ги гледала а воедно сум ги прочитала и книгите-се одлучувам за книгата.Единствено Серијалот Сексот и градот не се мери со книгата.
 
Гледам доста филмови, но во книгите е далеку по добро опшано и нечесто ми се случува, откако ќе прочитам некоја книга, да го гледам филмот и да се разочарам.
 
Филм гледам сами кога треба да ми помине времето, измеѓу две дешавки. А доколку за некое дело е сниман филм и има книга, порадо би ја прочитал книгата. Зошто? Па филмот е многу површински работен и не може да опфати се што писателот има замислено. Затоа ги читам книгите!
 
Јас тргнувам од онаа старата.....сликата заменува 1000 зборови. Сепак не може да се бира. Раскажување на една приказна и преку книга и преку филм си има своја убавина, магија, и величенсвеност кога е создадена од вистински уметник.јас сум и за книга и за филм.
 
Ако треба да бирам помеѓу филм или книга, бирам филм.
Ама ако ја имаш читано книгата, не го гледај филмот снимен според неа, ке те разочара.
 
Ако треба да бирам помеѓу филм или книга, бирам филм.
Ама ако ја имаш читано книгата, не го гледај филмот снимен според неа, ке те разочара.

Тотално си во право со ова горе кажаново.Последен пример ми беше со I am Legend,ја имав претходно прочитано книгата ,па го гледав филмот и се разочарав.И доколку би бирал помеѓу кинга или филм би одбрал дефинитивно книга.Зошто според мене филмот нема шанси да ја долови во целост приказната и атмосферата,како што може книгата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom