Филм или книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
се си има свој ефект...книгата те остава сам да си праиш филм у глава..додека пак филмот ....,веќе имаш готов :helou:
 
Книга дефинитивно- ме мрзи да гледам филм а плус и кога читам книга сама си ги креирам сликите и си правам така како што сакам да ми е убаво...
 
Книга. Книга. Книга.
Кога читам книга, технички кажано, јас сум режисерот, јас си правам филмови, фантазијата ми е слободна, сцените јас си ги замислувам. Додека кај филм се ми е сервирано и не може толку да ме воодушеви колку книгата. Исто кога ќе прочитам книга, па потоа го гледам филмот кој е направен според книгата, обично се разочарувам од филмот.

Нишшто не може да ја долови приказната како книгата.
 
Иронија беше мојот пост, ако не сфати. :smir:

Башка излегува дека и двајцата сме тешки лудаци според новиве генерации...

Хаха, па прво помислив дека е иронија ама реков што знам да не има и други луѓе како ЃаволРулз (мислам дека така беше) што мислат дека само лудаци читаат книги, сори ондак мај мстејк :smir:
 
Книга.Книга.Книга.

Кога читам книга,технички кажано,јас сум режисерот,јас си правам филмови,фантазијата ми е слободна,сцените јас си ги замислувам.

Додека кај филм се ми е сервирано и не може толку да ме воодушеви колку книгата.

Исто кога ќе прочитам книга,па потоа го гледам филмот кој е направен според книгата,обично се разочарувам од филмот.

Нишшто не може да ја долови приказната како книгата.


Исто, исто, исто! Ни јас не би го кажала ова поубаво:smir: Дефинитивно точно истово се однесува и за мене :helou:
 
Па дефинитивно книга нема споредба филмот со мојата фантазија, со слободата на умот и моите режисерски способности, ама понекогаш кога те мрзи да читаш и филмот ќе послужи
 
Еднаш пишав ќе пишам уште еднаш книгата не ме привлекува толку колку филмот. Книгата ме тера на дрема а филмот не затоа би рекол пак филм.
 
Еднаш пишав ќе пишам уште еднаш книгата не ме привлекува толку колку филмот. Книгата ме тера на дрема а филмот не затоа би рекол пак филм.
Земи прочити некоја добра книга, (од филм) и после го гледај филмот да видиш колку подобро ке го сфатиш и поубо е:toe:
Инаку јас повеќе гледам филмови од колку што читам книги инаку и читам книги супер се.
 
Зависи ,во некои случаи е подобро книга,а во некои филм.Сепак повеќе преферирам филм бидејќи некако ме мрзи да читам:kesa:Се разира дека со книгата ние сме режисерот и тоа е една од предностите на книгата кои не ни ги овозможува филмот
 
Хм, па и двете работи, повеќето филмови се направени од книга, така да не знам, иако по ме релаксира да гледам филм, но исто и некоја добра содржинска книга. Значи и двете :smir::toe:
 
каква книга

книга 10 години неам прочитано

само филмови

од таму наубаво се учи

плус зашо да се мучам да читам со денови кога сето тоа можам да го видам у 2 саата на ТВ
 
Книга. Од проста причина кога ја читам книгата јас сум режисер на сето она што книгата. Филмот е сепак ограничен донекаде и диктиран од други.
 
коа читаш книга сам си ги режираш сцените, и така книгата ти станува мн по боље:) а ако по истата книга го глеаш филмот, може цел филм шо ти е у глава да ти се расипе или уште поише да ти се свиѓа во зависност од режисерот:) све си е тоа релативно:)
 
И покрај тоа што сум вљубеник во филмот и глумата, сепак би избрала книга. Зошто? Затоа што кога ја читам книгата тотално се релаксирам, и секој опис, секој лик, секоја случка јас си ја замислувам самата во главата. Значи јас сум си режисер. И како и да го замислам тоа би било правилно. Додека пак во филмот, јас ја гледам идеата што ја имал некој друг во глават додека ја читал книгата. Така да...сепак книга:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom