FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Завршивме со The Fisher King на @santelli . Го гледаа 14 души и му дадоа средна оценка 7,0. Го испуштија:

@Комита Ултрас - втор неизгледан (жолт картон)
@SK-92 и @123456 - трет неизгледан (црвен картон, hope you'll be back).

За следен филм се мислев со кој од предложените да одиме, и одлучив да биде тоа Смрт човека на Балкану, зашто недостасуваше некој празничен, а овој е комедија, па добро ќе ни дојде малку да се насмееме на крајот од мртвава 2021, или на почетокот на следната. Чиј предлог е ова, рековме, ќе остане тајна, но за овој филм сум убеден дека лесно ќе погодите. Се надевам ќе уживаме!
 
Може некој да прати линк за симнување од филмов? Не можам да најдам..
 
Може некој да прати линк за симнување од филмов? Не можам да најдам..
 
Смрт човека на Балкану
Може се води како комедија, му поверував на Zlatikevichius без да проверам, ама не е смешен: ова се обични реакции на обични луѓе: му должев пари = ај ќе ги премолчам, ми го вети алатот = иако никој не знаеше за тоа, ама ќе си го земам, си купи цела лубеница = знаеше дека ќе умре, слушаше таква музика = како да не умре од тоа, итн.
Единственото интересно ми беше што е снимен цел филм со една позиција на камера, можеби и не е сечен-лепен-монтиран, не знам. 5/10
 
Единственото интересно ми беше што е снимен цел филм со една позиција на камера, можеби и не е сечен-лепен-монтиран, не знам. 5/10
Ова е причина зашто не би го гледал "филмов". Да сакав театарска претстава да гледам ќе отидев во театар. Ова е исто ко претстава само гледаш од чуден агол и снимено со грд објектив.
 
Ова е причина зашто не би го гледал "филмов". Да сакав театарска претстава да гледам ќе отидев во театар. Ова е исто ко претстава само гледаш од чуден агол и снимено со грд објектив.
Е да, филмов слободно може да биде театарска претстава :)
 
Повеќето балкански филмови се (траги)комедии. Едноставно таква ни е природата да во све наоѓаме некои смешки и глупоштини. Лабав народ сме. Па на погреби колку хумор и смеење има тоа ни на свадби го нема. Жими мајка. Надреално нешто.

Филмов ни е класичен пример за балканска себичност, глупоќа, алчност и куроболие.

Тој се самоуби, Ацо се уби од фалење дека паркет му местел, Нада се секираше дали телевизија ќе дојде за да биде убава пред камера, му го донесе јадењето на овој да не остане гладен. Вера го покриваше огледалото со пешкир, класично суеверие, никој не знае да го објасни ова ама битно така се постапува и не смееш да прашаш зошто. Веско испи 100 ракии, му прдеше на мртовецот, му дужел пари, се закани дека никад нема да ги врати. Го нападнаа мртовецот дека ќе им наштети со самоубиството, го вреѓаа дека се самоубил и со тоа овие ќе имаат проблем да ги шитнат становите у иднина. Си се договорија кој со што да се почасти.
Дојде гробарот за да спечали пари, класична лакомост и алчност за пари.
Медицинските лица кур ги болеше, тој тикет пратеше, оваа телефон пунеше.
Тој станот го продава.
Пица доставувачот си чека да ја наплати пицата.
Џандарите класични селендри и глуперди, тој бркото демонстрира авторитет и курчење, пијаница што ја тепа жена му, после се пичка пред камерата.

На крај со свеќи дојдоа.
У саксија ги ставаа.

Добар филм бе што, брзо се глеа, уопште не ми сметаше камерата, баш беше таман и на место пошто го централизираше случувањето и го фокусираше на ова што го зборев погоре.
Не знам оценка што да му дадам, овие балканскиве филмови што ги имав глеано пред летербокс не ми се оценети повеќето, ама добро нема потреба да споредувам.

Ги сакам јас овие наши ЈУ филмови, а и празници идат, последен филм е у годинава па ај ќе го почастам со една 8ца.
 
брзо се глеа, уопште не ми сметаше камерата
Да, се гледа брзо и камерата и мене ми беше интересна дека статична, не ми сметаше, ама па ништо смешно ни уметничко не видов: цела балканска реалност претставена е во филмот, ама баш на начин што се случува при вакви настани, и ништо повеќе нема. Според мене де, нема ништо повеќе :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom