FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

@statusQuO Јас го сејам PublicHD торентот од рутракер (6,5gb). Вчера некој симнуваше од ајпи 77.х.х.х13, излгеда ти си бил :)
 
Јас не можев да пишувам, ги изгледав Wings of Desire, Princess Mononoke и The Age of Shadows. До утре напладне најкасно ќе напишам збор два три.
 
@statusQuO Јас го сејам PublicHD торентот од рутракер (6,5gb). Вчера некој симнуваше од ајпи 77.х.х.х13, излгеда ти си бил :)
И ја го откорнав тогаш, фала :D

Патња, патња, и само патња.
Филмов како да се обидуваше да ни каже „мислиш дека оваа личност пати?“
„Чекај да видиш на овој што му се дешава(ло).“
Мрднати ова скандинавциве у курац.
Колку си пореметен?
I raped my 10 year old niece with a light bulb Level
Втората половина филмот ич не ми држеше внимание.
5.75/10
 
И ја го откорнав тогаш, фала :D

Патња, патња, и само патња.
Филмов како да се обидуваше да ни каже „мислиш дека оваа личност пати?“
„Чекај да видиш на овој што му се дешава(ло).“
Мрднати ова скандинавциве у курац.
Колку си пореметен?
I raped my 10 year old niece with a light bulb Level
Втората половина филмот ич не ми држеше внимание.
5.75/10
Оценкиве почнале да паѓаат по истата стапка како струјата
 
Оценкиве почнале да паѓаат по истата стапка како струјата
Јас мислам дека @Anon е престрог. Дури и на невидено, вака, јас би му дал мин. 5.76/10. :P
 
И ја го откорнав тогаш, фала :D
Епа ти, Corvus и statusQuO. Соодносот досега ми е 3. Corvus e на близу :)

Purge (2012)

Филмов е за страдањето на едно семејство во втората светска војна, кое што се пренело и на новото поколение во денешно време. На почетокот мислев дека ќе го разработува проблемот на белото робје, но тој се префрли едно пола век и повеќе назад. Според дејството уште еден од многуте филмови за страдањата на населението, соработниците на окупаторот и на отпорот во војна. Од тој аспект ништо ново не понуди, ниту фрли ново светло на некои случувања. Мотивацијата на ликовите иако беше јасно прикажана, некако ми делуваше неуверлива и изгледа заради тоа некако не почуствував емпатија кон нив, единствено малку кон девојчето. Тоа и ми го држеше вниманието, ме интересираше што ќе се случи со неа и како ќе се спојат приказните на бабата и внуката. Пред крај ми се отвори прашањето како воопшто постои внуката кога мајка и ја осакатија уште како девојче?! а и веднаш после тој чин го видовме девојчето како трча како ништо да не се случило.
Останатите елементи беа ок, музиката ништо нарочито, камерата стандардно.
На филмов сакав да му дадам шестка, ама ете една седмица само затоа што режисерот одолеа директно да ја прикаже бруталноста на некои сцени и да го претвори филмот во сензационалистички.
7/10
 
Фала уште еднаш @moongoses за сидот.
А, филмот... што да ви кажам луѓе, не знам, so-so. Морам да признаам дека не држи внимание и дека разбработува теми што мене ми беа доста далечни и unrelatable. Целата приказна на Зара и белото робје ми беше неинтересна, па се фокусирав на онаа со Алиде и Ингал, којашто од своја страна понуди поразработен наратив, иако и тука не се поврзав со ликовите и бев многу индиферентна кон нив и нивните судбини.
Во однос на „критиката“ или можеби поссодветен збор би бил претставата на Сталинизмот не добивме многу повеќе информации од оние што веќе ги знаеме од милион филмови што во себе содржат елементи на руската политика, голем дел од нив блокбастери, зашто Американците љубат да зимаат Руси за антагонисти, а од некоја причина и Марвел Универзумот упорно не дави со тоа, па кога одеше сцената со стерилизиција, не можев а да не помислам на Наташа Романов и Црвената Соба. Исто така друг филм којшто често ми доаѓаше на ум, без било каква паралела и поврзаност меѓу двата филма, беше предлогот на wicked што го гледавме пред некој месец, и којшто исто така се занимаваше со критика кон комунизмот, Salt now and then, и така...
Се на се, тоа што можам накратко да кажам за филмот, е дека игра на карта емоции кај народ кој можеби е дирекно засегнат од плотот, или за некој кој нема претстава за режимот на Сталин; музиката и кинематографијата - океј, просек; глумата - солидна.
Тоа би било се.
6/10
 
Го делам мислењето со тројцата, да не се повторувам на таа тема. 6/10 од мене. Само сакам да напоменам дека цело време правав паралела со претходниот на @Вокерка , Brothers: де заради атмосферата која беше слична, приказната сместена таму некаде во источна Европа, подолу или погоре, во Brothers двајца браќа со нарушени односи заради жена, тука две сестри со комплицирани односи заради маж... и така натаму. Многу ми беше страшен ликот на плавушата кога беше млада. Многу добро си одглуми девојчето, навистина ме убеди дека беше до уши заљубена во зетот, но ми изгледаше како лик од хорор филм и мислев дека ќе направи некој масакр во секој момент. И го направи до душа, ама на крај, како стара баба. И едно нешто се прашувам: како успеа да издржи да живее сите тие години во куќата со трупот кој и скапуваше под патосот? Толку ли не и смрдеше? ОК, да не должам со небитни муабети - просечен филм, не беше лош во речиси ниту еден аспект, но некако не ми го задржа вниманието доволно, не ме натера да сочувствувам со ликовите, ниту пак да почувствувам било што додека го гледав. Веројатно на локално ниво можел и успеал да ги заскокотка повеќе гледачите, овде кај нас некако како да не упали.
 
Purge
Откако си го репризирав филмот, кој самиот го предложив, морам да признаам дека по малку сум разочаран од вашите коментари. Но за тоа подоцна.
Како што знаме сите кои што го гледавме, станува збор за приказна на повеќе генерации. Сепак, како главни ликови може да се издвојат Алида и Зара. Освен што и двете имаат потресна животна приказна, тие се и крвно поврзани. Судбината ги спојува за да стави крај на некои нешта, кои иако мртви, сеуште лебдат во воздухот. Во филмот е претставена една потресна и тажна приказна, која е поткрепена со одлична музичка подлога, фантастична глума и добра кинематографија. Така што, останува истата оцена од првото гледање - 9. Ништо помалку. И за да не го тупам многу и за да не си го фалам филмот кој самиот го предложив, тоа ќе биде се од мене.
За крај би сакал да направам краток осврт на тоа што е досега напишано. Не ми пречи тоа што не ви се допаѓа филмот, @Anon си можел да го оцениш и со 2.14. Ама ваков филм да го опишеш како патња, патња и само патња ми беше смешно. Затоа што овој филм е многу повеќе од патња во недоглед. Мене ми е навистина криво што ти не си успеал да видиш ништо друго освен тоа. Освен квалитетите кои ги набројав горе, во филмот има два лика кои се прекрасно претставени. Нормално претставени преку нивните страдања и падови; преку говорот на совеста на главните женски ликови; преку љубовта и болката, откажувањето ; преку војната...
Тоа што сакам да го кажам е дека не ме нервира тоа што сите му дадовте 6, туку што не го видовте во филмот тоа што го видов јас. Освен тоа, ликови за кои помнам која оцена ја дале речиси за секој филм се Злате, Хоуп и Анон. Затоа сега сум збунет со дел од оцениве. На крајот на краиштата, не ме засега воопшто, не сум го снимил јас филмов... само ми е мака што не го видовте тоа што го видов јас во филмов.
 
@Anon си можел да го оцениш и со 2.14.
Не беше толку лош.
Ама ваков филм да го опишеш како патња, патња и само патња ми беше смешно.
Па еве, изгледа и IMDB сакаат да бидат многу смешни бидејќи ова го пишува во објаснувањето а јас сега го прочитав:
A tormented young woman is given a hiding place by an elderly lady and soon they are reminded of their mutual horrendous past.
 
@dejan_k , јас не можам да речам дека моите оценки секогаш зависат само од филмовите кои сум ги гледал, туку веројатно влијаело и расположението во кое сум бил кога сум ги гледал, може и тоа бил проблемот кај мене со Purge, зашто вака кога размислувам од дистанца од неколку денови, стварно не можам да најдам замерка за филмот, ама знам дека кога го гледав ми беше досаден и не можев да му дадам повисока оценка од 6, што и не е така лошо. Но, иако обично не правам споредби со оценките кои сум ги дал за други филмови, сега ги проверив филмовите за кои сум дал 6-ки, и освен во случајот со War of the Buttons кој мислам дека можел да биде и пониско оценет, сите останати: Character, A Time to Kill, The Hottest State, The Congress, Alive и овој - ми се сите на таа иста линија, за нијанса погоре или подолу.
 
Ете, сепак патња @Anon .
@Zlatikevichius , никој од нас не седнува да гледа филм прочистен од минатите искуства, расположението, каков ни бил денот. И нема потреба од споредување. Сепак ме изненади со оцената.
 
Јас не можев да пишувам, ги изгледав Wings of Desire, Princess Mononoke и The Age of Shadows. До утре напладне најкасно ќе напишам збор два три.
Yeah, right! Liar![DOUBLEPOST=1499448323][/DOUBLEPOST]И ај да се тагнеме малце, на три дена пред крајот на филмов, неделава, кругов... @devilko , @Goodfella , @wot , @Донев и @Вокерка - уште вие останавте. Се изретчивме, упм!
 
Последно уредено:
Се изнагледав филмови овие денови, а иде викенд, би требало да се прави маратон, ваљда нема да те излажам ако кажам дека ќе го гледам до недела :D

ЕДИТ: Првиот не почна воопшто, а вториот торент на 86% престана да се симнува... не сум нешо мн упорен у последно време, ама ќе пробам и со уште еден торент ако не биде со овој. Ако не, може Age of Shadows да го пуштам, ваљда ќе ме држи концентрација.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom