FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

А бе мене гледан ми е, само не ми се пишува нешо.. :oops: пиши му 8ца од мене. Следен кој ќе предлага?
Абе шо е ова ти мислиш ќе ти веруваме на збор. Ова е сериозен клуб бе, земи пиши нешто. :D
 
И јас го изгледав пред некој ден само не стигнав да пишам.
Ми ги исполни очекувањата што ги имав според сеќавањето што ми имаше останато од детство. Исто ко другите што пишувавте, можев да видам зошто како дете ми оставил силен впечаток и ми останал во сеќавање како ептен јак :D
Интересна приказна, добри ликови и сето тоа супер претставено за во ниеден момент да не ми здосади и да почнам да чепкам во телефон.
Другиве на Мијазаки што ги спомнувавте како подобри ги немам гледано, па си ги симнав сега, да чекаат добар момент.
Оцена 8.
 
Гледан. Уште 1984 и пишувам.
 
Јас го изгледав и му пишав 7
Нормално би кажала збор-два од импресиите, ама веќе се е кажано а и мозоков ми е на snooze цел ден така што ќе пристапам кон плагијаторство

7/10
Океј филмче, стандардна Џибли анимација, супер музика, добра приказна.
Не знам зошто се викаше Princess Mononoke though, Wild Boars или The Curse можеби се посоодветни имиња.
Мислам дека малку му е поминато времето, загарантирано подобар би ми бил да го глеав порано/коа бев помал.
Многу гадни тоа демонот/тентаклите.

1. МИ ПРЕЧИ
2. ОК Е
3. МИ ПРЕЧИ

Се согласувам со се од наведеното и дополнувам дека беше многу долг.
Ајде sweet dreams, заминав јас за Dreamland.
 
Крај за второто аниме во клубот. 10-мина го гледаа (заедно со @dejan_k кој рече дека го гледал, но не напиша ништо, па така и неговата оценка не е вклучена во просекот за филмот, и заедно со @Hurin кој ни се приклучи за прв пат, и посакувам да нѐ дружи и понатаму), и дадоа средна оценка 7,6. Го испуштија терминот: @Corvus (прв филм), @Хоуп , @Васил МКД и @Zarniwoop (втор филм, жолт картон :P).

Се ближиме кон крајот на вториот круг предлози во клубот. Теоретски, веќе е невозможно според правилата некој да се приклучи за да предложи филм во овој круг, па така остануваат дефинитивно само уште двајца предложувачи. Тоа значи дека за точно 28 дена од денес, започнуваме со предлозите во трет круг. Затоа, би сакал да ги повикам сите оние кои беа со нас, макар и краток период во првите 2 круга, да се вратат и да нѐ дружат во третиот. Некои од нив, меѓу кои двајцата кои во претходниве два круга редовно први предложуваа филмови, ќе го изгубат правото да предложуваат први во третиот, затоа што немаат изгледано ни еден од последните 3 филма, затоа еве последна шанса да го исправат тоа во последните две недели (@grande-juve е невозможно да се врати, веројатно, thou) - @grande-juve и @MyloXyloto .

@Вокерка е на ред! За прв пат предложува филм во клубот, и избра еден кој е навистина нешто ново тука: прво, затоа што е доста редок, второ, затоа што веројатно е новиот рекордер со најмал број на гледачи во светот - само 104 гледачи на IMDB и само 8 на Letterboxd, трето - доаѓа од држава од која јас не сум гледал филм во животот, мислам, и четврто - затоа што е правен според роман кој одамна го имам прочитано, за прв пат таков филм во клубов. Е сега, само мало појаснување, пред да и ја препуштам тастатурата на @Вокерка - филмов не можеше да се најде никаде, освен на Vimeo, и тоа како приватно видео. Немаше ни превод за него, само прикачениот на него, англиски. Но, бидејќи мнозинството се изјаснивте (sorry @Anon) дека не ви смета доколку гледате таков филм, сепак се одлучивме да одиме со овој, а @Вокерка ќе ви објасни зошто толку инсистираше на него. За да олесни на сите, филмот го симна и го прикачи на Dropbox, па така нема да мора да го гледаме директно од Vimeo и да се нервираме ако ни кочи интернетот, сецка филмот, и сл. Ја чекаме @Вокерка до 20:00.
 
Ама знам дека полагаше, и дека ќе го гледаше викендов, може и си го гледала, ама јас морам... Sorry. :love:
Над твојот пост имам пишано дека го гледав и дека му стаив 7 :unsure:
Многу сакаш да ме тагнуваш, нели? :love:
 
Над твојот пост имам пишано дека го гледав и дека му стаив 7 :unsure:
Многу сакаш да ме тагнуваш, нели? :love:
Упс... :sramezliv:[DOUBLEPOST=1497268297][/DOUBLEPOST]11 души го гледале, 7.5 просечна оценка - мој конечен одговор!
 
Последно уредено:
@Вокерка е на ред! За прв пат предложува филм во клубот, и избра еден кој е навистина нешто ново тука: прво, затоа што е доста редок, второ, затоа што веројатно е новиот рекордер со најмал број на гледачи во светот - само 104 гледачи на IMDB и само 8 на Letterboxd, трето - доаѓа од држава од која јас не сум гледал филм во животот, мислам, и четврто - затоа што е правен според роман кој одамна го имам прочитано, за прв пат таков филм во клубов. Е сега, само мало појаснување, пред да и ја препуштам тастатурата на @Вокерка - филмов не можеше да се најде никаде, освен на Vimeo, и тоа како приватно видео. Немаше ни превод за него, само прикачениот на него, англиски. Но, бидејќи мнозинството се изјаснивте (sorry @Anon) дека не ви смета доколку гледате таков филм, сепак се одлучивме да одиме со овој, а @Вокерка ќе ви објасни зошто толку инсистираше на него. За да олесни на сите, филмот го симна и го прикачи на Dropbox, па така нема да мора да го гледаме директно од Vimeo и да се нервираме ако ни кочи интернетот, сецка филмот, и сл. Ја чекаме @Вокерка до 20:00.


Предизвик е да се најде негледан филм за филмаџии во филмски клуб. На ред се и моите 2 недели.

Снимен според романот на шведскиот писател Торгни Линдгрен, „Бумбаров мед“, реализиран од младата украинска режисерка Викторија Трофименко Braty. Ostannya spovid (Brothers. The Final Confession) е длабока психолошка драма за односот меѓу двајца браќа. За мене овој филм е длабоко естетско доживување, ко модерна Каин/Авел верзија закопана во напуштена куќарка. Можеби попогоден би бил за зимскиот период, но сакам да верувам дека на делата што вредат времето не им може ништо. Во центарот е ставена темата на животот, смислата и одминувањето кои секако се вечни теми. Да не откривам повеќе, со нетрпение ги очекувам коментарите.

Бидејќи го нема по торенти, можете директно да го гледате или да го симнете од линков на Dropbox.

I rest my case. :misticen:
 
Princess Mononoke
Изгледа ми стана навика да доцнам, па сега повторно би требал да се повторувам, со оглед на тоа дека кажано е се. Ми се допаднаа некои пораки кои ги носеше филмот, како и музиката. Се останато ми се чинеше просечно. Исто така, првиот дел ми беше многу подобар и го гледав со поголемо внимание. Како и да е, морам да признаам дека немаше некое уживање. Никаква магија не почувствував додека го гледав. Затоа повторно ќе му дадам средна оцена, односно 5.
Nineteen Eighty-Four
Филмиште, иако не може да се рамни со книгата. Од мене 8.
Les diaboliques
Го имам гледано римејкот со Sharon Stone. Тоа воедно беше најголемата мана (што всушност и не е мана) на филмот. Веднаш ја препознав приказната. Затоа само 6.

Се радувам на новиов предлог затоа што ја имам читано Бумбаров мед!!! :vozbud:

@Хоуп каде си?
 
Последно уредено:
Де бе, уште никој не го ѕирна филмов? Јас го изгледав сабајлево, па еве да направиме сефте: станува збор за дебитантски филм на режисерката и на најголемиот дел од глумците, адаптација на романот „Бумбаров мед“ од Торгни Линдгрен, но со украински сетинг, некаде на Карпатите. Романот го имам читано одамна, уште пред десетина години, не се сеќавам многу добро на него. Она на што се сеќавам е дека не бев којзнае колку одушевен од приказната колку што бев одушевен од атмосферата околу која се одвиваше дејството. Слична атмосфера видов и тука, во филмов, но овојпат украсена со мноооогу симболика, и со длабок религиски и политички подтекст (база, основа). Да, не може да се занемари влијанието на библиската приказна за Каин и Авел, но тука е прераскажана видливо и значително поинаку. Тука нема еден Авел и еден Каин и една борба меѓу нив, туку во секој од двајцата браќа има по малку Авел и по малку Каин. Тука никој не убива никого експлицитно, туку еден со друг со децении се убиваат тивко, полека... или подобро кажано - чекаат судбината да пресуди и да и дозволи на смртта да го земе прво другиот, братот. Приказната се одмотува полека, бавно, типично за филмовите од источна Европа, под влијание на руската школа. Во едно мало местенце на Карпатите, отсечено од светот поради дебелата снежна покривка пристигнува една безимена жена, писателка, со цел на мир да напише роман за светецот Кристофер. Таму наоѓа двајца жители, соседи, браќа, и двајцата смртно болни, но не се даваат, зашто секој од нив посакува прв да умре брат му. И додека писателката им помага, де на едниот, де на другиот, полека ги запознава и ја запознава причината за нивната кавга и за јазот кој се створил помеѓу две суштества кои биле во иста утроба. Причината, (повторно библиски) е ЖЕНА! Или подлабоко, посложено од тоа, но сепак во суштина - жената на едниот брат, на која и мрдаше опашката па посака да ги има и обајцата, па другиот брат и направи дете кое го израснаа тројцата, како родители, беше коренот за да се створи јазот, во еден момент дури и физички јаз, и јаз кој беше причина за смртта на нивниот син. Мошне интересен, запрепастувачки, беше моментот кога детето умре затоа што двајцата браќа се тепаа кој да му го спаси животот. Исто, многу интересна ми беше симболиката на писателката-спасител. Не дека можеше да ги спаси од гревовите, но им помогна да умрат полесно, што на некој начин и беше спасение за обајцата. Од филмски аспект, интересна ми се виде постапката на time travel во исти сцени, без резови. Пример: младата Ивга, или како и да се изговараше тоа, се облекува пред огледалото пред младиот Станислав, и додека камерата се движи од едно место на друго, на местото на младиот доаѓа стариот болен човек, а на местото на жена му - писателката. Имаше уште неколку вакви моменти кои ми се видоа навистина интересни. Она што е навистина силно во филмов, е режијата - режисерката направила одлична работа, и тоа мора да признаеме, е најсилната алка тука. Мене ми фалеше само динамика, истото што ми фалеше и во „Бумбаров мед“ пред многу години. Затоа на моменти ми беше премногу досаден, непотребно развлечен и полн со филер-моменти. Затоа и му намалив малку од оценката и му дадов само 6/10. Да беше пократок, барем за половина час, можеби немаше толку да се досадувам, приказната ќе беше позгусната, а оценката ќе беше поголема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom