Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кај мене го нема на Нетфликсионака го има на Нетфликс.
Кај мене го нема на НетфликсВо домашна атмосфера ќе му дадам шанса уште еднаш ионака го има на Нетфликс.
Читајќи ги овие неколку мислења пред мене, плус 3 саати чешка црно-бела драма, плус у најавите претходната недела имаше коментари за споро дејство и пцовки, си викам ај ќе го гледам на 2-3 пати и затоа го пуштив ноќеска у 12 саат. Ај ќе ми се приспие за саат време, утре цел ден на рати и ќе го изгледам некако. Ќе попцујам класика, 1 и зз.
Не трепнав!
Се разбудив сеа у 10 ипол и викам ај уште малце да подремам ама ми текна на филмов и ме разбуди.
Многу добар филм.
Т.е ова не е добар филм. Ова е многу вознемирувачки, многу тежок, многу болен, многу брутален, многу гнасен, многу Иди и смотри филм.
Филмов бара добра атмосфера за гледање, ти треба темница и тишина за ти само да тонеш у агонија и анксиозност.
Точно дека е спор, ама тоа само му додава на тежина на самиот момент и некако потсвесно почнува да ти гори анксиозноста и да те фаќа паника при првиот човек што ќе го сретнеш заедно со детето.
Некоја вознемирувачка линија ти движи низ телото цели 3 саати.
Јас знаев дека ќе бидам шокиран уште на првата сцена коа го запалија зајчето. Во продолжение искрено не очекував такви настани и таква гнасотија и све тоа што се деси. Не е ова вистинска приказна, иако првично се мислело дека се автобиографски сеќавања на Јержи Косински кој е автор на новелата Обоената птица по која е праен филмов.
Без разлика дали конкретно оваа приказна е вистинита, сепак постоеле вакви случувања, верувања и се ова што го помина детето. Можеби не у серија ко тука, ама сигурно многу изгубени сирачиња поминале низ ваков или сличен пекол.
Има прекрасна кинематографија филмов и баш би сакал да видам како ова изгледа у боја. Ама само да видам. Црно белиов тон му даде автентична атмосфера да се соживееме со моментот. Ко Шиндлеровата листа.
Не можам а да не го споредам со Иди и смотри. Тој е гнасен филм што остава последици.
Јас одговорно, во името на сите, Обоената птица ја ставам на исто рамниште со белорускиот.
Можеби таму повеќе преовладуваат пукотници и акција а со тоа добива на динамика и може да те размрда малце. Овој е поспор ама пострашен. Перфидно ти влага у психа и те тепа од внатре. Озбилно ви кажувам. Ова е страшен филм.
Мала замерка е што детево немаше некои видливи физички промени покрај сите патешествија што ги помина. Можеби требаше малце да го пропаднат у изгледот.
Харви Кајтел повели на ракија, салата, турско кафе, сарма, слатко од смокви и ајвар, пријателе мој славорумски.
Секако и Бери Пепер - око за око, зуб за зуб.
Стелан Скарсгард ќутеше, а Дарко Рундек ја тепаше жена му, курвата.
Алексеј Кравченко од Иди и смотри е советскиот војник што го спаси малиот, во сегментот Митка, заедно со Бери Пепер. Одма го познав тој поглед.
![]()
![]()
На тој му имам дадено 8ца, сеа ќе ја сменам во 9ка.
Иста оценка и за The Painted Bird, 9/10.
Да ти ебам мајката.
Јас самиот не бев свесен за ова, жими се. И глеј сеа, сите ќе го нападнат со кецови, двојки само јас најголема оценка.Знаев, едноставно знаев дека ќе ти се свиѓа. Знаев дека ќе му даеш голема оцена! Настрадин оџа!
Фала на читање.Па уште во 10 сабајле го гледал![]()
Јас сериозно не преовеличувам, вчера пред за заспијам ми се појавуваа сцените шо ги гледав и тешко заспав.
![]()
затоа го пуштив ноќеска у 12 саат.
Фала на читање.![]()
Направив збунка со ова. Знаеш дека сум сенилна..Се разбудив сеа у 10 ипол и викам ај уште малце да подремам ама ми текна на филмов и ме разбуди.
И ова е уметност, како што кажа погоре за камерата. Да направиш гледачите да имаат чувство на гадење и вознемиреност кога ги гледаат сцените а тие воопшто да немаат експлицитна содржина. Не може секој.сцените во кои се случуваа гадостите сите беа скриени, тивки, не беа до толку визуелно доловени. Да, имаше сцени ко почетната со зајчето, ко онаа со птицата, ко сексов со козата ( тука бев доста wtf ), впрочем и тој чаптер најмалце и ми се свиѓаше. Али после тој чаптер конечно и видовме некаква промена во емоциите на детево, после се тоа што му се случи се знаеше дека љубовта ќе го смени. Да се вратам на вознемирувачките моменти, доста покомерцијални филмови имаат поексплицитни сцени од овој.
Исто. Филмов е врв.Не знам, јас го изгледав во еден здив, иако тој здив беше преполн со анксиозност и вознемирување али не ми сметаше, ќе се каев да не го догледав, ќе сум изгубел многу ако не сум ни го почнал.
Даа бе, на сценава се згазив од смеење, т.е не беа во иста сцена. Колвањето на гавраните ме шаштиса ама воа со бабава ме пресмеа. Од нигде никаде крена суќнаа и од нога почна да моча... ахахахаБрат бабата кога мочаше во сегментот кога го колвеа гавраните, ме мрдна од памет. Жими се.
Хахах му покажа, а баш мислев тоа ќе биде едно од понормалните поглавја. Што знам, така наликуваше на почеток барем. Али не му било во план на писателов да прави нормални поглавја, очигледно.Иначе мислам дека немаше секс со јарецот таа менталната, туку сакаше да му покаже на малиот дека ако не може он, има друг... Откако умре тој стариот кого изгледа го силуваше оваа.