Должам рецензија за филмов, сори
@Джонтра Вохохолта.
The Sea Inside
Бардем и Мабел, цел филм. Не знам која беше улогата на Роса во филмов ама ми беше вештачки лик. Прочитав дека е по вистинска случка, ама сепак мислам дека има доста измени за филмов.
Самата приказна и цел тој билдап со Јулиа на почеток ми беа симпатични и ми даде надеж дека можеби приказнава ќе има хепи енд (у овој момент не знаев дека е по вистинска приказна, или не сум го прочитал тој дел или сум го заборавил).
Ме разочара што сето ова на крај не водеше нигде, на толку "тензија" меѓу двајцата очекував повеќе од еден бакнеж и фантазија за бегство.
Сепак иако Рамон се смееше и беше весел низ целиот филм, што знам сепак мислам дека единствена искрена насмевка му беше кога беше во присуство на Јулија, поготово после бакнежот кога ја викна демек ногата го чешала да му помогне.
Роса не сакам ни да ја коментирам, еутаназија треба да се легализира баш ради вакви ликови. Човече замисли да си врзан на кревет и да ти досаѓа оваа, цијанид одма. Ептен ми беше антипатична и еве уште не можам да си објаснам која улога ја имаше во филмот освен да му "помогне" на крајот.
И што беше целата прича со фабриката и нејзините деца? Непотребно.
За 10/10 да биде филмов, не ми фалеше емоција туку што немаше одредено фокус, врската со Јулија/Роса или битката со легализирање еутаназија. Емоциите на Рамон ги сфатив како и неговото тело, мртви. Немаше во него никаква желба за живот. Беше решен дека тоа му е единствениот спас. Највеќе ме погоди сцената со татко му кога кажа „Полошо од тоа да имаш мртов син е да имаш син што сака да умре“.
И него му беше најтешко мислам.
Никој не можеше да се помири со неговата желба, а храброста негова остана до крај.
Рамон би го опишал како себичен, ама ако се запрашам веројатно не би имал против таа желба. Зошто да треба на некој да му докажуваме дека сакаме да умреме? Остава трајна болка кај сите околу него, а он наоѓа спас. Од аспект на татко, да имаш дете што сака да умре и да го закопаш... не знам, веројатно ќе умре се во тебе. Ама па имаше ли живот воопшто за Рамон?
Од тегничкиот аспект се ми беше одлично! Музиката не ми сметаше, а кадрите со неговото летање беа фантазија.
9/10
@Zlatikevichius тргни ми го минусот те молам
И да дадам едно мислење т.е. осврт на минатава година за трета сезона на клубов.
За мене е прва и искрено криво ми е што волку касно се вклучив. Филм и ТВ секогаш сум го читал, дури и Ио кога беше модератор, ама никогаш не влагав во дискусии, од не знам кој причини. Подфорумов и конкретно темава се најдоброто нешто на форумов моментално. Единствен простор каде што никој не ти замерува затоа што имаш различно гледиште на одредена тема/филм, туку напротив го дискутираш тоа. Дефинитивно целта на клубов барем за мене е исполента, се збогатив со некои нови филмови што на своја рака никогаш не би ги пуштил, а веќе ми се меѓу омилените.
Соул ќе ми е меѓу омилените, ќе го памтам како прв изгледан филм во клубов, и беше 10/10! Sound of Metal, филм што ми стоеше во watchlist од кога излезе, па го изгледав дури кога му дојде редот. Sling Blade, Never Look Away, Laura, Andhadhun, Enter the Void и сега The Sea Inside. Филмови што би ги издвоил од клубов што ми оставиле посебен впечаток. Иако немаат 10ки од мене, сепак се филмови што многу вредат. Ако треба еден да издвојам веројатно ќе биде Sling Blade, тоа mhmmmm на Карл уште ми ѕвони во ушите. Ќе го репризирам пак деновиве обавезно. На второ место ќе го ставам Enter the Void, не толку за филмот колку што беше искуството дур го гледав.
И се надевам ќе развиеме уште поголема дискусија во клубов и нема да останеме само на рецензиите. Тенкс на сите што се дел од клубов и го прават убав.
Long live the club!