Film Club - трета среќа! (138. The Broken Circle Breakdown: 29.11-12.12.2021)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
10.052
Поени од реакции
23.427
MAR ADENTRO

Филмиште! Симнат ми е многу одамна, одбивав да го гледам само зашто не сакав да доживеам депримирачки моменти како по The Diving Bell and the Butterfly со кој овој ми беше премногу сличен. Ама ова беше далеку од депримирачко искуство. Хавиер Бардем и Белен Руеда беа прекрасни! Цел филм товарот на свој грб го понесоа. И плус морам да ја спомнам актерката што ја глумеше Мануела - алал вера! Музиката звучеше по малку ко некоја келтска музика, но според мене во секој момент совршено беше вклопена во филмот. Не знам дали знаете, но автор на музиката е Алехандро Аменабар лично! Негова режија, сценарио, музика, продукција, монтажа... :cuc: Без коментар! Филмов, инаку, беше номиниран за 2 Оскари за 2004, за шминка (Бардем беше среден до непрепознатливост!) и странски филм, а вториот Оскар и го освои, во конкуренција на еден Downfall, а и во годината кога беше направен The Motorcycle Diaries кој дури не беше ни номиниран! Не можам со зборови да ги опишам „летањата“ на Рамон над полињата и морето - перфектна кинематографија придружена со прекрасната музика! Филмов буквално ме опседна со убавини, ме остави цел наежен и со многу емоции и мисли во мене. Чиста 10/10!

18.03.2021 - пред само 6 месеци, а 25 години по смртта на Рамон Сампедро, Шпанија стана четврта држава во Европа која донесе закон со кој им се овозможува на луѓето да имаат право да го прекинат својот живот под одредени околности. Четврта држава во Европа во која еутаназијата за која Рамон Сампедро се залагаше - стана легална. Затоа @Джонтра Вохохолта - подобро време да го пуштиш филмов и не можеше да избереш.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
516
Поени од реакции
1.114
Mar adentro 4/10

И мене темава не ми беше нешто ново, па може затоа не ми се допадна. Ама пак, многу досаден филм, го утупеа, не се догледуваше. Се беше некако натрупано, колку да се пополни време. Филмов е да биде максимум саат и пол.

ПС: Очекував подобар предлог.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
118
Поени од реакции
770
Mar Adentro 2004

Не знам како филмов не успеа да допре до неколкумина од вас.. или сте вие тврди или јас преголема лигла што липаше на секои 10 минути.
Да, темата е навистина тешка и депримирачка сама по себе, но со глумата на Бардем доби еден сосема друг тон. Тоа што ликот на Рамон постојано се шегуваше со луѓето, беше постојано насмеан и позитивен (освен во моментите кога требаше да им се докажува на останатите зошто сака да умре) беше доказ за неговата храброст. Храброст да го прифатиш фактот дека твојот живот е засекогаш сменет, но воедно и храброст да останеш позитивен за своите околу себе. Имаше една реченца која ја кажа тој и која многу ме погоди, одеше нешто вака: "Кога си опкружен со многу луѓе од кои зависиш, ќе научиш да плачеш смеејќи се." Тој всушност, својата болка ја изразуваше во насмевката.
Ликот на Јулиа ми беше сосем прикладен, единствено не ја сфатив улогата на Роса во филмот. Ми се чинеше како нејзината приказна да беше со сила вметната сѐ со цел да дојде до крајниот момент кога треба да му помогне, зашто режисерот не сакал тоа да биде Јулија.
Музиката беше преубава, посебно во оној дел кога летавме заедно со Рамон.

9/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.056
Mar Adentro (2004)
Да речам дека ми беше жал за Рамон, ќе излажам. Сепак тука и не е поентата да ни биде жал за него.
Немаше некоја неизлечива болест во која се знаеше дека ликот ќе умре, па треба да го сожалуваме, овде ликот сам, свесно сакаше да умре зашто не гледаше поента да живее како билка и да биде секојдневен товар на сите околу него.
Барем ја така гледам на филмов. Позитивата и хуморот на Рамон придонесоа филмов да не биде уште една патетика какви што сме гледале досега.

Бардем никогаш не сум го сакал ко актер, али овде поштено си одглуми.
Белен Руеда е срцка во секој филм што сум ја гледал (а сум ја гледал у барем 5-6 филма). И тука нејзиниот лик Хулија беше одлично изигран. Роса исто одлично изигра.

Музиката беше интересна. Претпоставувам галициска, пошто во неколку наврати споменаа дека Рамон има некое потекло од таму. Костими, сценографија, фотографија одлични.

Сума сумарум добар филм Џони, добар. Не ми беше досаден и напорен во ниту еден дел иако се очекува такво нешто кога се работи за некоја ваква тема ко болест/хендикеп.
За 10/10 ми фалеше нешто повеќе, па од мене има 8/10.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.345
Поени од реакции
5.231
Mar Adentro (2004)

Ни ваму ни таму сум со филмов.

Иако борбата беше да се прекине животот, некако иронично тоа всушност потенцираше зошто вреди и треба да се живее. Рамон немаше неиздржливи физички болки, ама имаше изгубена волја да им се радува на ситните нешта. Не разбираше дека можеби неговите совети и самото негово присуство на некој друг ќе му бидат причина да живее. И не размислуваше на тоа како ќе им биде на другите кога него ќе го нема.

Овие теми колку и да ги разглабам секогаш на вага и pros и cons аргументите ќе ми бидат изедначени и немам некој цврст став „за“ или „против“ па така и сега не бев секогаш на страната на Рамон, и иако се трудев да ја разберам неговата положба, сепак верувам дека никој што не искусил такво нешто не може целосно да разбере.

И токму поради тоа можеби и не се поврзав ни со ликот на Бардем, ниту со останатите ликови. Најголем впечаток ми остави таткото со реченицата „Полошо од тоа да имаш мртов син е да имаш син што сака да умре“. Ликот на адвокатката беше тука за да сочувствува, а Роса не ја изградија доволно, избрзано ми беше тоа „заљубување“ и „помошта“ што му ја понуди.

Музиката, поезијата, морето додадоа некој лиричен шмек, како да сакаа да кажат дека сè друго е минливо, само тие се вечни.

Да траеше нешто помалку сигурно ќе оставеше поголем импакт на емотивен план, но сепак ова не е филм што брзо ќе го заборавам.
7/10.
 

Джонтра Вохохолта

I`m with the fucking FBI
Член од
20 јули 2020
Мислења
4.589
Поени од реакции
30.036
Овој мене ми е многу боље филм од Diving Bell ......, таму па ни малце не сочувствував со инвалидот, дури и ми сметаше камерата од едното око и целиот тек на приказната.

Тука ми фалеа емоции и сочувство за поголема оценка, и јас сум на 8, мада ваљда и не беше целта да се жали по Рамон туку да се види смислата за живот што им ја влеваше на другите околу него.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.123
Поени од реакции
21.596
кој е следен ?
После рецензијава:

ништо спешл кравјо сирење 2/5
... не би ти кажал следен филм, @Violetova прати ни го предлогот по пп :icon_mrgr:

@Джонтра Вохохолта не стигнав на време да го изгледам, ќе пишам рецензија утре/задутре со закаснување.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.591
Поени од реакции
3.174
22:00 - Време за нов предлог
Комедијата Brain Donors (1992) со Џон Туртуро, Боб Нелсон и Мел Смит, на времето во видеотеките беше со наслов: „Збогом памети“. Кога првпат го гледав, стомак ме болеше од смеење, со годините го менуваме вкусот, ама сметам дека филмот е сè уште смешен, и вреди да се најде на списокот на гледани филмови во Филмскиот клуб. :)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
10.866
The Treatment

Стар предлог на @Джонтра Вохохолта ако добро разбрав од првиот круг, па решив да го изгледам во неговиот термин. Солиден детективски драма/трилер што цело време те насочува да размислуваш во погрешни правци. Филмот ми се допадна бидејќи ме погоди жанрот, јас сум слаба на детективски филмови и ми се меѓу омилените чајчиња. Темата ми беше малку тешка, и имам некоја замерка тука-таму, како отворениот крај и тоа што не дознавме што стана со братот за што ми беше малку криво, ама ми беше и малку непотребен елемент во филмот, ептен како сајдквест во игрине што има. Некако никаде не одведе таа гранка од приказната, дали само ја имаше за дополнителен суспенс не знам. Во секој случај доста интересен филм за кој што искрено мислам дека да беше американска продукција ќе беше можеби за нијанса подобро разработен.

7/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
7.313
Поени од реакции
6.641
Brain Donors 4/5
Никогаш Том не го надмудри Џери така и Едмунд никогаш не го надмудри Флакфајзер ми легна комедијава не се секавам дал сум го гледал порано не верувам али има добри фори од Туртуро.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
5.011
Поени од реакции
13.525
The Sea Inside

Не знам дали и каде е Еутаназија легално, ама ако јас се прашувам, сум скроз против. Како братот на Рамон, хардкор. Нејќам да чујам.

Генерално доста спор и тешко гледлив ако не те занима темата.
Момент во филмот беше кога го носеа во Судот па убациле музиче мислиш гледаме историски филм од среден век каде идат на битка, а овој уствари иде да ги моли да му дадат да се убие. o_O

6/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
5.011
Поени од реакции
13.525
Brain Donors

И мене ми легна филмов. Час и дваесет минути забава. Полн со досетки.
Нема потреба за внесување во филмот, едноставно пушташ и гледаш глупостите кои ги прават трите главни ликови.
Имаше доста интересни фрази:


1631012884314.png
1631012900573.png
1631012929155.png
1631012995016.png
1631013006843.png


7.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom