La Vita e Bella
Кога го гледав прв пат толку многу ми беше убав филмов, зошто јас ја обожавам Италија, го сакам јазикот, луѓето, земјата, филмовите, а и без да сум била пристрасна спрема Италија, филмов ми беше совршен. Ме насмеа, ме стопли и ми остави кнедла во грло подолго време откако го гледав. Сега со репризава очекував дека впечатоците ќе се намалат и нема да ми биде исто, ама... Исто беше. Не трепнав. За мене ќе си остане ремек дело и по 101то репризирање.
Бенини вистина делува како недораснат, наметлив, детинест, иритантен и смотан лик, ама само ако го изгледаш филмот 15 мин и го исклучиш. Навистина чудно ми е дека има некој што го гледал филмот до крај, добил краен впечаток дека ликот му е иритантен и дека покрај се тоа што се случуваше глумел дворски шут и се заебавал со ситуацијата. Мада, сепак и Виктор Франкл кој го преживеал Аушвиц и други три различни логори, има раскажано во "Човековата потрага по смисла" дека луѓето во логорот во одредена фаза, кога веќе ја прифатиле ситуацијата онаква каква што е, смислата за живот ја наоѓале баш во хуморот. Се заебавале на своја сметка. Така да ако тоа е единствен проблем, ете факт дека сепак хумор постои и во тие моменти. Иако, хуморот тука беше поради нешто сосема друго, ама ајде ок.
Вистина имаше некои моменти што и мене ми бодеа очи, пример не сакам јас кога нешто треба да биде смешно да се форсира на секое, подобро ми е кога е малце подзатскриено, па ќе заприметиш и ќе се насмееш. Вака ако ти го бутаат пред очи и ти викаат види ова е смешното.. Не е смешно. Така се осетив на почетокот кога Гвидо го глумеше инспекторот во школото, па ја бутнал таа машната со италијанското знаме меѓу нозе и мораше да има после некои небитни моменти само за да ја видиме машната дека му е бутната меѓу нозе. Ова е папок ова е мускул.. Пффф. Видовме одма само што влезе... Ок за глупости се фаќам. Ми текна и мене одма после тоа и си уживав до крај без да се замарам толку.
Ептен сладок беше моментот со црвениот тепих на дождот и скинатото здолниште. И сите моменти кога Гвидо му објаснуваше на детево за војната. Пример кога детето праша зошто на вратата на еден дуќан пишуваше забрането за евреи и кучиња.
- Па на друго место не пуштаат шпанци и коњи, на трето кинези и кенгури... : ))
Па како се снајде цела ситуација да ја прикаже како игра, муабетот за сапунот и копчињата, за палењето живи луѓе..
-Утре ќе се измијам раце со Бартоломеј.. Ах ми падна Франческо : )))
Никако дебилно ова нешто не беше!
А сцената кога го преведуваше војникот. Врв!
Гвидо... Совршен сопруг и татко.
И за крај... Лекарот. Сочно ќе го опцујам. -Помогни ми, не можам да спијам, не можам да пратам моја загатка пред да ја решам последната. Му рече на човек кој преживуваше пекол. Срамота. А на ок човек делуваше!
И за последно една загатка што запамтив и на сите ќе им ја кажувам.
Ако го кажеш моето име, повеќе не сум таму. Што сум јас?
Грев е на овој филм да му се бараат грешки (ко јас што згрешив погоре) и да му се даваат ниски оцени, јас повеќе не сакам да грешам и и овој пат од мене има чиста 10ка!