FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.891
@Zlatikevichius како иде редот на предложување сега со сите неактивни што се, има некоја нова листа од вториот круг или?
Не, не, си тераме даље со тие што од последните 3 изгледале барем 1 филм, по истиот редослед ко што беа во 1 круг. Само за тебе направив исклучок. Значи утре предложува Ајсбој, па Хоуп (ако не сум грешка), па не знам како идеа по ред надолу.[DOUBLEPOST=1483304010][/DOUBLEPOST]
Нови примате ли? :)
Да, да. Ама редовни само. 3 изостаноци по ред - црвен. :P[DOUBLEPOST=1483338104][/DOUBLEPOST]Завршивме со The Hottest State. Анализата очекувајте ја после 17:00 часот.

Ја отвораме 2017 со @Iceboy кој исто предложува за прв пат со оглед на тоа што минатиот круг кога му дојде ред за предложување имаше црвен картон. :P Го чекаме до вечер до 20:00 а ако случајно не успее, преземам јас. Ќе има убав почеток на годинава!
 
Последно уредено:

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Јас сум присутен, ама ќе почекам анализата за Hottest State да ја направи Злате, плус Хоуп рече сакала да погодува што филм ќе дадам за гледање, па еве и шанса до кај 18:00 (до тогаш можда и јас The Hottest State да го изгледам).
Само ќе најавам дека личниот мој all time favourite ќе биде за гледање, верувам дека барем 60% го имате гледано, ама вреди да се репризира.
 
G

grande-juve

Гостин
би идел со Life is Beautiful, али ова 60% ме буни и викам Мистик Ривер :D

детали за истрагата нема во интерес на заштитениот сведок
 
Последно уредено од модератор:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Ова ептен ми е предизвик, прво и најважно зошто овој пат највеќе се намачив е затоа што Iceboy нема летербокс и затоа што слабо го сретнувам низ форумов. Морав малце да разбарам низ темиве тука и после 20 минути пребарување, дојдов до еден скромен заклучок.

Iceboy, во Мoviespotting 2016 дал само 2 десетки, строго ги оценувал скоро сите што ги гледал, едвај има и по некоја 8ка и 9ка, ама затоа па на сите анимирани што ги гледал им дал висока оцена и така разбрав дека е слаб на овие филмови и можно е следниот филм да ни биде анимиран, ама после си помислив дека најнајнајнајомилен не би требало да е анимиран, што не мора да значи ама на крај го решив ова:
Мислам дека следниот филм ќе биде некој од овие 4 филмови, или нешто слично на нив:
The man from earth, Another earth, I origins и Sound of my voice.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
И мене тоа 60% ми е малку за филмовите шо мислам дека може да ги каже, ама сепак би идел со некој од Braveheart, The Usual Suspects, American History X... :toe:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Злате сакав да те почекам додека не направиш целосна анализа на The Hottest State ама ќе излегувам уште малку, морам да пишам.
Прво The Hottest State...последните 25 минути од филмот си играв НФЛ и буквално веќе не ме интересираше што се случува во филмот, целосно се оттуѓив од него. А првиот половина саат ми беше многу забавен, дури се чудев зошто на моменти такви слаби оцени, ама некаде после Мексико градациски почна да ми опаѓа нивото на филмов, за на крај потполно да изгубам интерес што и зошто ќе се случи.
Ми се допадна музиката во филмов, ми се свиѓаа некои разговори, монологот на мајкава на Вилијам (претходно го објави некој) ми беше хајлајт на филмот...се на се потполно изгубив интерес на филмот на крај 4/10

А сега, новиот филм за следните две недели е
Јеботе Шерлок :)

La Vitta e Bella/Life is Beatiful

Како што кажав погоре, all time favourite, феноменален склоп на драма и комедија, сместени во втората светска војна за едно еврејско семесјтво. Прв пат го гледав како копиљ, уште тогаш се заљубив во филмов, после тоа го имам n-ти пати гледано, сеуште ми е интересен како и првиот пат.
Џорџо Кантарини (детето во филмот) е едно од најзабавните деца што се имаат појавено во филм.
Плус, кога ќе се спомне филмот, ова веднаш ми доаѓа во глава, еден од најпознатите примања на Оскар на сите времиња.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.891
Еве анализата за The Hottest State: десетмина го гледаа, вклучувајќи ја и деветката на @џимеј без рецензија, и рецензијата на @Corvus без оценка. Не го гледаа @wicked_1 и @Васил МКД (прв неизгледан), @MyloXyloto (втор по ред неизгледан) и @devilko , @Џонтра Волта и @bobipp (трет по ред неизгледан = црвен картон. Знаете дека можете да се вратите со full membership статус во секое време, доволно е само да изгледате еден од предложените и да напишете една рецензија. Средната оценка од деветте дадени за филмот е 6,3.

@Iceboy веќе ни кажа дека La vita e bella на Роберто Бенињи ќе не однесе за прв пат во клубов во Италија. Припремете ги марамчињата, знаете што носи филмов зашто верувам на сите ни е гледан. Јас сакам многу да го репризирам и ќе го репризирам, затоа што беше многу одамна, пред повеќе од 15 години кога го гледав за прв пат.

@wot, насловот, please - Film Club 2016 (La vita è bella: 02.01-15.01)

Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така, од сега на начин на кој полесно ќе може да видите кој е редоследот по кој ќе предложувате филмови.[DOUBLEPOST=1483381643][/DOUBLEPOST]
Today (ко некој таблоиден портал од Македонија се осеќам :P)

 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Пораснал. :D
Јас пред две-три години го гледав филмов за прв пат и ептен си го сакам. 10ка сигурна има од мене. И мислам оваа ќе биде втора 10ка од мене тука. Кога ќе го репризирам ќе пишам повеќе.
Само.... Јас би повеќе да се предложуваат филмови што мислиме дека се потценети, непознати и слабо гледани, а заслужуваат повеќе, минатиот пат се убив од барање за некој таков да најдам, па и за следниот исто, иначе ќе ви го предложев One Flew Over the Cuckoo's Nest и гледајте репризи. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom