devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.889
- Поени од реакции
- 6.165
И јас исто како @ob1 бев скептичен поради "годините" кои ги има филмот. Впрочем, ако добро паметам, ова ми е еден од најстарите филмови кои сум ги гледал, ако не и најстар.
Баш напротив, филмот успеа да ме разубеди уште на почетокот и истиот го одгледав во еден здив. Ова ќе ми биде повод да се посветам во иднина повеќе на гледање црно бели филмови, и во боја од '50, '60 па и постари.
За разлика од @wot, иако ми се допаѓаше и таа страна кој он ја опиша, мене ме освои спротивното, манипулацијата. И истиот го доживеав на малку поинаков начин, занемарувајќи ја комедијата и светлата страна во филмот. Напротив, повеќе се насочив на драмата и сторијата.. заплетите кои се редеа како течеше дејствието, претворајќи го во еден одличен трилер каде што наместо убиец, имаше шампион, но, и над шампионот постои уште подобар шампион.
Гледајќи го филмот, бев воодушевен исто и од фактот на каков начин се водени дискусиите наспрема денешните филмови каде што дијалогот е толку прост. Како секоја изговорена реченица да содржи некоја мудрост во себе. Не би можел да бидам сигурен дали и во вистинскиот живот, секојдневието, луѓето тогаш разговарале на тој начин, но едно е сигурно, ние сме подредени наспрема нив кога е во прашање културата.
Исто така, и светот во кој живеат е доста различен од денешниов наш, полн со лаги, манипулации и дволични личности кои грабаат кон врвот, остварувајќи се себеси на грбот на другите, притоа не бирајќи начин како да го постигнат тоа, уништувајќи се што е во нивна близина.
Но, што кога ќе се достигне врвот? Дали тоа ќе не направи среќни и исполнети?
Во нивниот свет е тоа исклучок, нешто ретко, невидено, чисто и невино како јагне изгубено во џунглата. Или пак е волк во јагнешка кожа...
Филмот одговара на многу прашања и дава многу поучни лекции кои треба да се следат во животот. За такви лекции вреди да се потроши многу повеќе од 2 часа слободно време.
Оцена: 9 од 10.
Баш напротив, филмот успеа да ме разубеди уште на почетокот и истиот го одгледав во еден здив. Ова ќе ми биде повод да се посветам во иднина повеќе на гледање црно бели филмови, и во боја од '50, '60 па и постари.
За разлика од @wot, иако ми се допаѓаше и таа страна кој он ја опиша, мене ме освои спротивното, манипулацијата. И истиот го доживеав на малку поинаков начин, занемарувајќи ја комедијата и светлата страна во филмот. Напротив, повеќе се насочив на драмата и сторијата.. заплетите кои се редеа како течеше дејствието, претворајќи го во еден одличен трилер каде што наместо убиец, имаше шампион, но, и над шампионот постои уште подобар шампион.
Addison DeWitt: It's important right now that we talk, killer to killer.
Eve Harrington: Champion to champion.
Addison DeWitt: Not with me, you're no champion. You're stepping way up in class.