FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Ја повремено може да ве дружам, пошто ми е ограничено времето. А за предлагање многу не сум. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.707
Ја повремено може да ве дружам, пошто ми е ограничено времето. А за предлагање многу не сум. :D
Ограничено времето? За само 26 филма се буниш? Ако во просек еден е по 2 часа, тоа се само 52 часа од вкупно 8784 што ќе ги имаш на располагање во 2016, или само 0,59% од целокупното твое време. :P

Те убедив, те убедив !? :vozbud::vozbud::vozbud:

Немал време! Пффф...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Ограничено времето? За само 26 филма се буниш? Ако во просек еден е по 2 часа, тоа се само 52 часа од вкупно 8784 што ќе ги имаш на располагање во 2016, или само 0,59% од целокупното твое време. :P

Те убедив, те убедив !? :vozbud::vozbud::vozbud:

Немал време! Пффф...
Пробљем је што 89 посто од времето сум без нет за симнување на филмовите. :icon_mrgr:
т.е. 89 % од времето имам ограничен нет од 20 гб.:icon_mrgr:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
т.е. 89 % од времето имам ограничен нет од 20 гб.:icon_mrgr:
Јас не би сакал да влезам во 2016... А и би се запрашал како сум опстојувал во 2015 па и една две наназад.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Ja podraniv so zadacata, rano e da zapocnam diskusija pa ke kazam samo grande odlicen predlog! (y)

prequel na sunset boulevard? :icon_lol:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Јас не би сакал да влезам во 2016... А и би се запрашал како сум опстојувал во 2015 па и една две наназад.
студирај у скопје, седи у мочан студентски па ќе се прашаме како е. :notworthy: а за дома од пред 5,6 години имам неограничен, кога повеќето живееја со 20, максимум 30 гб. ок?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.707
Момци и девојки, почнуваме! Прв филм кој треба сите да го гледаме и да коментираме за него, најдоцна до 10.01.2016, е All About Eve, филм на режисерот Џозеф Манкиевич од 1950 година. Освојувач на Оскар за најдобар филм и уште 5 други, а интересен факт е дека сѐ уште го држи рекордот за најголем број на номинации за Оскар (заедно со Titanic на Џејмс Камерун) - вкупно 14 номинации. Филмот е предлог на нашиот драг колега @grande-juve .

@wot , @џимеј , сменете наслов: Film Club 2016 (All About Eve : 28.12.2015-10.02.2016)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.707
Заборавив да пишам: можете да го најдете за download со одличен квалитет.

All About Eve 1950 720p BRRip x264-x0r
All About Eve 1950 720p BluRay x264-SiNNERS
All About Eve 1950 1080p BluRay x264-FHD
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Момци и девојки, почнуваме! Прв филм кој треба сите да го гледаме и да коментираме за него, најдоцна до 10.01.2016, е All About Eve, филм на режисерот Џозеф Манкиевич од 1950 година. Освојувач на Оскар за најдобар филм и уште 5 други, а интересен факт е дека сѐ уште го држи рекордот за најголем број на номинации за Оскар (заедно со Titanic на Џејмс Камерун) - вкупно 14 номинации. Филмот е предлог на нашиот драг колега @grande-juve .

@wot , @џимеј , сменете наслов: Film Club 2016 (All About Eve : 28.12.2015-10.02.2016)
Сеа до 10.01 или до 10.02 имаме време да го гледаме филмов? Во постов едно у насловот друго стои :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.109
Поени од реакции
25.171
Ај да го скршам прв мразот. Само што го изгледав филмов и морам да признаам дека на почеток бев скептик кога видов дека филмов е од 1950та година и со оглед на тоа дека е црно бел. Но како што кажа @Zlatikevichius во правилата, мора да имаме разбирање кон предлозите и морам да кажам што не згрешив што му дадов шанса на филмов. Браво, едноставно браво.

Фактот дека филмов е од 1950та година го прави да е уште пофеноменален. Наративот и глумата на 5-6 актери колку што ги има во филмов е феноменална. Цел тој сетинг од тоа време од секогаш ми се допаѓал, се гледа дека имало култура во луѓето, дека не е како во денешно време. Доказ дека со малку пари, можеш да направиш ремек дело какво што е филмов.

Дејствието на филмов започнува со тоа како една девојка по име Eve, секоја вечер го посетува театарот за да го гледа настапот на својот идол Margo, каде што една вечер успева да се запознае со неа. Таа на Margo и ја раскажува својата животна приказна и со нејзина помош почнува да навлага во светот на глумата. Eve успева да ги изманипулира сите околу неа, почнувајќи од Margo со тоа што се преставува како невиното девојче. Преку Margo, како што се искачува во светот на глумата пополека почнува и да ги краде работите што ги има она. Почнувајќи со Bill, па откога не и успева тоа се префрла на следното нешто преку кое што може да си ја издигне кариерата а тоа е Lloyd. Исто така ја користи и Karen најдобрата другарка на Margo која и му е жена на Lloyd за да ја добие улогата на Cora.

На крај, Eve ја добива најголемата награда што може да се добие во театарот, но и покрај тоа таа не е среќна бидејќи на сметка на наградата таа ги губи нејзините пријатели. За на крај режисериот да ни покаже дека секогаш ќе постои една која ќе биде Margo и една која ќе биде Eve.

Уште еднаш, браво за филмов!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Она што мене ме освои во филмот е самокритичноста како кон себе така и кон бекстејџ Холивуд. Меѓутоа со комичен тон акцентирајќи го gap-от на тој dog-eat-actress свет на луѓето во театарот и платното кои се пред пензионирање во однос со новите, ентузијастичните. Таа транзиција oд владеењето на старците до соборувањето од новите. The queen is dead, long live the queen! Притоа punch-line-от бидувајќи затварање, односно почнување на истиот тој круг одново и одново. Тоа што му ја осигурува позицијата на филмот меѓу најдобрите освен назад опишаното е квалитетот во стандардните аспекти, глума како од главни така и од споредни ликови, а истите тие ликови така фино потковани со дијалози и позадина. Тоа е големата слика, внатрешната интрига и не е баш посебно битна, но сепак работи одлично да ве донесе до крајот без ниту на момент ви стане досадно. Како и се во филмот, се работи како што треба. 4.5 од 5.

Одлично отварање на клубот! (y)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Добар е филмот, ама не ме воодушеви многу. Не ми се допадна многу глумата на Ен Бакстер (Ив), ми изгледаше како премногу да се труди, неприродно изгледаше на моменти, a од друга страна Бет Дејвис (Марго) :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom