FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Какви прекрасностии од филм. Си се изнаплакав при крајот.
Конечно да го изгледам како што треба од почеток до крај.
Се сеќавам дека имав нешто во меморија како „првиот дел од филмот е интересен, вториот не“ меѓутоа не е баш така.
Саундтрак, кадри, кинематографија, сФе е врв.
Сепак мислам дека трае малку повеќе од што треба, односно има многу развлечени сцени на кои малку ми леташе паметот. Ова време требало да биде поисполнето, за квестот по самовилата да биде поинтересен, со повеќе ликови и случки. Вака само Dr. Know...
HJO врв глума, капа симињам, детево партали, штета што не испадна нешто асално од него.
Шминката во филмот исто така беспрекорна, а и глумата на Џад одлична.
9/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
A.I Artificial Intelligence

Вакви филмови повеќе да предложувате.
Прекрасно.

Прво кога почна со објаснување за роботите признавам дека мислев дека ништо нема да го биде (ко за мене) и очекував цел филм да ми објаснуваат такви ствари и да летаат роботи насекаде, ама не. Она што после го доживеав не го ни замислував. Дури кога некој би ме прашал кој филм би сакала да е мој би рекла овој. Јас би сакала да можам да се сетам на ваква приказна.

Колку тажно, пинокио од модерно време кој сака да стане вистинско дете за да ја заслужи љубовта на мајка му. Јас да бев ќе се вратев и ќе и ја запалев куќата да ме оставеше така сама, ама дете не размислува така. Без разлика колку и да е различно. Јас малце си плачев кога го остави во шумата, па штедев солзи за крајот пошто прочитав тука Анон плачел, ама ништо понатаму не ми беше тажно како тоа. Да молиш за љубов. Скапана жена, не заслужи толку да биде сакана.

Е сега кога веќе се појави Џои, мислев дека детево толку се исфрустрирало низ годините што останало без љубов па и жиголо станало и некако се ми изгуби смисла, ама оп не било така како што си мислев повторно. Филмов дури и воља за живот да ти даде да се бориш за се што посакуваш. Кога може едно дете робот да иде до крај на светот за да си исполни желбата, можам и јас. Стварно прекрасно, да ти ја стопли душата. 9/10

10 не е само поради крајот, мене не ми се свиѓаше нешто посебно, ни па тажен беше, а требаше после таква приказна. Да ме натера да липам после сите оние работи што се дешаваа. Повеќе ми беше тажна фацата на мечето од крајот.
И како да се изгубиле идеите и крајот ко недокажан излезе.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Не треба да ја осудуваш мајката, и нејзе и беше премногу тешко, ама таткото почна повеќе да го хејта. Да не беше мајката детето ќе завршеше во отпад.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Не треба да ја осудуваш мајката, и нејзе и беше премногу тешко, ама таткото почна повеќе да го хејта. Да не беше мајката детето ќе завршеше во отпад.
Не признавам јас такви работи, да оставиш некого ама барем си го оставил на подобро. Не. Мајка не си го остава своето дете. А таа тоа му беше него. Ако не беше спремна на тоа, немаше потреба да го прифаќа уште на почетокот.
Без разлика што правиме муабет за робот, таа жена не ја заслужи таа љубов.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Не признавам јас такви работи, да оставиш некого ама барем си го оставил на подобро. Не. Мајка не си го остава своето дете. А таа тоа му беше него. Ако не беше спремна на тоа, немаше потреба да го прифаќа уште на почетокот.
Без разлика што правиме муабет за робот, таа жена не ја заслужи таа љубов.
Значи да не се правиме сега наудрени, се случи тоа што најмалку очекуваа односно им оздраве синот.
Исто така, после таа сцената во базенот, секој родител веднаш би се замислил дали вреди да го чуваш the love robot-от во куќата.
Иако ние знаеме што се случи, родителите тоа на друг начин го сфатија.
Мажот во секој случај ќе станеше напорен и не вреди да се ризикува семејството заради еден робот.
Малку грубо звучам иако го обожував ХЈО.
Има милион деца што не ја заслужуваат мајчината љубов па ја добиваат.
Зошто да не биде и обратно?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Како мислиш има деца што не ја заслужуваат мајчината љубов? Деца??
Што може да направи едно дете за да не заслужи љубов?

Мислам дека поезијата на Сузана Турунџиева ова ти го има направено ....
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Не деца, деца.
Деца на родител без разлика на возраст :D
Како и да е, да не кружиме многу, agee to disagreе?
Јас мислам дека потегот на мајката е оправдан и не треба да се осудува ти мислиш дека е неоправдан и треба да се осудува.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Ме потсети на Bicentennial Man, кој дефинитивно треба да го репризирам, подзаборавен ми е малку веќе... за АИ, жената беше мајка на детето, детето не и беше син на жената, освен нели во последниот дел од филмот кога му ја исполнија желбата на детето. Филмот е прекрасен, преубав за гледање, и ќе те насмее и ќе те расплаче, повеќе тоа второто... убавини. 10/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Гледан ми е пред 3-4 години, 7-ка оцена.

Го памтам како добар сеемен филм, кој излезе за нијанса послаб одошто мислев. Некако цело време ги мешам E.T со А.I кој каде каде ми е подобар, ама ете. Сакам да го репризирам, ако стигнам наредниве четири дена, или ќе си остане истата оценка или некоја нова.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
A.I. Artificial Intelligence. Ова е еден од најдобрите и најцелосните филмови кои што сум ги гледал некогаш. Најцелосен затоа што има одлична приказна, глума, режија, кадри, дијалози... буквално се. И не дека го предложив јас, ама мислам дека е редно време да ја дадам првата 10-ка. Мислам дека е целосно оправдано. Нема да пишувам ништо за филмов, бидејќи и да се обидам да го направам тоа, знам дека би изоставил многу работи... Затоа само ќе нагласам дека според мене ова е ремек дело и еден од моите омилени филмови. Пред некој ден, кога се вратив дома, си го репризирав повторно (најверојатно по 100-ти пат). Па по 100-ти пат можам да кажам дека го почувствував истото нешто од првото гледање. Според мене, филм кој никогаш нема да остари. Отвара безброј морални прашања и си поигрува со чувствата на гледачот на најдобар можен начин. Точка.
Во потесен круг за избор на мој предлог, освен овој филм, влегоа и следниве: Please Give, Beginners, In A Better World и Youth. За последниов во консултација со @Zlatikevichius одлучивме веднаш да го прескокнеме :). До последно се двоумев помеѓу Please Give и предложениов филм. Ризикував да предложам филм кој можеби повеќето членови веќе го имаат гледано. Сепак, дури и да е така, ова е филм кој заслужува реприза.
За крај само ќе кажам - фала му на Бога што ова е филм на Спилберг, бидејќи ако го завршел Кјубрик се сомневам дека толку добро ќе си се исплачевме на филмов. Да, јас плачам секогаш кога го гледам. И да, со ова не сакам да кажам ништо лошо за Кјубрик.
Ме радува тоа што @Хоуп , @Anon и @Goodfella кажаа толку убави зборови за филмов. Но не само затоа што се работи за мој избор, туку и поради тоа што ги сметам за луѓе со изострен филмски вкус...
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.869
Завршуваме со Спилберг, а воедно привршуваме и со првиот круг предлози, многу порано од што очекувавме и се надевавме. A.I. го гледаа 6-мина и му дадоа средна оценка 9,2 (вклучувајќи ја тука и мојата 10-ка, иако не искоментирав подетално. Истото ќе го направам откако ќе го репризирам филмот).

Не се изјаснија за филмот: @devilko , @Erich Zann (1 филм) @grande-juve , @Џонтра Волта , @Leo Bonnie (2 неизгледан во низа) @wot (3 неизгледан во низа).

Со оглед на тоа што @Iceboy , кој беше следен за предложување, го нема веќе подолго време, на ред е @Хоуп , чија идеја беше сами да ги презентираме филмовите кои се наши предлози, па затоа еве до вечер ќе ја почекаме сама да ни каже кој филм го избрала и зошто го избрала баш тој филм.

Воедно, да напоменам дека @Хоуп е последниот предложувач на филм во овој круг, со оглед на тоа што оние кои беа по неа на листата, @K!KI , @Saladin , @Хефест и @beaverknight одамна ги нема во темава. Во вториот круг ќе одиме по истиот редослед по кој пријавувавме во првиот круг, со тоа што пак ќе ги скокаме оние кои не нѐ дружат за гледање. Со оглед на тоа што нивната бројка се повеќе се зголемува, на некои од нас можеби ќе им дојде и по трет пат ред да предложуваат наскоро. За две недели веќе треба да се спрема @grande-juve за нов предлог, по одлично прифатениот All About Eve во првиот круг (ќе добие приватна порака како потсетување ;) ).

За крај, само да ги спомнам сите оние кои на почетокот пројавија желба за учество, но некои порано, други подоцна стагнираа и не напуштија од клубот, некои предложија филм во првиот круг, други не, за да знаат дека почна нов круг, па малку да ги консолидираме редовите на клубот: @Толстој , @Spiegel , @RectumAnale , @ManUtdChampions (најавено отсуство, ни се враќа на есен), @Mich0MKD , @ob1 , @Bojan Van Buuren , @wot , @Луси_Лу , @Krk1 , @Chovek , @џимеј , @AniMagus , @Iceboy , @Продиџи , и погореспоменатите @K!KI , @Saladin , @Хефест и @beaverknight.

Или во бројки: од 30 првично пријавени, 11 само го преживеавме првиот круг, а од нас 11, само @Anon , јас и @dejan_k имаме 100% учинок (сите изгледани).

Значи, во следните две недели го гледаме последниот филм од првиот круг во нашиот Film Club. @Хоуп , микрофонот е твој![DOUBLEPOST=1471277662][/DOUBLEPOST]P.S. Уште нешто заборавив - филмот на @Хоуп ќе биде 18-ти предлог. ;)

P.P.S. И уште нешто - кој сака да ни се приклучи, бујрум, сега му е мајката! (ping: @wicked_1 , @Вокерка , @Shawn Spencer ... , па зошто да не и од редакција - @Acid , @Ilumious , @Нuкола , @Crazy in Love , @Олимпија ... )

(додадете уште некој на кој ви текнува)
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Ти благодарам :P

Како што му пишав и на @Zlatikevichius во пп, јас оние филмови што ги сакам се стари и црнобели и знам дека нема да убедам никој да изгледа некој таков пошто повеќето и веќе се имаа изјаснето дека нема да гледаат таков, а другите што ми се омилени сите ги имате гледано, па мислев и мислев да најдам некој филм што ем ќе биде непознат, ем ќе може да ви биде горе долу на сите по вкус и се одлучив за овој. Мислам дека го гледав лани прв пат и сум му дала 8 оцена и сум кажала убави зборови :) Сега ќе го гледам пак.
Значи целев кон што повеќе непознат филм...

Тука проверив дали некој го гледал и ми излегоа тројца што пишале оцена за него некаде низ темите. 6, 8 и 10. Од вас тука го гледал само @grande-juve и за среќа мислам дека баш и не се сеќава на него, па може да си го репризира.

Не знам дали смеам и неколку збора да дадам како вовед, но главна приказна во филмов се парите и на што се се поготвени луѓето за пари.

Филмов го има и на Youtube, не е проблем ни за торент, превод си има...

Се надевам ќе уживате и се надевам дека ќе го затвориме првиот круг на клубов со нешто солидно. Чест ми е што сум дел од клубов и се надевам ќе ни се придружат повеќе женски во следниот круг :D:D
A simple Plan

:tvg:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom