Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses - Nuri Bilge Ceylan (2023)
Прегледај го приврзокот 405903
За тие кои го имаат гледано претходниот филм на Џејлан,
Ahlat Ağacı / The Wild Pear Tree (2018), ова на некој начин е продолжение на приказната.
@Anon ,
@Setsuko ,
@grande-juve од LB пријателите го имаат гледано и веројатно се сеќавате на Синан, студентот кој требаше да биде испратен во некое пм место во Анатолија за да биде учител и да го испече занаетот, за што имаше цел „пасус“ во тој филм. Е па тука е веќе таму! Иако не е Синан, туку е Самет, не може да не се направи паралела, да се спореди и да се сфати дека е истиот лик, само неколку години повозрасен. Дури и двата филма се правени од Акин Аксу како ко-сценарист, а базирани на неговите лични дневници кои се објавени како роман за неговото учителствување во задолжителната Анатолија за сите наставници од Турција. Но About Dry Grasses иако делува како пофокусиран или помалку расплинет филм од The Wild Pear Tree во кои имаше од се по нешто, сепак About Dry Grasses е според мене далеку покомплексен и послоевит филм. Реков, се работи за Самет, учител кој е испратен во некое зафрлено село во Анатолија да ја одработи тригодишната задолжителна служба како наставник пред да биде префрлен во понормално место од таа недојдија. Откако тој и неговиот цимер се обвинети од неколку девојчиња, ученички во нивното училиште за несоодветно однесување, обидите за одбрана и бегство од тој проблем Самет го водат во уште подлабока егзистенцијална криза. Перформансите од тројцата главни актери се перфектни! Актерката Мерве Диздар зеде и награда за најдобра актерка за улогата на Нурај во овој филм во Кан 2023. Како и во секој негов филм, Џејлан успева да влезе под кожата на неговите ликови и да допре до нивната суштина, но тука можеби е тоа и поизразено. Ликовите се навистина комплексни, нивните дејства и зборови отвораат многу прашања и морални дилеми. И иако е филм (ко по обичај) подолг од 3 часа, истите поминуваат како миг. Јас го обожавам Нури Билге Џејлан и и овој филм ми беше вистинско уживање. Можеби еден од неговите подобри. Ќе оставам да ми легне, па можеби ќе имам и што повеќе да пишам за него, морав само онака, на прва да ги запишам некаде мислите да не одлетаат. Најтопла препорака за сите кои сакаат филмови базирани на квалитетен дијалог! 9/10 од мене.