FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
Го гледав филмов пред неколку месеци и го заборавив во следните петнаесет минути :) Ама од почит кон предлагачот ќе го изгледам повторно, иако само го одлагам. И покрај тоа што анон мрази акција а предложил акционен филм со натприродни елементи :)
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Сај фај :pos:

Добро филмче си го репризирав 7.5/10
Dane DeHaan у какво актериште прерасна браво коа прв пат го видов у филмов знаев дека ќе биде нешто големо од него знаев дека ќе гура јако...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.717
Го репризирав. 8/10.
Ми се допадна, повторно. Не можам да кажам дека ми беше исто интересен колку и првиот пат бидејќи нели, знаеш отприлика што се дешава. Но не ми беше скоро воопшто досаден.
Првиот пат дека не знаев ништо за филмот, ептен се внесов. Плус, така е сниман. Едноставно тоа е поентата на секој вид уметност, да те внесе, да бидеш дел од тоа. Затоа Victoria ми е еден од најдобрите филмови. Затоа Brothers: A Tale of Two Sons ми е една од најдборите игри.
Затоа ми се допадна Chronicle.
Филмот има многу убава прогресија. Од ситни работи до тотален хаос. Има кратки и интересни филозофски моменти.
Покажува колку моќта и околината во која живееме знаат да влијае на нас.
Бонус:
#1

#2 I just watched it a second time and noticed the foreshadowing when they build the space needle out of legos and knock it over
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
#tbt The Shop Around the Corner, предлог на @Goodfella
и ќе го занемариме фактот што е Недела/Понеделник, cause reasons.

Филмот беше топ! Таман и со атмосферава ми се погоди, christmasy and what not. Ама па не знам што повеќе да пишам, ликовите беа доста likable, сите, дури и овој како хомо што се понашаше па после испадна афера дека има со жената на шефот. Доста типизирани though, не дека е нешто лошо тоа, стандард Холивуд. Имаше смешни ситуации, па се на се си ги исполни очекувањата за солиден 40s ромком.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.620
Поени од реакции
36.316
Времето на @Anon истече. Јас сум на тронот сега. Анализа ќе направам ко ќе се вратам дома, од телефон е невозможно. Вака сега:

Овој период ми е еден од најубавите во годината, не само заради претпразничната магија, туку и зашто убави работи ме поврзуваат баш со овие две недели: денес му е роденден на брат ми, наредните денови родендени слават неколку мои драги пријатели, а на 13.12 ја запознав жената на мојот живот и баш оваа година, баш овој 13.12 славиме 10 години заедно. Плус, на крајот од мојот термин, за точно две недели е Божиќ, оној кој го слават речиси сите христијани во светот, освен во десетина држави меѓу кои и нашата, и не е само католички, туку и православен. Затоа, одлучив овојпат да не барам филм кој ќе ви се допадне, да не е тоа некој на кој сум дал десетка заради не знам какви квалитети, и да не е некој кој или сите го немате гледано како првите 2 мои, или сите го имате, како Титаник. Туку, да биде тоа малечок едноставен, божиќен ромком (до душа, имав во предвид и еден божиќен анимиран, ама него брзо го отфрлив од конкуренција). Значи, филмов се наметна сам по себе и не можам да сфатам како може никој од тука да го немате гледано (не знам само за @Gazpapir , @moongoses , @Bojan Van Buuren и @marinetti - немам ваши letterboxd профили), кога на А1 на времето го убија од репризирање, дури и во лето, на 15 јули. Ова е еден од најрепризираните мои филмови, го имам гледано сигурно повеќе од пет пати, но сега прв пат ќе седнам баш со намера да го гледам, зашто до сега секогаш сум го фаќал само на ТВ. Е сега: знам дека ќе имате многу замерки, знам дека има многу клишеа, знам дека ќе го предвидите (или можеби не), но филмов има една топлина, една магија како ретко кој, па who cares. Важно е да го пуштите мозокот на пасење и да уживате 2 саати. Ladies and gents, Serendipity.

Have a very merry Christmas! And love each other.

P.S. Сум ја пробал финтата од филмот, и уште не сум ја нашол "вистинската", ваљда. :P[DOUBLEPOST=1512984305][/DOUBLEPOST]@wot - Film Club (Serendipity: 11.12-24.12)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
Еве ме и мене, малку доцнам, но претходниве три дена бев во вон интернетска зона :)

Chronicle (2012)

Сон на секое дете и тинејџер е да биде некој супер херој, односно да се здобие со некаква супер моќ. Токму тоа им се случува на тројцата протагонисти, кои сосема случајно сред ноќ откриваат дупка во некоја ливада, на која не и се гледа дното и без размислување се спуштаат внатре. И за таа глупост, без никаква особена причина или објаснување наградени се со моќта на телекинеза. Има неколку интересни сцени додека ги откриваат своите нови моќи и играат со нив. После тоа ниту тие знаат што да прават со оваа моќ, ниту авторите знаат како да го тераат филмот.

Се определиле за псевдо-документарен пристап на камерата - се што гледаме е снимено со камерата на еден од ликовите. Потоа се приклучува уште една камера, за на крај веќе да не се знае кој се снима и од која камера е снимката. Лошо изведено. Монтажата нема да ја коментирам, затоа што тоа треба да е демек немонтиран материјал?! Соодветно, нема ни музика. Ефектите беа добри и уверливи.

Ликовите се многу плитки и многу ми пречеше таа предрасуда што тинејџер со болна мајка и татко пијаница и насилник мора да премине во масовен убиец. Демек толку беше гневен и слаб, што супер моќта веќе не можеше да ја контролира. Од друга страна па се здобија и со натприродна сила со којашто без последици минуваа низ бетонски ѕидови. Настрана, актерите што ги играа повеќе изгледаа како постдипломци отколку како средношколци.

Иако е тешко денеска да се одреди линијата каде почнува и каде завршува научната фантастика како жанр, особено што денешниве дела жанровски се преплетуваат, филмов дефинитивно не е научна фантастика. Јас би го карактеризирал како „young adult fantasy“ или тинејџерска фантазија по наше.

6/10
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Времето на @Anon истече. Јас сум на тронот сега. Анализа ќе направам ко ќе се вратам дома, од телефон е невозможно. Вака сега:

Овој период ми е еден од најубавите во годината, не само заради претпразничната магија, туку и зашто убави работи ме поврзуваат баш со овие две недели: денес му е роденден на брат ми, наредните денови родендени слават неколку мои драги пријатели, а на 13.12 ја запознав жената на мојот живот и баш оваа година, баш овој 13.12 славиме 10 години заедно. Плус, на крајот од мојот термин, за точно две недели е Божиќ, оној кој го слават речиси сите христијани во светот, освен во десетина држави меѓу кои и нашата, и не е само католички, туку и православен. Затоа, одлучив овојпат да не барам филм кој ќе ви се допадне, да не е тоа некој на кој сум дал десетка заради не знам какви квалитети, и да не е некој кој или сите го немате гледано како првите 2 мои, или сите го имате, како Титаник. Туку, да биде тоа малечок едноставен, божиќен ромком (до душа, имав во предвид и еден божиќен анимиран, ама него брзо го отфрлив од конкуренција). Значи, филмов се наметна сам по себе и не можам да сфатам како може никој од тука да го немате гледано (не знам само за @Gazpapir , @moongoses , @Bojan Van Buuren и @marinetti - немам ваши letterboxd профили), кога на А1 на времето го убија од репризирање, дури и во лето, на 15 јули. Ова е еден од најрепризираните мои филмови, го имам гледано сигурно повеќе од пет пати, но сега прв пат ќе седнам баш со намера да го гледам, зашто до сега секогаш сум го фаќал само на ТВ. Е сега: знам дека ќе имате многу замерки, знам дека има многу клишеа, знам дека ќе го предвидите (или можеби не), но филмов има една топлина, една магија како ретко кој, па who cares. Важно е да го пуштите мозокот на пасење и да уживате 2 саати. Ladies and gents, Serendipity.

Have a very merry Christmas! And love each other.

P.S. Сум ја пробал финтата од филмот, и уште не сум ја нашол "вистинската", ваљда. :P[DOUBLEPOST=1512984305][/DOUBLEPOST]@wot - Film Club (Serendipity: 11.12-24.12)
Злате дали филмов е тој што ќе се договорат тие да влезат во различни лифтови и ако се најдат на истиот спрат значи еден за друг се?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Го неам глеано филмов ама дефинитивно ќе го глеам оти го обожавам Џереми Пивен in a non homosexual way :D
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
И јас сакам божиќни ром комчиња што топлат и се тоа.

Serendipity

Зооошто, о зооошто тоа разгалено дете мораше да си игра со копчињата во лифтот... Ќе се најдеа горе на дваесет и третиот спрат, ќе си упатеа поглед кој значи "сепак судбината вели дека треба да сме заедно", ќе се упатеа еден кон друг со брзи чекори, ќе се гушнеа, уште еден поглед од блиску со насмеани лица, бакнеж филмски и крај.
Вака испадна 90 минути од сите најлоши состојки шо ми сметаат во ром-ком.
Предвидливост посебно во овој жанр не ми смета зашо важно е патувањето, а и нема горе доле веќе што ново да се измислува. Затоа ептен ми сметаа: вештачкоста, отсуство од било каква харизма, лигавост(чизи и кринџање у големи количини). Тонот на филмот посебно хуморот коа беше у преден план, а и у сцените коа се бараа паралелно двајцава судени љубовници ми беше очаен и ко за мали деца.
Коа сум кај судениве, не почувствував ни хемија ни ништо, а и целото одвивање на првата нивна средба ми беше, again, лигаво.
Вереницата на Кјусак и вереникот на Кејт, од првото нивно појавување ги спремаа ликоиве за да бидат откачени во последен момент, и тоа уше толку направи предвидливоста сепак да ми смета.
Како во трилери шо знаат да претераат со пресврти овде се утепаа од претерување со тие коинциденции/знаци/судбини.
Значи скоро се ми беше лошо, филмов сам себе се донесе на граница од пародија. Само песната на Луи на почеток и крај беше плус. Исто така, не е минус али немаше божиќна атмосфера освен на почетокот 5-10 минути.

3/10, зашто сум глеал и полоши.. :toe:

Хахах Еберт: Fate I have no problem with. Leaving themselves in the hands of this screenplay is another matter. It bounces them through so many amazing coincidences and serendipitous parallels and cosmic concordances that Fate is not merely knocking on the door, it has entered with a SWAT team and is banging their heads together and administering poppers.

https://www.rogerebert.com/reviews/serendipity-2001
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Се сложувам со гранде (иако у моментов не баш) јуве :D

Првата сцена ми беше многу јака, блумингдејлс (Френдс и Рејчел) и татконо шо си ги фатил децата под мишка ко лубеници :D
Ја глеам сцената и викам „ааа овој ќе биде интересен филм“. И после почнува делот кај што се запознаваат и оноа со лифотот и ај си викам мех, не е лошо до толку.
После почнува оној фаст форуард делот и како они после неколку години решиле да се венчаат со други луѓе ама тие саат-два што ги поминале заедно толку многу ги мачат па сакаат цело време да се најдат пак...
Па оваа иде у њу јорк, па се промашуваат еднаш, па два пати, па три пати и почнуваш да се нервираш и да си викаш „аман веќе дај најдете се, плеснете се и да завршиме со мачењево“, ама они и по четврти пат се промашуваат, па овој као го удира совеста и вика „абе чекај малце шо праам“ и на крај види чудо, после толку перипетии ги наоѓаат банкнотата и книгата и на крајот се наоѓаат и плачат...

Може е до мене, ама не сум баш фан на вакви лигави филмови, башка шо овој и ме нервираше у деловите коа се промашуваа...

Едини јак дел у филмов покрај блумингдејлс и потсетување на френдс беше Џереми Пивен и делот коа прв пат се појавува у филмов и го држи говорот дека он му е соулмејт на Џонатан.

Од мене 3/10
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Што знам, мене не ми сметаат клишеа во вакви филмови, додуша во овој имаше многу. Едноставно немам очекувања и горе-доле знаеш што да очекуваш. Одма ми помина времето, без мислам ниедна пауза за социјални мрежи што ретко ми се случува. 6/10 од мене.

P.S. Кејт Бекинсејл која убавица била порано, сега целата вештачка се направила гледам.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.717
Ах ти Злате романтичару.
Вакви филмови веќе не ми се интересни. Ми фали нешто повеќе. Досадни ми се обични романтики. Барем да имаат некое подлабоко филозофско значење/дијалог како што имаат на Вуди Ален. Мада и на Вуди Ален тие не ги мирисам многу. Можеби да го гледав во некое друго време, пред троа повеќе години ќе ми беше поинтересен.
Се беше некако просечно во филмот. Имаше кјут моменти, мора да признаам, ама не е тоа - тоа. Фалеше повеќе комедија.
Дали е се судбина, дали одлуките влијаат, дали ти праќа универзумот знаци... па го заборавила палтото, па ова, па она... I'm over that.
6.5/10
 
Кога ќе посакаш нешто, Аноне, целата Вселена кова заговори да ти ја оствари желбата. А уште повеќе ако тоа што го посакуваш е поврзано со Божиќ. Магијата постои. И ти многу добро знаеш дека е тоа така. Сакаш да те потсетам? Hint: чашите! ;)

Over that бил! Ха!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom