Времето на
@Anon истече. Јас сум на тронот сега. Анализа ќе направам ко ќе се вратам дома, од телефон е невозможно. Вака сега:
Овој период ми е еден од најубавите во годината, не само заради претпразничната магија, туку и зашто убави работи ме поврзуваат баш со овие две недели: денес му е роденден на брат ми, наредните денови родендени слават неколку мои драги пријатели, а на 13.12 ја запознав жената на мојот живот и баш оваа година, баш овој 13.12 славиме 10 години заедно. Плус, на крајот од мојот термин, за точно две недели е Божиќ, оној кој го слават речиси сите христијани во светот, освен во десетина држави меѓу кои и нашата, и не е само католички, туку и православен. Затоа, одлучив овојпат да не барам филм кој ќе ви се допадне, да не е тоа некој на кој сум дал десетка заради не знам какви квалитети, и да не е некој кој или сите го немате гледано како првите 2 мои, или сите го имате, како Титаник. Туку, да биде тоа малечок едноставен, божиќен ромком (до душа, имав во предвид и еден божиќен анимиран, ама него брзо го отфрлив од конкуренција). Значи, филмов се наметна сам по себе и не можам да сфатам како може никој од тука да го немате гледано (не знам само за
@Gazpapir ,
@moongoses ,
@Bojan Van Buuren и
@marinetti - немам ваши letterboxd профили), кога на А1 на времето го убија од репризирање, дури и во лето, на 15 јули. Ова е еден од најрепризираните мои филмови, го имам гледано сигурно повеќе од пет пати, но сега прв пат ќе седнам баш со намера да го гледам, зашто до сега секогаш сум го фаќал само на ТВ. Е сега: знам дека ќе имате многу замерки, знам дека има многу клишеа, знам дека ќе го предвидите (или можеби не), но филмов има една топлина, една магија како ретко кој, па who cares. Важно е да го пуштите мозокот на пасење и да уживате 2 саати. Ladies and gents,
Serendipity.
Have a very merry Christmas! And love each other.
P.S. Сум ја пробал финтата од филмот, и уште не сум ја нашол "вистинската", ваљда.
[DOUBLEPOST=1512984305][/DOUBLEPOST]
@wot -
Film Club (Serendipity: 11.12-24.12)