Епа децо, и јас го изгледав конечно и никогаш не знам што да пишувам за филм за којшто веќе имам пишано, посебно кога треба тоа да го напишам во формат на рецензија.
Фантомот е култен лик во она што се нарекува готска хорор литература, иако современо не е издаден во периодот кој најмногу се поврзува со истата - романтизмот. Култот кон неговиот лик, а и безвременоста на самата приказна е најверојатно причината за милионите адаптации и inspired works години подоцна. Иако за филмот што ние го гледавме, најодговорна е светската популарност на мјузиклот на Вебер кој со 12 000 изведби е најдолго прикажуваната претстава на Бродвеј, сепак иницијалната идеја е од самата новела.
Ќе почнам од музиката, зашто сепак таа го има приматот во филмот и го движи дејството. Како љубител на оперската уметност, ќе кажам дека доста сцени од филмот многу наликуваат на оперски чинови и го комлетираат чувството на тоа дека се наоѓаме во оперска сала. Оргулите како најдоминантен инструмент во најголем број од композиците идеално ја доловуваа опскурната атмосфера која беше присутна секогаш кога во сцената беше присутен Фантомот. Песните многу ми се убави мене, и веќе ги знам сите на памет, нешто подолу ќе издвојам неколку омилени од кои се ежам кога ги слушам.
За реализацијата на ликовите немам никакви замерки, иако некои работи ми беа пренагласени и многу типизирани. Ликот на Карлота е еден од нив. Ми беше пренагласено кај неа тоа што беше претставена како негативен лик, и некако ми немаше баланс самиот лик. Нејзиниот лик почна и заврши како архетип на разгалена дива, и тоа немаше да биде толку лошо, доколку не беше толку еднодимензионално. Буквално секоја сцена со неа, постоеше за да се нагласи контрастот помеѓу неа и скромната и ненаметлива Кристин. Од толку што ги поседуваше сите елементи на антагонист, дури и пеењето нејзино звучеше на гракање и завивање. Затоа и она што требаше да дојде до израз, односно фаворизирањето на Фантомот поттикнато од опсесијата кон нашата протагонистка, многу повеќе изгледаше на common sense отколку на непотизам.
Што се однесува на другото горе долу се дигестира, Фантомот кој реално требаше да личи на Elephant Man, а личеше ко да го извадиле од насловна страна некако барем јас можам да си го оправдам, бидејќи реално целиов тријаголник ќе беше надвор од разумот ако Кристин си дозволеше да се пика по пештери и канали со некаква beyond belief наказа, и истовремено го гледа како Бог додека ја вози на гондола.
Од техничките аспекти, костимографијата и кинематографијата се top notch, некои детали ми беа глупи како сцената кога се креваа свеќници/канделабри од вода, и во допир со воздух се палеа свеќите, ми изгледаше тоа така малку аматерско и ефтино. Ама друго се од аспект на сценографија ми беше совршено и многу пријатно за гледање. И интересно ми беше тоа што обратно од рамката, во овој филм ретроспективниот дел беше во боја, додека сцените кои беа во „сегашноста“ беа црно-бели.
Толку имам јас да кажам, 8/10