FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Конечно! Па ова се бараше бе луѓе, дискусија. Продолжете си, продолжете, не го слушајте @Anon.

ЌЕ ОДИМЕ ПРОТИВ ПРАВИЛАТА АААА
ВО ДАТАТА УБАВО ГОРЕ ВО НАСЛОВОТ ИМА ПИШАНО МОДЕРАТОРОТ НИ СЕМОЌЕН 09.10 ШТО ЗНАЧИ ИМААТ УШТЕ 47 МИНУТИ ОКЕЈ ПОЗЗ УТРЕ ПРВА СМЕНА СУМ
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Како што е редот, да пробам да погодам што филм ќе биде.
Филм од 2000 и некоја, деца 1000 % ќе има во филмот, и некој необичен пар со необична приказна. Драма, романса, комедија, нешто такво, со многу бои и убави пејзажи. И некој наставник како споредна улога :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.130
Поени од реакции
34.965
Толку беше со судењево. 11-мина (повторно) го изгледаа и дадоа средна оценка 7,7. @ManUtdChampions , @wot и @bobipp го испуштија. Следен за предложување е @Anon , кој дојде на ред откако се откажаа @Толстој , @Spiegel , @RectumAnale и @Џонтра Волта . Краток ќе бидам - ќе го почекаме @Anon до 20:00 (ама вети дека ќе се уклучи за време на голем одмор :P), а ако го нема, ќе презентирам јас во 20:00 вечер.

Ај, отидов јас да славам. Некој за торта?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Филмот го гледав пред една година и ми остави силен впечаток на крај.
Морам да признаам дека ми беше досаден на моменти но по разговор со другар ја сфатив „убавината“ во некои од тие моменти.
Го одбрав затоа што:
  • според моите „длабоки и долготрајни“ истражувања, го има гледано само @Хефест ама он и онака е сељак и не не дружи тука;
  • кратко трае;
  • има мал број на гласови на imdb => не е многу познат;
  • сакам да видам дали ќе допре и до вас и
  • Eddie Marsan не смее да продолжи да биде потценет.
Искрено, имав и доста други предлози кои сметам дека би ви се допаднале повеќе од овој но ете, се одлучив да не играм на таа карта.
Пазете да не го симнете со италијански јазик.
Овие се во ред (имаат мал број на сидери и првите минути може да е бавно но се симнаа брзо, читај доле)
Still.Life.2013.DVDRip.x264.HORiZON-ArtSubs - 1.3GB - Pirate bay - на 5 октомври во 9 сабајле се симна за 12 минути (Препорачан поради доста подобар квалитет на слика и звук)
Still.Life.2013.LIMITED.DVDRip.x264-BiPOLAR - 570MB - Rarbg - на 5 октомври во 9 сабајле се симна за 10 минути (Звукот е малку лош)

Злате, нека ти е среќен роденденот. Да си жив и здрав :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.747
Поени од реакции
6.691
Јас се извинувам за задоцнетава рецензија. Буквално во 5 до 12 го гледав филмот вчера, а не можев одма после тоа да пишам мислење ми се спиеше ептен. Денеска цел ден од сабајле излезен па еве дури сега да напишам збор-два.
Генерално филмот ми се допадна ама ништо посебно. Одамна немав гледано филм со судење, макар тоа било и вакво, на еврејски верски суд. Глумата ми се допадна, доста солидно изведено. Само не знам зошто толку мачење за сите страни? Ако не сака да живее со него едноставно напушти го ебаго и онака 3 години не биле заедно. Шо ќе ти е развод? Само за да имаш правен документ/дозвола за да одиш со други и да си права пред системот и пред Бога? Тој па се мачи себеси и неа и децата. Се зависеше од него. Судот така се постави или едноставно така се направени законите, патријархално поставени да иако бракот е рамноправна заедница, последниот збор го има мажот. Тој не дава развод, тој не иди на расправа, никој ништо не му може. Одлежи малце затвор, колку да се рече и сето тоа без резултат. Толку време се малтретираа за на крај да понуди едноставно решение, потпиши дека нема да одиш со други и те пуштам. :ROFLMAO: 3 години ти да одиш по судови да се малтретираш е бесмислено трошење нерви, време и пари. Добро брат му му беше адвокат, ама сепак :LOL: ама и на судиите им скурчи веќе.

Се на се, една просечна 7/10 ;) и ветувам следно ќе бидам побрз во гледањето и рецензијата.
 
G

grande-juve

Гостин
Still Life

Сакам ваков тип на мирни, "мали", британски филмчиња. За глумата ако се збори треба да се збори само за Eddie Marsan. Во доста филмови сум го гледал, обично во споредни улоги и секогаш оставал впечаток. Сега првпат го гледам во главна улога и си растури, ова е негов филм. Сепак и покрај тоа, не успеа да ме допре убаво филмов. Грицкаше, се правеа крукчиња околу тапата, ама не потона до крај. Г-дин Меј е осамен административец кој го посветува скоро цело свое време на луѓе кои умреле сами, барајќи, обично без резултат, било кој од нивните роднини или пријатели, и грижејќи се нивните погреби да бидат според сите стандарди. Филмчево си тера полека, и 90 отсто е како Меј си ја врши работата, претежно на неговиот последен случај за кој конечно има некакви траги, ама без некоја подлабоко обработка на неговиот лик. Затоа и често ми беше на граница од досада. Ама при крај се придвижува. Прво се смешкав на таа црна иронија, баш кога почна некоја светлина да му влегува во животот преку слугинката од Даунтон Аби, го утепа автобус. И после самиот крај, исто така ироничен, единствениот дел кој што изнуди некои емоции, кога за неговиот последен случај успеа конечно да обезбеди "нормален" погреб со присутни луѓе, и тоа во неговото гробно место, Меј да биде во исто време закопан отспротива без жива душа, ами со мртви души, опкружен со духовите на сите оние за кои се грижеше да имаат "достоен" погреб. Убаво легна крајот, но ми требаше поише во остатокот за помрсна оцена, вака само една океј 6 иполка.

П.с.
@wot мењај наслов, Злате слави уште и забораил да те потсети :D
 
W

wicked_1

Гостин
Морам да признаам дека ми беше досаден на моменти но по разговор со другар ја сфатив „убавината“ во некои од тие моменти.
Елаборирај малце. >.>

Идејата и замислата на режисерот во филмов е генијална, ама филмот се движеше ептен линеарно и не градеше доволно добро конекција со гледачот.

Мислам дека фали интензитет во некои сцени да додадат контраст во филмот, поефектна музика и малце повеќе наратив, посебно кај сцените со сликите и албумот кои ја објаснуваат симболично целта на режисерот.

Според мене, за главниот лик беше неприфатливо со смртта на еден човек да згаснат инстантно и сите негови животни остатоци, моменти и сеќавања само заради тоа што завршил сам, па се трудеше да ги задржи тие моменти колку што може подолго.

7.5
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Елаборирај малце. >.>
Не знам, не се сеќавам убаво (а тешко дека ќе го репризирам) но често во неговиот мизерен живот, можат да се забележат мали ситни детали кои перфектно ја отсликуваат мизеријата во реалниот живот, а не била доволно прикажана во други филмови или не се давало значење. :)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Still Life. Одличен филм, кој во себе содржи огромна тага и депресивна нота. Можеби и затоа толку многу ми се допадна. Од уметничка гледна точка извонредно. Уметност во секој кадар. Сепак, не станува збор за уметност која ги „копа“ очите по секоја цена. Тука видовме нешто дискретно и едноставно. Пр. кадарот со напола излупеното јаболко; или сцените додека тој патува; или додека тој ги лепи сликите во албумот. Јас уживав во филмот. Ми требаше нешто вакво, за да се прочистам од се друго што гледав во последно време. Филм кој потврдува дека едноставното е убаво.
Главниов глумец го имам гледано во уште неколку филмови и една серија. Секогаш бил одличен иако секогаш со своите улоги бил на некој начин во сенка. Ама во овој филм тој е маестрален. Одлично изнесена улога. Секоја негова емоција или рамнодушност ме воодушеви. Дијалозите беа доволни, затоа што се си беше прекрасно одглумено.
Сега малку за приказната и за ликот. На почетокот Меј не ми беше симпатичен воопшто. Ужасно педантен и стерилен лик кој е заробен во својата рамнодушност. Работи една депресивна работа и на почетокот изгледаше како да не ужива во тоа што го прави. Се изгледаше како навика: и неговата работа, но и неговиот живот. Последниот случај на кој што работеше разбуди нешто во него. Можеби затоа што му беше последен или затоа што се работеше за негов сосед... или можеби поради двете. Конечно почна да се буди и да покажува знаци на живот. Се разбуди нешто во него, за кое добив впечаток дека ниту ни самиот не е свесен дека го има во себе. Успешно го оживеа споменот на човек кој веќе беше заборавен од своите најблиски. Запозна девојка со која требаше да оди на кафе по погребот. Толку убаво се почувствував во тие моменти... како мене да ми се случува нешто пријатно, а не на лик од филм. И се така, додека во следниот момент не го чукне автобус. Приказна која посведочува дека животот е непредвидлив. Човекот нема контрола над својот живот.
Човекот кој се грижеше да ги испрати сите оние кои немаше кој да ги испрати на крајот заврши како нив. Никој немаше на неговиот погреб. Ама зарем тоа е битно, кога човекот веќе го нема. Мислам дека умре среќен. Тоа е најбитно, затоа што секој човек заслужува малку среќа во животот. А за него имав впечаток дека е прекрасен човек, само што водеше еден осаменички и повлечен живот. Да, ова е еден од потажните филмови кои сум ги гледал во последно време. Буди емоции. Јас дефинитивно не останав рамнодушен на овој филм. Самиот крај исто така одличен. Сите на кои тој им оддаде почит беа тука за него.
Затоа овој филм заслужува висока оцена. Да, дефинитивно е еден од оние „спорите“ филмови кои не ги напрегаат сите сетила на гледачот. Сепак, во тоа е и убавината на овој филм. Претпоставувам дека нема да им се допадне на дел од групава, врз основа на тоа што досега го имаат пишано за другите филмови. Јас сум презадоволен од тоа што го гледав. Од мене и моето алтер его Ким Јонг една силна 8!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom