FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

D

Daedalus

Гостин
Не не, далеку од тоа дека не оправдувам.. Разбирам дека е лошо и неподносливо тоа и дека има право да се разведе, па ако сака нека нема и причина, само не ми беше интересно да гледам цел еден филм за развод затоа што некоја престанала да го сака мажот затоа што не и обрнал внмание. И тие причини како "никогаш цвеќе не ми купил" ми беа глупи и банални.
Проблемот во сето тоа е на повисока инстанца од тоа „зошто“ она не го свиѓа него веќе. Ко што пишав, причините може да се глупи и банални, она можда его трипа дека сака да има авантура со некој латински заводник Фабио и тристо други глупи или паметни причини, само што ако се задржиме на тоа, тежината на проблемот и поентата на филмот ќе падне на ниво на „Млади Бунтовници“.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Проблемот во сето тоа е на повисока инстанца од тоа „зошто“ она не го свиѓа него веќе. Ко што пишав, причините може да се глупи и банални, она можда его трипа дека сака да има авантура со некој латински заводник Фабио и тристо други глупи или паметни причини, само што ако се задржиме на тоа, тежината на проблемот и поентата на филмот ќе падне на ниво на „Млади Бунтовници“.
Вака сега. Имаш ти жена. 100 години сте со брак, се и се посветил максимално, ја сакаш, почитуваш, и овозможуваш се, 4 деца имате, живеете, стареете заедно и доаѓа ден и таа ти бара развод. И место фино лепо да ти каже сакам да се разделиме затоа што веќе не те сакам, сакам да имам авантура со Фабио, ти рече сакам да се разделиме затоа што ти си крив што веќе не те сакам, затоа што еднаш не ми донесе чај. И те претставува како најголем бездушник. И нема да ти биде криво и да те фати инает покрај се? Во ред е што не го сака веќе, не е во ред што него го обвинува за тоа.
 
D

Daedalus

Гостин
Вака сега. Имаш ти жена. 100 години сте со брак, се и се посветил максимално, ја сакаш, почитуваш, и овозможуваш се, 4 деца имате, живеете, стареете заедно и доаѓа ден и таа ти бара развод. И место фино лепо да ти каже сакам да се разделиме затоа што веќе не те сакам, сакам да имам авантура со Фабио, ти рече сакам да се разделиме затоа што ти си крив што веќе не те сакам, затоа што еднаш не ми донесе чај. И те претставува како најголем бездушник. И нема да ти биде криво и да те фати инает покрај се? Во ред е што не го сака веќе, не е во ред што него го обвинува за тоа.
Не е тоа поентата, пак муабетов иде накај „Млади Бунтовници“. Малце тешко и апстрактно е за објаснување, треба да навлегуваме у филозофија на право, религија и етика за да ти објаснам кон што целам, нешто што може да се збори у друга прилика и е оф топик во ситуацијава.
 
W

wicked_1

Гостин
Не очекував вака добро напишан филм, убаво е снимен и држи добро темпо.

Сите дилеми сте ги расклопиле, само да додадам дека филмов доста збори за тоа колку стандардите делуваат изместени кога се филтрираат низ призмата на религијата и традиционалните практики.

Тука се преиспитува некое ограничување на право на сопствен избор и сопствена волја, од аспект на тоа што дејствието на Вивиен (тужбата за развод) може да предизвика штета на друго лице. Дури и по нивните закони, имаше валиден основ.

8/10
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
...Она, пробувајќи потсвесно да најде причина зошто со текот на времето и' станал одбивен, ја наоѓа вината во тоа што не и' обраќал пажња, не носел цвеќиња и све тоа. Он, ко и секој којшто не може да ја има жената со која е опседнат и ја сака, е посесивен и пасивно агресивен. Се гледа и по други индикатори дека сака да биде по негово бидејќи ако не е, тоа може лесно да го повреди бидејќи е емотивно фрагилен...
...Ја лично познавам многу луѓе што се копии на Елиша, собираат све у себе, емотивната интелигенција им е послаба страна и се инаетливи и ригидни...
...Не би пишал, доколку не морав. Прво, на конструктот потсвесно не му е местото таму каде што ти го спомнуваш. Зошто? Еве ти една причина: потсвесното останува потсвесно. Нејзините намери најверојатно се определени и од потсвесното, ама таа не е во никаков допир со својата потсвест така како што си пишал ти.
...Друго, не глобализирај. Не секој човек кој е во таква или слична ситуација станува посесивен и пасивно агресивен. Има тука многу нешта коцки кои треба да се склопат.
... Апсолутно не можам да се согласам со тебе дека тој е емотивно фрагилен или дека емотивната интелигенција му е слаба!!! Човеков си е на место, од тој аспект!!!
На крајот на краиштата не ја потенцирај психолошката компонента во своите здраворазумски размислувања.
BTW се согласувам со сето останато што си го пишал, затоа што е твое мислење.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
... Апсолутно не можам да се согласам со тебе дека тој е емотивно фрагилен или дека емотивната интелигенција му е слаба!!! Човеков си е на место, од тој аспект!!!
Зошто би му сметало ако она има друг после него и ја уценува со тоа што нема да и' даде развод ако не му вети дека нема да има друг после него?
BTW се согласувам со сето останато што си го пишал, затоа што е твое мислење.
Само затоа што е мое мислење, тоа не значи дека треба да се согласиш.
Ете, на пример не се согласуваш со деловите кои ги цитираше иако тие се мое мислење.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Зошто би му сметало ако она има друг после него и ја уценува со тоа што нема да и' даде развод ако не му вети дека нема да има друг после него?

Само затоа што е мое мислење, тоа не значи дека треба да се согласиш.
Ете, на пример не се согласуваш со деловите кои ги цитираше иако тие се мое мислење.
1. Можеби затоа што ја сака малку повеќе, па не може да се справи со загубата. Зборувам во свое име - понекогаш помислата дека саканата личност е со некој друг знае да предизвика чувство на гушење. Освен тоа, тие се пар кој минал долг временски период заедно. Нему ни на крај памет не му идело дека нивниот брак ќе заврши така како што сите видовме. Пробај да ги разбереш неговите постапки малку подлабоко... ќе видиш дека освен горчина има тука и љубов. Барем јас видов љубов.
2. Се согласувам затоа што мислењето е твое и имаш изнесено ок-ставови. Не дека мислењата ни се поклопуваат, но океј е секој да си има свое размислување. Всушност тука е убавината. Но, ти се повика на психологијата и изнесе своја психолошка анализа со која не дека јас не би можел да се согласам, туку мислам дека малку е измрдана. Само затоа и пишав. Немав намера да бидам строг или да те навредам. Ниту пак ти пиша нешто ужасно. Би се согласил со се што кажа, ако барем малку се дистанцираше од психологијата. No hard feelings. ;)
 
D

Daedalus

Гостин
1. Можеби затоа што ја сака малку повеќе, па не може да се справи со загубата.
Дали неговата неможност да се справи со загубата е поврзана со емотивна стабилност или емотивна нестабилност?
Како ти дефинираш емотивна стабилност и дали акциите на емотивно стабилен човек би биле исти со неговите акции?
Дали мислиш дека емотивно стабилните луѓе не им даваат развод на жените кои ги сакаат и им забрануваат да идат со други мажи до крајот на својот живот?
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Според тебе само емотивно стабилните луѓе можат да се справат со загубата? Повторно не би се согласил, затоа што според моите убедувања не постои емотивно стабилен човек. Човекот е покршлив од што изгледа. Човекот не е ниту самиот свесен колку е слаб, не па емотивно зрел. Емотивната стабилност зависи од минатото искуство, самиот човек, моменталната состојба (психичка, здравствена, социјална...) и од ред други работи. Емотивната стабилност ако ја посматраме како скор на тест од психолошки тест, тогаш ок, може да збориме за нешто такво. Ама сепак, се зависи од околностите. Со загуба (од различен тип) не успеале да се справат и многу посилни и психички постабилни луѓе.
А сега да ја тргнеме емотивната зрелост настрана. Зависи од човек до човек како ќе се справи со загубата. Па веќе тука имаме здрави и штетни начини на справување. Ако збориме исклучиво за ликов од филмов, ете тој не и даваше развод. Според мене поради тоа што длабоко во себе сеуште ја сакаше. Не негирам дека е невиден инает и дека се измачи и себеси и неа.
 
D

Daedalus

Гостин
Според тебе само емотивно стабилните луѓе можат да се справат со загубата?
Не разбираш. Јас тврдам дека тие што не можат да се справат со загубата, се емотивно нестабилни, а не дека само емотивно стабилните луѓе можат да се справат добро со загуби. Едноставна логика е.
1. Емотивно стабилните луѓе се справуваат добро со загубите.
2. Емотивно нестабилните луѓе или се справуваат добро со загубите или не се справуваат добро со загубите.
3. Ако некој не се справува добро со загубите, е емотивно нестабилен бидејќи (1) и (2).
4. Он не се справува добро со загубите.
5. Он е емотивно нестабилен.


Не те разбирам, ако може да бидеш малку појасен.
Ако го пишеш ова:
Повторно не би се согласил, затоа што според моите убедувања не постои емотивно стабилен човек.
Како можеш да го тврдиш ова?
... Апсолутно не можам да се согласам со тебе дека тој е емотивно фрагилен или дека емотивната интелигенција му е слаба!!! Човеков си е на место, од тој аспект!!!
Или ова?
Со загуба (од различен тип) не успеале да се справат и многу посилни и психички постабилни луѓе.
Ако не постојат психички стабилни луѓе, со каков стандард компарираш кога кажуваш дека со ова не успеале да се справат „посилни“ и „психички постабилни“ луѓе?
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Навлегуваш во игра на зборови. Мислам дека сум многу јасен.
Сакам да ти кажам дека не постои емотивна интелигенција, освен ако не одиме исклучиво според некои теоретски рамки. Постои стабилен и нестабилен човек (емотивно), но во зависност од ситуациите. Па така истиот човек кој во еден момент е супер стабилен, во следна ситуација може да биде ултра, мега, гига нестабилен. А ако збориме за ликов од филмов, за време на разводот, беше емотивно цврст и покрај тоа што ја губеше жената на својот живот. Сега ме разбра?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Сега ја разгоревте дискусијава бе.
До 23:59:59 имате време, после тоа немој ниту да помислите, мојот филм е на ред.
Ама ќе ви го презентирам утре накај 13ч.
 
D

Daedalus

Гостин
Навлегуваш во игра на зборови. Мислам дека сум многу јасен.
Не си воопшто јасен и правиш логички грешки. Јас можам цело време да ги посочувам твоите контрадикторности, а ти да лупаш ад хок со тоа што ќе кажуваш дека навлегувам во игра на зборови.
Постои стабилен и нестабилен човек (емотивно), но во зависност од ситуациите. Па така истиот човек кој во еден момент е супер стабилен, во следна ситуација може да биде ултра, мега, гига нестабилен. А ако збориме за ликов од филмов, за време на разводот, беше емотивно цврст и покрај тоа што ја губеше жената на својот живот. Сега ме разбра?
Па и тера нестабилен, глеј го Ким Јонг, ќе не' разнесе сите. Те разбрав, само смири се, више идеш накај ред величина „петанестабилност“.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.130
Поени од реакции
34.964
Конечно! Па ова се бараше бе луѓе, дискусија. Продолжете си, продолжете, не го слушајте @Anon.

 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Смирен сум, ама малку ме умори додека се обидов да ти објаснам. Драго ми е што конечно ме разбра. Ти требаше време.
Тешко дека ќе продолжам. Ок дискусија е без натегање. Поентата на дискусијата е да се разбереме, не да ми бара грешки и контрадикторности (кои патем ги немам). Ама тешко тоа со некои. Уште на крај, ќе слушам приказни дека лупам, правам логички грешки и сум контрадикторен. Ај да беше духовит, ќе замижев на едно око, ама и вака... :ROFLMAO:
Се изгуби човекот, цитирајќи ме!!! :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom