Лето
ја изжарен, как котлета.
Времја есть, а денег нету -
Но мне на это наплевать.
Лето!
ја купил себе газету.
Газета есть, а пива нету -
ја иду его искать, о-о-о!
Уживав само во две нешта во филмов:
1. Музиката! Човече, значи дефинитивно 80-тите години на 20 век се годините во кои се правела најубавата музика во светот. Еве, потврда за тоа е и музиката од филмов. Јас поубава руска музика од буквално секоја трака тука, не сум слушнал! И цела среќа што целиот саундтрак го има на youtube, па вчера, по филмот, си го преслушав уште еднаш. Омилени: Лето, Безделник и крајната - Кончитсја лето. Еве, ако сакате, да уживате и вие уште малку:
P.S. Филмот, една од ретките награди кои всушност ги има земено, е наградата за најдобар саундтрак во Кан.
2. Сценографија и кинематографија - ми се допадна црно-белиот пристап, тука. Му даде на филмов некоја дополнителна нота на носталгичност. И секогаш кога имаше музика, ми личеше на музички спот од осумдесетите. Малку мислам дека беа претерани анимациите, и тотално непотребни, но освен нив, филмов беше визуелно бонбонче. Исто, и во малкуте делови со боја, оној во кој ги рекреираа насловните страни на омотите од познатите светски албуми во тоа време, ми беше преубав.
Е сега, освен тоа: јас попогрешен синопсис за филм од тој на IMDB и Letterboxd не сум прочитал! Факт! Ова не е филм во кој има некоја приказна. Има, да, но таа е најмалку битна за филмот. Тука нема раскажување приказна, нема градење ликови (изградени се веќе, иако ние не ги знаеме), туку ова е опис на едно време, на една музичка сцена, на една состојба, на комунистичка Русија во 80-тите, и сосема поразлична слика од таа која ние ја замислуваме. Филмот е омаж обвиткан со носталгија за едно време и едни луѓе, и воедно, трибјут за нив - за Виктор Цој и Мајк Науменко. Многу ми беше емотивен крајот, со годините на раѓање и смртта на обајцата. И двајцата умираат во почетокот на 90-тите, кобните години и за многу од нашите легендарни музичари од поранешна Југославија. Знам дека режисерот ја немал таа намера, но јас ја видов таа симболика тука, зашто знам уште ликови кои кобно ги дочекале деведесетите - како да не можеле нивните срца да го издржат новото време, капитализмот и новите технологии.
Инаку, од Серебреников немам гледано филм до сега. Пред некоја година кога му го фалеа тој, Le Disciple, го симнав, стоеше неизгледан долго време, и го избришав на крај зашто ми зафаќаше простор.
Настрана од сето ова, мене филмот ми беше досаден. Поточно кажано - приказната ми беше досадна. Но тоа е поради фактот што јас за овие луѓе не знаев ништо претходно, тоа не се ни некои големи музички ѕвезди од 80-тите, ни некои локални херои од кај нас. А ни јас не сум Русин. Па така, верувам дека филмов многу повеќе би им се допаднал на Русите кои живееле во тој период отколку на некој обичен смртник на рандом место во светот. Но, рековме, приказната не беше најважна ствар тука, па затоа нема да му дадам некоја ептен страшна оценка, која, да ја немаше таа музика и таа кинематографија - секако би ја добил. Од мене една силна 6/10. Само толку можев да пуштам срце!
@Corvus ,
@grande-juve ,
@devilko ,
@Хоуп и
@wot - уште само денес и утре ги имате за филмов![DOUBLEPOST=1556353996][/DOUBLEPOST]И, еве за тие кои сакаат да дознаат повеќе за
Кино,
Зоопарк и
Аквариум.