- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.091
- Поени од реакции
- 34.874
I am back! Конечно изгледав филм од клубов, и ќе ги изгледам и трите пропуштени, ветувам. Е сега накратко за A Time to Kill. Јас се одлучив да му дадам седмица прво, ама по кратко размислување и откако ги исчитав коментарите ваши, ќе ја намалам малце оценката на 6/10. Образложението следува подолу.
Филмот генерално си е ОК. Солидна актерска екипа, приказна слична на To Kill a Mockingbird само со мали варијации, солидно беше пренесена приказната, убаво изрежирано се... Реков, генерално позитивен впечаток ми остави, и обично вакви ОК филмови на кои им фали нешто за да бидат WOW или над просек, добиваат 7 кај мене. Затоа и прво се одлучив за 7.
Но, филмов има многу маани:
-Кажавте дека е непотребно толку долг, можеле да го стеснат и под 2 часа и ништо да не изгуби
-Уште од старт се обидуваше преку постојаното префрлање на фокусот од едно место на друго и од едно случување на друго, да добие на комплексност. И навистина, по некаде час поминат од филмот, си реков: доста комплексен филм, паралелно прати неколку сегменти на приказната и притоа ни една од нив не трпи на сметка на другите. Но подоцна испадна дека не етака. Некои моменти, сцени, и скршнувања од главниот тек испадна дека не биле воопшто битни. За други, за кои изгледаше дека ќе бидат битни, не се дозна ништо, и останаа да лебдат неодговорени прашања, или пак можеби јас не сум се фокусирал доволно па затоа истите ми останале неодговорени (пр. кок беше Мики Маус типот и која беше неговата намера, цел, поента... Јас мислев дека тој лик е некој кој е длабоко вплеткан во целиот случај и дека ќе придонесе за да се долови нешто повеќе од идејата на филмот. После, и ликот на Сандра Булок беше мноооогу непотребен, ко да ја уфрлиле одпосле изгледаше и ко да сите сцени со неа беа само за да набе минутажа на екран, а изгледаше дека ќе биде многу позначајна и повплетена во случувањата. И.т.н.).
-Мене крајот не ми се допадна. Ми беше претерано американски, ептен претенциозен. Како бе може некој кој убил човек да биде прогласен за невин и следниот ден да си прави скара во дворот? Без оглед на контекстот во кој го извршил убиството, човек кој извршил убиство мора да биде институционализиран!
-Сцената кога се врати жена му за време на дождот и мене ми беше многу глупава. Цело време додека траеше мислев дека сонува или замислува. Поточно се трудев да се убедам дека сонува или замислува, зашто така ќе имаше поента целата таа сцена. Вака не.
-Многу дијалози, многу сцени, многу реплики ми беа максимално нереални и роботски. На пример, сцената кога се испраќаа на аеродромот со жена му и ќерка му: јас мислам дека е невозможно на таков начин, како да читаат текст од книга да комуницираат двајца кои со години се во брак. Многу вештачки ми делуваше тоа. Па и малечката, една единствена реплика изговори, и и таа беше за facepalm - така ни едно дете на светот не би одговорило на родител со кого се испраќа, па колку и да е паметно детето. Тоа беше ко роботче да се поздравува со татко му - робот. Многу lame.
-А... ова, Кевин Спејси де ми беше закон, само уште тоа да кажам.
Имаше уште моменти, ама веројатно заборавив што сакав да кажам. Ама тука сме, ако ми текне.
Значи 6/10[DOUBLEPOST=1489511744][/DOUBLEPOST]А, да - гласајте за Kajgana Movie Awards. До недела имате рок! https://goo.gl/CvwCM9[DOUBLEPOST=1489512929][/DOUBLEPOST]@MyloXyloto , @wot , @Iceboy , @wicked_1 , @Џонтра Волта , @ob1 , @moongoses , @Corvus , @Донев , @Shawn Spencer , @Carax и @Вокерка - имате уште само 5 дена за A Time to Kill. @Џонтра Волта - од тебе уште ја чекам оценката за твојот.

Последно уредено: