FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
96
Поени од реакции
454
Willow (1988)

Ќе беше многу подобро ако го имав изгледано филмов додека бев дете, во тој случај сигурно ќе ми бил незаборавно доживување. Ама, бидејќи го изгледав како возрасен (релативна работа), со многу филмови веќе изгелдани од овој жанр, можам да кажам дека беше подобар од моите очекувања. Го дознав филмов кога пред две години за време на карантинот, татко ми бараше филмови за гледање и ми рече да му го симнам, ама не му обрнав внимание толку тогаш.
Не е лош филм, фантазија, лоши кралици, храбри витези, херои големи во срцето и слично. Не е нешто невидено или иновативно. Ефектите си се добри за тоа време. Интересно ми беше како принцезата лесно се преобрати од лош во добар лик со само еден непосреден контакт со Вал Килмер, ама тоа е што е.
Имаше одредени over the top ликови, ама па за детска бајка и такви треба да има. Искрено се надевам дека сите глумци уживале во снимањето на филмов.
Од мене ќе добие 6/10 само затоа што го имам изгледано предоцна. Ова е и поука да не се гледаат филмови кои ни биле интересни во детството, за да не се разочараме.
Благодарам до предложувачот што добив шанса да го изгледам филмот, сепак е познат и култен, и не знам дали ќе го игледав во иднина.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.105
Поени од реакции
34.900
Ај и јас додека не сум ги дозаборавил сосема:

MINAMATA

Не ги сакам многу ваквите филмови, Erin Brockovich стил (иако тој ми се допадна). Spotlight, на пример, ми беше убер-досаден. И некои други слични. Така и од овој немав којзнае какви очекувања. ОК, научив нешто што не знаев, дознав за Minamata болеста, но имам впечаток дека да беше ова документарец, поубав впечаток ќе ми оставеше. Искрено, не ми се допаднаа ликовите, ми фалеше емоција (а тука мораше да ја има!), приказната ми беше здодевна зашто знаев на кај ќе тера и како ќе заврши... Затоа не можам да му дадам повеќе од 6/10.

WILLOW

Masterpiece! Мислам, ОК, get it, го има прегазено времето, нема баш остарено добро филмов и многу наивно делуваат еден куп работи во него, но јас едноставно обожувам вакви филмови! Во тоа време немаше многу фантастика, не беше профитабилно да се прават вакви филмови веројатно, па така тоа малку што го имаше (а не беше анимирано) лично за мене беше преоригинално и преинтересно. Така и овој филм, кого не го гледам прв пат, иако не ми беше логнат на LB, зашто таму ми се обележани само филмовите кои сум ги гледал после 2008, 2009. А моментот со оригиналноста не може да остари никогаш! Ефектите изгледаат смешно од денешна перспектива, да, но колку само им било тешко во тоа време да го изведат сето ова и да изгледа вака! Баш штета што Лукас после еден ваков свет се префрлил кон креирање на друг, научно-фантастичен, но ептен ме израдува податокот што сепак Disney ќе му се вратат на универзумот и наскоро ќе гледаме серија за Willow Ufgood. Прекрасно враќање во детството, фала ти @moongoses ! 9/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Willow

Ми дојде како семеен ЛОТР. Филмче со добро срце, препознатлива формула, генерално харизматични ликови. Да ми бил гледан ко мал сигурно сега ќе добиеше и некои носталгични поени, вака иако без проблем го изгледав мислам дека е едно пола саат поразвлечен од што треба, нема доволно приказна за два и кусур саати.

Младата принцеза многу убава, Вол Килмер си одработи тоа што требаше, Ворвик супер го износе филмот(исто како бебето), позитивна фамилијарна авантура, 6,5 од 10


Minamata

Класичен филм кој одработува некој вистински настан со цел отварање очи и ставање на проблемот под рефлектор.
Го постигна тој ефект сосема добро, немав слушнато конкретно за овој случај и беше добро да се изгледа ова.
Сепак не успеа целосно да ме поврзе со ликовите, а можеше многу повеќе да изнуди од тој емоционален аспект. Претпоставувам сцената кога Џони ја сликаше таа жената требаше да биде врвот, ама повеќе беше како некоја висорамнина :D .
Како и да е, доста гледлив филм, добра тема, ама не ме допре колку што би се очекувало за ваква тематика, 6,5/10
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.333
Поени од реакции
884
Willow 1988
Одлицен филм од осумдесетите фантазиски уште пред прстените трилогијата во свето на гоблини елфови хобити ми се допаѓат вакви филмови иако се фантазија и фикција со средновековни елементи потсеќа и на играта heroes and magic познати глумци вал килмер исто така од ова време има многу филмови како и еден филм со еднорози не се сеќавам на името и цртаниот со гоблините .9.0 оцена
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Willow (1988)

Се сеќавам дека овој филм го имавме на касета, сеуште не знам од која причина затоа што ми беше еден од најдосадните филмови од детството. Вилоу е нестандардизиран и невообичаен херој кој има своја мисија и го проследуваме неговото патешествие во исполнувањето на целта на својата мисија.

Сеуште ми е интересен тој приказ на лошите односно негативните ликови во филмовите за деца, проследени со темна костимографија, а најчесто проследена на мрачни мотиви, нападна шминка која резултира со остри фасцијални црти и голема острина во репликите. Херои и антихерои. Дури и евидентна беше и хиерархиската пирамидална поставеност. Лесна дистинкција во детските очи преку кои можат да влечат морални лекции. Денеска речиси сѐ е анимирано, а детските филмови или се доста плитки проследени со многу лоша глума или се случува филмизација на старите цртани филмови. Тука ја воочлив носталгичноста.

Повторно го гледав и повторно, за жал, ми беше многу досаден. Дури и на момент приказната беше премногу развлекувана.

4/10


Minamata (2020)

Она што е потребно во ваквите филмови, кои се инспирирани од вистински настани, е да се долови страдањето на луѓето, на поединецот на заедницата, со цел гледачот да се поврзе, да емпатизира, да разбуди одредени емоции, па често и да се препознае во очите на малиот човек.

Убав филм за човечката борба и за човековото страдање, луѓето заборавени од владата, која активно со децении води политика на глобална саботажа против воспоставување регулативи, маржи и стандарди, посебно за количеството на жива која се наоѓа во уловената риба на јапонското крајбрежје. Тоа го прави во името на малиот човек, во името на рибарските заедници, чиј риболов е основен, единствен и примарен основ на егзистенција. Но тоа е друг, засебен проблем.

Тоа, првично, треба да се долови преку серија црно-бели слики кои сами по себе ќе ја раскажат приказната, ќе го привлечат вниманието на јавноста, од кои е инспириран и овој филм. Одлично беше доловено човековото страдање, човековата борба, саботажата за прикривањето и човековото секојдневие.

Но од друга страна, Смит, кој го глуми Деп, латентен алкохоличар, имам впечаток дека загубил пасијата кон својата работа, ја загубил посветеноста, ја загубил енергичноста, едвај пристапува да оди во Јапонија, потоа неколку пати е на работ на откажувањето за на крајот и покрај сите пречки, саботажата, поткупот, малтретирањето, да му го претстави на светот проблемот со кој се соочува оваа мала заедница.

Убав филм, ми се допадна.

6,5/10
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
166
Поени од реакции
769
Секогаш кога влегувам со неоснован сомнеж ми се докажува спротивното. Не знам зошто дозволив да се сомневам во ваков снеможен сурат со така блажен осмех.

Веќе немаш 17, не си кул затоа што имаш бенд, не си го искористил потенцијалот кој сите го гледале во тебе. Заглавен си со работа што не ја сакаш од 8 до 4, заглавен си со некој кој некогаш си го сакал. Сѐ што ти останува е да ѝ се препуштиш на Кругер.

Никој не е поштеден од реалноста која гмечи. Немам некои високи очекувања од сопствениот живот за 20 години од сега. Повеќето живееме некој медиокритет и тоа е океј. Стравувам само дека кармата ќе ме удри по г'з зашто бев неподнослива тинејџерка кон моите. Ако имам онакво дете барем да имам и таква викендица. И побрзо од него би фатила џаде.
7/10
Поради кратката опсесија со документарна фотографија, фотографиите на Смит ги открив на почетокот од годинава. Филмот го избегнував поради Деп, а и мислев дека ќе е нешто налик Hiroshima mon amour. Се покажа како далеку посуптилен во искажување на блиската болка.
Сакав да кажам - помина скоро месец откако го изгледав и исто толку време откако ја симнав книгата со мисла дека „ќе ја ѕирнам деновиве“. Дури денес пишувам коментар што веројатно значи дека денес конечно ќе ја читам.

Имав чувство дека ќе отвори со Tomoko and mother in the bath и не можам да се сетам на друг, посоодветен или подобар начин од него. Тој кадар ми се виде далеку помоќен отколку сцената подоцна како настанала таа фотографија. Tука потполно се согласувам со Гранде.
Претпоставувам сцената кога Џони ја сликаше таа жената требаше да биде врвот, ама повеќе беше како некоја висорамнина
Она што ми пречи во ваквиот тип филмови е тоа што колку повеќе тежнеат да го прикажат протагонистот како комплексен лик, толку повеќе се фаќаат во истата (холивудска) замка. И грешник и маченик. Можеби навистина се допирал меѓу тие крајности, но начинот на кој сето тоа е прикажано ми се виде некако излитен.
Ми се допадна што фокусот беше на професионалното партнерство помеѓу Смит и Аилин наместо на љубовното.
Ми е мака што нишката со детето беше само како уфрлена. Некако наеднаш го снема, испари. Моментот кога му се фрли за гушка...pain.
7/10
Вилоу е (речиси) совршената сказна. Необични суштества, тролови, двоглаво чудовиште, магови, волшебни предмети. Јунак, помошник, противник и несреќа околу која е поставен заплетот. Јунакот се одделува од домот, трага низ шумите соочувајќи се со пречки кои ги надминува благодарение на исклучителните помошници. По епска борба повторно се враќа дома, сега како помудар човек, како херој.

Беше убаво патување, но ни јас не го доживеав како магичен. Голем удел во тоа има и Бавморда која ми изгледаше како лоша пародија на злобната кралица од Снежана.
6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.548
Willow (1988)

Војна на ѕвездите поставена во средновековно време со примеси од Индијана Џонс. Така со една реченица може да се претстави филмов.
Горе-долу е истата екипа што стои зад сите овие филмови, па ништо чудо што се рециклирани многу ликови и сцени. Секое рециклирање губи од својствата и квалитетот на оригиналот, па така у тука. Ликовите се недоволно разработени и длабоки. Но, сепак се работи за сказна. Затоа ги содржи сите типични ликови за оваа форма: случајниот херој, витезот отпадник што ќе стане добар, добрата и лошата кралица/магесничка, принцезата што ќе ја освои витезот, паднатиот крал и неколку придружни ликови: некој итар, некој смотан, некој храбар...

Епска е битката на тврдината пред крајот на филмот, соодветно надополнета со музика.

Филмов е од периодот кога Лукас и другарите си играат и тестираат нови техники во филмското производство и ефекти, а попатно и добро заработуваат. Така во овој филм за првпат ја видовме морфинг техниката, каде течно се менуваат формите на реални ликови. Техника без која нема да е можен Терминатор 2 и која всушност таму и кулминира.

Гледлив и по три децении од премиерата, иако нема некои култни сцени или моменти. Ќе видиме серијата во кој правец ќе не однесе. Или можеби подобро воопшто да не ја гледаме.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.105
Поени од реакции
34.900
Ако не сум утнал нешто во пресметките зашто се ми се измеша по падот на форумов пред две недели, еве како стојат работите со последните 2 филма:

MINAMATA го гледаа 13 души и му дадоа средна оценка 6,3. Го испуштија:
- @Комита Ултрас - прв неизгледан
- @Gazpapir и @123456 - втор неизгледан (жолт картон)
- @Erich Zann - трет неизгледан (црвен. До следно видување, пријателе!)

WILLOW го гледаа 8 души и му дадоа средна оценка 6,1 Го испуштија:
- @devilko , @Corvus , @Anon , @Darklady , @Shutmanga - на сите прв неизгледан
- @Комита Ултрас - втор неизгледан (жолт картон)
- @Gazpapir , @123456 - трет неизгледан (црвен картон. До следно видување!)

Еве го линкот до документот, ве молам проверете, ако нешто сум утнал, да исправам: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1JwmnUcgqimv82qEMk8ZLADnA9arb5P0Gs_vHaUk6DAQ/edit#gid=1115378867

158 филм ќе го предложи @grande-juve . После:

-All About Eve (1950)
-Singin' in the Rain (1952)
-Final Cut: Ladies and Gentlemen (2012, но сочинет од сцени од многу стари филмови)
-Day for Night (1973)
-Local Hero (1983)
-My Sassy Girl (2001, единствен исклучок!)
-The Red Shoes (1948)
-The Man Who Planted Trees (1987)
и
-The Sound of Music (1965)

сигурно очекувате некој ноар или мјузикл од 1941? Е па, guess what? @grande-juve одлучи да ве зафркне! Да не бидам расипувач на изненадувања, оставам сам да ви каже кој филм ни го избра за следните 2 недели. Ако не се појави до утре вечер, 20:00 часот, ќе ви кажам јас.

@Keyser , добре дојде во Клубот! Можеш да почнеш со овој филм, можеш да се навратиш и назад и да ѕирнеш нешто од претходните, можеш ако сакаш и да пишеш нешто за оние филмови кои поминале, а веќе си ги гледал... Тоа оставам на тебе. По три изгледани филма стануваш полноправен член со право на предложување, секако, кога ќе дојде твојот ред. ;) Листата со филмови, за да видиш што се сме гледале, еве ја: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Големо извинување до @moongoses тотално ми летнаа овие две недели... не стигнав да го изгледам. Обврски.
Ветувам дека ќе го изгледам следнава недела.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас најдлабоко му се извинувам на @moongoses за пропустот од моја страна, овој месец ми беше и сеште ми е премногу хаотичен, но се надевам ќе фатам ред до крајот на октомври.

Бидејќи ги имам изгледано сите филмови на гранде, ќе дадам се од себе да го изгледам во неговиот термин, но да не ветувам ништо пред време.

Извини уште еднаш мунгус </3
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Прво, среќен роденден Злате, жив, здрав, весел и уште долго време да владееш со Филм и тв.

Второ, да, сега ќе гледаме тазе филм од годинава, кој веќе е филм со најголема заработка во историјата во сопствената земја, земјата е Индија, а филмот е:

RRR


Првпат кога го гледав, до пола не знаев дали ми е кринџ или јак.. одлучив дека ми е јак и кога го репризирав му се препуштив и ми беше тотално уживање.
По мене вака треба да изгледа еден блокбастер, до даска иде филмов у секој аспект, over the top ама од добриот вид, визуелно често делува ко некој спот, главните ликови полни со харизма и хемија меѓу нив, добра музика, спектакуларна акција, 2-3 стварно кринџ моменти али нема врска.
Очекувам секаков вид реакции, се надевам повеќето ќе уживате, поготово ако се гледа без предрасуди и го оставите да ве води :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.548

Kajgana Shop

На врв Bottom