FILM CLUB (КРУГ 5) (198. Le conseguenze dell'amore / The Consequences of Love: 13.05-26.05.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.844
Поени од реакции
5.975
Јас го изгледав уште минатата недела, само сум заборавил да искоментирам овде.

Многу добар филм, но и помалку чуден.
Чуден затоа што го содржи во себе тој стар стил на глумење и интерпретирање на настаните кој не е својствен за поновите филмови на кои сум навикнал. Понекогаш овој начин ми се допаѓа, а по некогаш ме иритира, но мора да се премолчува кога е во прашање филм од тие години и да се оддаде признание за неговото достигнување.
Сторијата од денешен аспект е скоро па невозможна и помалку комична, но за тоа време била мошне реалистична и возможна.
Низ целиот филм ми поминуваше жичка дека истиот е наменет повеќе за гледачките, отколку за гледачите. Верувам дека они го доживеале поинаку отколку ние.
Кај мене, воопшто не се јави чувство на досадување, напротив истиот го следев внимателно и посакував да ја откријам разврската.
Морам да признаам дека не го намирисав плот-твистот, мислев дека филмот ќе оди во потполно друга насока.
Баш поради тоа што обожавам кога филм ќе успее да ме прелаже, од мене има една многу добра 8ца. :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Деновиве не бев добар, ќе го изглеам денес и ќе пишам нешто.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.448
Поени од реакции
5.454
И јас одма го изгледав, сум заборавил да пишам. Солиден филм, интересен заплет но новата жена беше премногу слаба, дури и одбивна, без карактер, дозволуваше сите да си поигруваат со неа, дури и слугинките ја зафркаваа и лажеа. Исто и Максим кога се запознаа беше еден, кога стигнаа во замокот друг, не застана во нејзина одбрана ни ја заштити. Се на се очекував повеќе дека беше Хичкок, оцена 7.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Интересен, лабав филм :D
Пак ми е проблем шо е црно-бел, ама неккао полесно го надминав овој пат.
Колку требаше да биде стара оваа новата на Максим ?
Изглеаше ко детиште од 17 години, а и така се понашаше :D

Од мене нека има 7.5 зошто ипак е црно-бел.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Интересен, лабав филм :D
Пак ми е проблем шо е црно-бел, ама неккао полесно го надминав овој пат.
Колку требаше да биде стара оваа новата на Максим ?
Изглеаше ко детиште од 17 години, а и така се понашаше :D

Од мене нека има 7.5 зошто ипак е црно-бел.
Бојан, искрено ќе ти кажам дека почнува да ми се кења од тоа што повторуваш дека не сакаш црно-бели филмови и анимирани.
Сметам дека и другите го делат мислењето.
Значи, океј е, хејтај си ги ама веќе по 17 пат го читам тоа.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Бојан, искрено ќе ти кажам дека почнува да ми се кења од тоа што повторуваш дека не сакаш црно-бели филмови и анимирани.
Сметам дека и другите го делат мислењето.
Значи, океј е, хејтај си ги ама веќе по 17 пат го читам тоа.
Еве ја ќе повторам по 18ти пат дека нејќам црно-бели и анимирани филмови, а ти можеш слободно да ги прескокнуваш моиве постови :love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.031
Поени од реакции
34.659
Ова е вториот Оскаровец кој го гледаме во клубот. Интересен факт - од 11 филма до сега, 2 наградени со Оскар за најдобар филм. Друг fun fact - ова е 36-ти кој јас сум го гледал од вкупно 88 Оскаровци до сега, и воедно - најстариот таков кој го имам гледано (Rebecca е 13-тиот филм кој зел Оскар). Секако, ни едното ни другото нема никаква врска ни со квалитетот на филмот, ниту со мојот впечаток за него. Искрено, дека Хичкок, имав малку поинакви очекувања и не очекував толку површна приказна, на моменти лигава и предвидлива. Но, рака на срце - тоа е и единственото нешто што не ми се допадна во филмов и заради што добива 8/10 а не повеќе. Се друго е маестрално, да не се повторувам со сите вас од погоре. Што најмногу ми остави впечаток? Според мене, генијално е тоа што Хичкок успеал да создаде филм во кој главниот лик не се појавува ниту еднаш на екран. Да, мое мислење е дека единствениот главен лик во филмов е Ребека, зашто буквално сѐ се врти околу неа, и иако е физички / визуелно отсутна од секој од кадрите, присутна е како некој дух во секоја сцена, во секој кадар. Со право филмов го носи нејзиното име. A propos ова - исто интересно е што новава госпоѓа Де Винтер нема име, односно не ѝ го дознаваме името, како да сака Хичкок да прикаже колку е небитна таа, иако присутна, и колку отсуството на Ребека е поприсутно од било чие присуство. :cuc: Сум сретнал нешто слично многупати во книжевноста, кога во некои романи и драми централно место заземаат ликови кои не се појавуваат, не се живи или дури и предмети/места (пр. „Чекајќи го Годо“ на Бекет, „Мостот на Дрина“ на Андриќ или „Океан, море“ на Барико - само дел од тие на кои ми текнува). На таков филм, искрено, не можам да се сетам.
Не знам што друго би додал. Убав филм, еденн од најубавите Оскаровци кои ги имам гледано. И една силна осмица од мене. Толку.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
Одличен филм. Се согласувам со гротото тука дека е поспор филм, поповршен, помонотон на моменти, па дури и преминува накај лигава драма со љубов и лигушки во која се пробува да се протни мистеријата. Но мора на крај да признаеме дека го има задржано она Хичковското. Уште кога пристигнува главната глумица во огромната куќа, кога доаѓа целиот персонал со своите немтурски фаци, сфаќа човек дека со тоа доаѓаат и срањата во филмот и заплетот. Мене особено интересен ми беше моментот кога забега песот накај малата куќарка до водата. Ептен крипи момент и стариот лик, и самиот влез во куќата и самата поставеност на предметите во куќата. И едно време почнува да е одмотува клопчето во приказната. И тогаш сфаќаш дека речиси се што си нагаѓал, си утнал :D И тука е тој момент на пресврт што го крева филмот на повисоко рамниште околу мистеријата со Ребека и нејзинат смрт. Да не се повторувам понатаму со останатите, вака накратко впечатокот. Хичкок знаел да биди подиректен и помрачен во понатамошната филмска кариера, но и ова е едно рано ремек дело, велам рано затоа што 40-тите години се уште не доволно развиен период со сериозни филмови. Ги има ама не во изобилство.

8 и од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.031
Поени од реакции
34.659
Само 13-мина го гледале Rebecca, вклучувајќи го и @grande-juve кој не нѐ почести со коментар (доаѓа лето, повеќе сончеви периоди, повеќе време надвор + одмори = помалку филмови). Средна оценка од нив = 8,0. Не го гледаа: @Spiegel , @ob1 , @џимеј , @Iceboy , @Хефест . И дури сега забележав дека @wot направил грешка во насловот - стои до 07.06 дека треба да се гледа, а всушност вчера беше последниот ден за овој филм.

Следниот е предлог на @Bojan Van Buuren , но на ваше барање, ќе оставиме до вечер тој да ни каже кој е филмот што го одбрал и зашто баш него го одбрал. Ако не се појави до 00:00, ноќеска, или рано сабајле јас ќе ви кажам. ;)

Време за гледање на новиот филм: 06.06 - 19.06.2016.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Пази што одбираш @Bojan Van Buuren јас не гледам комедии, драми, трилери, акции, хорори, сај фај, фантазии.. ама ќе пробам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.031
Поени од реакции
34.659
Предлогот е доста интересен, јас го имам гледано и убеден сум дека на повеќето ќе ви се допадне. ;)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@Хоуп не си ме читал доволно шо сакам/не сакам, а сакаш да се праиш интересен...

Good Bye Lenin!




Уште од почетоков на клубов имав веќе у глава листа на филмови меѓу кои ќе избирам, начелно бев решен The Intouchables да го предложам, ама ме претркаа и од тогаш немав размислувано за конкретен избор од филмовите кои ми беа на листата. Коа ми пиша Златикевичиус баш у тешки маки ме стави, конечно да се решам за еден.
Изборов падна на овој филм и мислам дека не сум го направил погрешниот избор :D

Инаку филмов го сретнав тука на форумов, и ме заинтригира насловот зошто помислив нешто со комунизам дека е, ама коа го отворив на имдб видов дека е 180 степени различно од тоа :D
Ипак решив да го глеам и не зажалив, а верувам и вие :D

Нејќам да ви го прераскажувам филмов зошто не е интересно така, само ќе кажам дека има прекрасна приказна и дека се восхитував на тоа што го прави Алекс за мајка му.
На крајот се прашуваш „дали и ја истото би го направил ако се најдев во ваква ситуација ?“.
Да не се разбереме погрешно, сите си ги сакаме мајките и би направиле се за нив, ама ако се најдеш во ваква ситуација не знам ни дали би ми текнало на ова што го правеше Алекс, сигурно би барал некое друго решение, а не ова.

Уште еднаш ќе кажам, прекрасна, емотивна приказна што верувам дека секој ќе го допре.
Се надевам и дека многу малце од вас го имаат гледано филмов, за да има уште поголем импакт :D



П.С. @Anon @Хоуп нејќам црно-бели и анимирани филмови...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom