FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.102
Поени од реакции
34.895
@Zlatikevichius a зoштo не oстaвиш секoј штo е нa ред сaм дa си гo претстaви филмoт? Дa кaже сaм зoштo се решил зa негo, мoже не е сaмo зoштo бил нoминирaн некaде или декa oсвoил не знaм штo или пaк декa дoбил пoзитивни критики...

Јaс бaрем сaкaм дa знaм oд пoчетoк зoштo гo oдбрaл бaш тoј филм, пoштo пoсле низ мислењaтa зaбoрaвaм кoј гo предлoжил.
Може, ми се допаѓа, убав предлог. Само има два проблеми:
1. Може насловот да leak-не предвреме како што еднаш се случи, и после да настане калакурница.
2. Може да се скапеме од чекање за да биде претставен филмот, доколку тој кој го претставува се подзаборави (како што се случува со KSC натпреварите во Музика).

Затоа, мислам дека ќе е најдобро, и тоа ќе го направам од наредниот пат: ќе го натерам предложувачот да напише неколку збора зошто баш тој филм го одбрал, но кај мене по приватна порака, па кога ќе дојде ред за нов филм, да го почекам, на пример во понеделник кога треба да почнеме со филмот, од сабајлето до 20:00 часот најдоцна, па ако го нема предложувачот за сам да го претстави филмот, јас да преземам, но сепак со неговите зборови, т.е. со презентацијата која претходно ја направил во приватната порака кај мене. ;)

------------------------
За Grave of the Fireflies јас не пишав ништо оти вашиот драг полу-модератор (ако смеам така да се наречам :P) имаше многу тежок месец (работни проблеми), па не можеше баш да стигне. 10 од 10 и од мене! Прекрасна анимација! Може немаше такви пејсажи како во филмовите на Мијазаки или, еве, последен на кој ми текнува - When Marnie Was There, но ми се допадна многу повеќе од некои од филмовите на Мијазаки и другите јапонски аниме кои сум ги гледал, од проста причина што тука приказната беше многу пореална, поприземна, и со тоа побуди повеќе емоции. Кога знаеш дека тоа што го гледаш можело да се случи и навистина, и веројатно многупати се случило, тежината на изгледаното е многу поголема од ситуации во кои на пример, црната вештерка ти ги претворила родителите во свињи, си запознал мистериозни мали луѓе кои живеат под твојот под и позајмуваат работи од твојата кујна секоја вечер, дознаваш дека твојата најдобра пријателка од летниот одмор е всушност духот на твојата баба, или со твојот измислен пријател кој е всушност едно џиновско влакнесто суштество се возите со мачко-автобус... Дефинитивно број еден аниме според мене! Не велам дека целата таа фантастика која обично ги краси филмовите од овој жанр не е добра, напротив. Само едноставно, сметам дека не може до толку многу да допре до тебе како што може една болна приказна која за жал веројатно е секојдневие на земјата. Што друго да додадам? Сѐ си кажавте, со сѐ се сложувам. Убав избор на @ob1 , иако сметам дека е подобро кога бирате филмови, да бидат тоа некои кои повеќето не ги гледале. ;)
------------------------
Да сумираме, 15-мина го гледаа и оценија, сосе оценките на @Anon и @Хефест кои ја украдов од letterboxd, иако тие не нѐ почестија со мислење/рецензија. Средна оценка - 9,2, што е извонредно остварување, еднакво на најдоброто до сега, The Intouchables. Не го гледаа @Џонтра Волта , @Krk1 (трет по ред филм, но можеш да се вратиш било кога, иако нема да бидеш тагнуван ;) ), и @Iceboy .

@ManUtdChampions , иако имаше 90% учинок до сега, по сопствено барање, и оправдано, нема да не дружи некое време, но вети дека на крајот од годинава ќе се обиде да не стигне. Јас му посакувам прекрасни денови, недели, месеци од животот и се надевам дека иако нема да не дружи, барем ќе не посетува во темава. Се гледаме друже! (y)

И сега, ај да пробаме по ново: оставам до вечер, до 21:00 новиот предложувач, @Goodfella сам да го претстави филмот кој го одбра, да каже зошто го одбрал и да не натера повеќемина од нас да го гледаме. Доколку не е тука, или не може, вечер во 21:00 се враќам јас со вестите. :aplauz:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Значи може сите заостанати наеднаш да ги изгледам?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.102
Поени од реакции
34.895
Значи може сите заостанати наеднаш да ги изгледам?
Може, како не може. И да пишеш во темава. ;) Доволен е и еден за да си го вратиш статусот „полноправен член“. :P
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А мoже и нoвиoт филм дa се стaви зoштo више е 23ти...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Еве ме, нема да чекате до 21 ч. :D
Rebecca
Rebecca_1940_film_poster.jpg

Максим Де Винтер, средновечен, богат и од неоддамна вдовец, во посета на Монте Карло се заљубува во млада девојка, се венчаваат и со новата г-ѓа Де Винтер се враќа дома и живеат на имотот во Мандерлеј.
Во истата куќа, иако веќе почината и не е физички присутна, сеуште живее, преку сеќавањата на сите во куќата и првата жена на Максим, Ребека. Огромна куќа, но како сепак да нема место за новата г-ѓа ДеВинтер. Ребека, совршена во секој поглед, иако ја нема, сеќавањата на неа се сеуште јаки и изгледа незаменлива.
Го ставив тоа во секој случај во спојлер, но би можело и да го прочитате.
Предобар филм од секој можен аспект. Глума, приказна, кинематографија... Не поминаа повеќе од 2-3 недели кога го гледав, а веќе сакам да го репризирам.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не ни иам многу многу време за филмови, месецов само 2 иам изгледано од кои едниот е Харви Крампет од 20 минути, башка и последниов беше цртан филм така да не бев многу заинтересиран да најдам време да го изгледам. Јеби га.

Ребека го иам гледано пред 2-3 месеци мислам, го иам закачено во Мувиспотинг.
Јако филмче, класика Хичкок, нема утка кај стариот, овој мислам дека му е единствен филм што има земено Оскар. Топ филм, правен според книга, драма-мистерија со примеси на хорор, мене ме плашеше таа слугинката, многу беше морничава.
Горе доле тоа е тоа од филмот што е пишано погоре, има мал плот твист на крај да ја заврши одличната приказна од почеток до крај.

Немајте гајле што е црно бел, Хичкок е тоа, нема ни да приметите дека е таков. :D

8ца мислам дека му дадов во Мувиспотингот, исто и тука 8/10.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.505
Поени од реакции
42.893
@ManUtdChampions , иако имаше 90% учинок до сега, по сопствено барање, и оправдано, нема да не дружи некое време, но вети дека на крајот од годинава ќе се обиде да не стигне. Јас му посакувам прекрасни денови, недели, месеци од животот и се надевам дека иако нема да не дружи, барем ќе не посетува во темава. Се гледаме друже! (y)
Фала Злате уште еднаш. Ќе се вртам тука обавезно, па ако испадне уште некој краток филм ништо чудно и да го изгледам. :P


Поздрав! :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Ментална слугинка мамицата.
7/10
Недоволно интересна тематика со квалитетно сценарио.
Режија Хичкок класика со, според мене, непотребно полу психо-хорор моменти.
Мали нелогичности ваму-таму, неколку твистови.
Главнава актерка недефинирана, сакам да бидам ко Ребека, не сакам, исплашена цело време, не знае кај тера, не знае шо да праи, очекував да се зацврсти.
Сепак алал да и е за глумата, интересна и привлечна.
„Братучедот“ на Ребека ѕвер.

Off: Предлог, некој да предложи епизода од Twilight Zone? XD
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
9-че од мене. Филмов го гледав пред едно 2-3 месеци кога започнав со филмографијата на Хичкок. Одличен психолошки трилер со неколку нејасни ствари но сепак целата атмосфера беше одлична. Може да кажам дека од досега изгледаните заедно со Dial M For Murder и Rear Window најдобри од него, но има уште многу за гледање, само 11/61 сум изгледал, вели letterboxd. Ме мрзе да пишам некоја си рецензија, во глобала, одличен култен филм!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Мене Ребека ми е еден од омилените филмови, пошто и јас како женско неколку пати сум се осеќала исто како новата жена, погазено и помалце вредно споредено со "присуството" на некој што веќе не постои, само што во филмов Ребека е мртва, а во мојот случај бивша :) и генерално, според мене Ребека е женски филм, без разлика што е на Хичкок и не очекував маж да го предложи :D
Лани го гледав последно, ме мрзи некако да го репризирам сега... 9/10
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Мене ми избледеа импресиите, додуша не ги ни имаше на прво место. Според мене еден од послабите филмови на Хичкок, гледаш саат и нешто дур нешто почне да се дешава, и се хајпаш демек супер, slow burner ќе е овој за да не си ги оправда очекувањата на крај. Вториот час веќе не можев да го гледам, некои 6-7 минути таму требаше да го извадат цел филм и дури изморено и разочарано се осетив на крај. Солидна глума, не доволно интересна приказна.

3/5. Едвај.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Rebecca. Каков филм луѓе. Прво, го гледав на 3 пати, затоа што заспивав додека го гледав. Не дека е лош или досаден, туку филмов имаше чудно дејство на мене. Нешто како хелекс :). Ќе си го пуштам секогаш кога ќе имам проблеми со спиењето.
Себеси се сметам за голем обожавател на делото на Хичкок и не толку голем обожавател на црно-белите филмови. Досега го немав гледано овој филм на Хичкок. Различен од сите други негови филмови кои јас сум ги гледал. Глумата беше солидна, иако јас никако не можам да се привикнам на ваквиот начин на глума. Поради тоа, можеби јас го доживеав комично, но за тоа малку подоцна. Приказната, површна и чудна - на моменти надреална и иритирачка, но немам некои поголеми замерки. Ликовите околу кои се врти заплетов ми беа хит.
Тој ладен, одлучен, со висока доза на самодоверба, богат до болка. Демек маж во вистинска смисла на зборот. Еднаш во животот се заљубил, па сега се му е помалку или повеќе „тепање“ на досада. Сепак фер, затоа што уште во самиот старт беше целосно јасен кон неа.
Таа е чудесна, скромна, фина, досадна, неодлучна, без самодоверба, наивна и смотана. Многу ме потсети на една моја пријателка или којзнае што ми беше. Таа исто како главниов женски лик од филмов многу се палеше на зборот „те сакам“. И веруваше во него, независно кој и го кажуваше. Се заљубуваше инстантно. Моментално. Но, да се вратам на нашава девојка. Уште на самиот старт беше забележливо дека тој нема расчистено со својата бивша љубов Ребека (морав и јас да ја спомнам) ;). Сама си се стави во подредена ситуација и дозволи тој и сите останати да ја фрлат во сенката на неговата бивша жена. Толку и легна улогава на жртва, што дури и замараше. Со други зборови си го заслужуваше третманот кој го добиваше. А за љубовта која беше пласирана во филмов, подобро воопшто да не почнувам. Изгледаше толку многу вештачки и неприродно.
Комичноста во филмов. Најмногу се смеев кога таа го наслика, а тој и позираше, односно кога му направи портрет. Значи кога го видов портретот на wannabe уметничката, сум се смеел на гласови. Имаше смешни моменти во глумата и дијалозите, исто така. Нејзините изјави на љубов кон него ми беа пред се патетични, па потоа смешни.
Крајот - неочекуван, но не во добар контекст. Ребека се убила така што од внатрешната страна на бродот направила дупчиња. Сериозно? Или јас погрешно разбрав? И на крај налудничавата слугинка која беше потајно вљубена во неа го пали целиот имот. Не ми се допадна крајот.
Но, гледано во целина, не беше толку лош филм. Ако ги тргнеме сите негативни работи, кои јас ги препишувам на тоа што е постар филм, тогаш од мене 7.
Се надевам следниот предложен филм нема да биде толку стар. Јас со стариве филмови сум нешто како @Џонтра Волта со анимираните.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom