FILM CLUB (КРУГ 5) (198. Le conseguenze dell'amore / The Consequences of Love: 13.05-26.05.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.844
Поени од реакции
5.978
A Second Chance

Скандинавските филмови пленат со некоја посебна тажна, депресивна нишка во нив, разработувајќи некој длабок емоционален, психолошки настан во животот каде што гледачот го ставаат под морално искушение. Знаејќи веќе што ме очекува, бев спремен од она што во глобала ќе понуди филмот после прочитаните 2 воведни реченици на ИМДБ. Ова ми е втор филм од Сузан Бир после After Wedding, прв на Џејми Ланистер.

Како и сите скандинавски филмови, и овој почнува со споро темпо, полека преставувајќи ни ја спротивноста кај двата брачни пара и наговестувајќи не за моралната дилема што следи подоцна. Еден, мал, навидум, случаен момент ја нарушува моралната перцепција на детективот, кој се решава, воден од своите емоции, но и морални принципи да превземе рискантен чекор, за да ја задоволи својата тага и празнина кај сопругата после трагичната смрт на нивниот син, Александар, заменувајќи го со бебето на другиот брачен пар, Софијас, кое, веќе е осудено на пропаст и неговиот живот е во секојдневна опасност поради не грижата на неговите родители.
Овдека ќе сопрам, поради тоа што го доживеав првиот ВТФ момент кој не ми беше јасен во филмот....
Како прво, детектививе се понашаа како рандом улични горили од наше лично обезбедување пратени да собираат арач и не добиваа никаква санкција. Како второ, ова е Данска, перфектно општество кон кое се стремиме ние. Зар не требаше детективите да пријават во социјална служба во какви услови е чувано бебето, па истото да им биде одземено под хитна постапка на родителите, пошто ова е Данска и таму така функционира системот. Ама, не. Ако се десеше тоа, ќе немаше како да продолжи филмот, па режисерката го преставила нивниот систем, небаре е нашиов, банана, корумпиран северџански систем само да си ја оправда својата замисла и идеја за филмот. Лошо е кога цело сценарио се пишува кон веќе однапред претставени норми кои треба да ги задоволи филмот, па сето останато во него е ставено, тек онака, со огромни дупки, за само истите да се оправдаат.

Кога, веќе, детективот го направи тој брзоплет потег, се останато се одвиваше онака да неговите морални и етички принципи полека, но сигурно бидат притискани, се додека не почнат самите да му се удираат во глава, па истиот потпаѓа под притисокот на својата кривица и веќе не знае како емоционално да се носи со проблемот кој сам го создаде. Најпрво со самоубиството на жена му, подоцна кога согледа каква болка нанесе на мајката на Софијас, па се до плот-твистот кога сфати дека уствари неговиот син не починал од природна смрт, туку истиот бил, веројатно ненамерно усмртен од страна на неговата сопруга која веројатно си патеше од некои ментални/депресивни проблеми. Ок. Тука беше целата цака која требаше да го направи овој филм одличен, справување со самата морална дилема, претставување на две спротивно различни жени, мајки, родители и дека не е се онака како што изгледа на прва. И да, љубовта на мајката кон своето дете е преголема, што некогаш може да биде и фатална. Сепак, самиот наслов говори се, на луѓето треба да им се даде втора шанса, нов почеток, нова прилика да ги променат нештата...

Е сега, морам да кажам дека ова овака како идеја изгледа одлично и веројатно треба истото да допре до емотивната страна на гледачот, да го стави во некое искушение и да му ги редефинира моралните принципи. Посебно, пошто се работи за бебе/дете. Нешто најмило, најсвето, најчисто. Но, поради не знам која причина, истиот не успеа да допре така до мене. Чудно, баш чудно, затоа што се наоѓам во последен период во ситуација каде би требало ова баш да ме погоди. Но, ете, не успеа од мене да извлече ништо, освен остар поглед и една рамна црта.

Се сложувам со Влатко дека овдека проблемот лежи во самото сценарио, недоволно добро прикажани ликови и главниот лик, за кој мислам дека Џејми Ланистер не успеа да го донесе онака како што требаше да биде донесен за да успее да ја начне таа емотивна страна. Веројатно му фалеше и малку тензија и динамика која одлично беше прикажана во еден друг скандинавски филм, The Guilty (2018).

Малку и ме зачуди кога отворив на летер и видов колку висока оценка сте му дале. Пробав да најдам оправдување за истата, но, не успеав. Со тешко срце, но, повеќе од 7 не би можел да му дадам.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.486
Поени од реакции
9.448
Јас мислев дека веќе сме го имале овој филм тука во клубов пошто тука некаде низ форумот го најдов за да го гледам.

Како и да е уште се сеќавам на се, ептен емотивна драма, бар јас така го доживеав, се поврзав и со ликот и со сите дешавки, сожалував, се лутев, реагирав и тоа најбитно, не беше само филм за тепање време, него беше едно емотивно возење и тоа лудо, посебно со сите тие пресврти што мене ме изненадија и не ги очекував. Оригинален филм, драматичен, возбудлив, непредвидлив, бавен и тежок, како што се сеќавам на него, ама сепак многу различни причини влијаат врз тоа како ќе го доживееш и баш вака сакам тие што ми се 9ки и 10ки да ги гледам сега малце покасно па да видам сега како ќе ги доживеам. Ако се рачуна старата оцена тогаш има 9 од мене во случај да не го изгледам пак, а ако не се рачуна вака тогаш да смогнам сили....

Еве во моментот тогаш што ми се дешавало.
Го догледав сега.
Она што погоре го кажав дека мислам дека филмот требало да заврши онаму каде што почна и дека мислам дека приказната понатаму ќе стане без врска... Врска сум немала.
И од мене огромна препорака и една јака 9ка, да не се залетувам со десетка дури уште сум под импресии.
Ептен е потценет на имдб, врска немам зошто е тоа така, јас не можам да најдам ни делче што е вишок во филмов, ваљда е дискриминација спрема режисерот. :D Друга причина не можам да најдам.
Одличен филм!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.729
Поени од реакции
2.546
En chance til (2014)

Одлична драма. По начинот на којшто ја водеше приказната на почетокот беше за очекување тоа што ќе се случи, но не ни беше целта тоа да биде главното изненадување. Ни наметнува морална дилема дали е исправна постапката на полицаецот да го украде занемареното бебе од родителите за да му обезбеди здрав и сигурен живот. На почеток го води филмот во правец дека е исправно со оглед на околностите за потоа потполно да го сврти ставот дека колку и да изгледа оправдана тоа е сепак погрешна одлука, што го по потврдува со самиот крај при средбата во продавницата со веќе пораснатото бебе.

Глумците одлично ни ги пренесуваат ликовите и покрај тоа што кастингот е ептен холивудски. Малку скромни со музиката, каде малку ја имаше таму и тивка. Друго немам замерки, освен тоа тревата што ја претерале со боење во зелено до очобол, а небото тмурно, темно, никакво.

Крајната оценка е тука некаде помеѓу 7 и 8, заради тревата помалата.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.043
Поени од реакции
34.690
Не, не, супер беше. Сега, искрено, веќе се имаат издвоено скоро во сите категории фаворитите на форумов, па кој и да предложува, може да направи само мали измени. Така:

За најдобар филм, меѓу десетте филма кои ако остане вака ќе бидат номинирани, се уште има 2 суперхеројски, 2 анимирани и само 4 од номинираните за Оскар. Инаку, од 8-те филма кои беа номинирани за Оскар, 2 никој ги немаше ставено во својот ТОП 10, се додека @Sawyer88 не гласаше. Што значи, нашиот избор е далеку пооригинален отколку тој на Академијата.

За режија, исто така - сега се двајца во топ 5 од тие номинирани за Оскар, но до пред некој саат беше само 1.

За најдобар актер е интересна ситуацијата: четворица ќе бидат сигурно номинирани, затоа што се фаворити на многумина. Но петтиот може да биде било кој. Дури 11 актери конкурираат за петтата номинација.

За актерка, пак, е многу тесно. Една само е фаворит на многумина, таа сигурно ќе биде номинирана, но има уште 7 актерки кои се борат за останатите 4 номинации.

Спореден актер, исто како и главен актер: четворица изделени напред, за петтото место конкурираат 10 актери. И само еден глас може да измени многу.

Споредна актерка - тука 6 актерки се изделени напред пред останатите, но една од нив ќе мора да отпадне од конкуренција.

За најдобар анимиран мислам дека веќе се познати петте номинирани, и тешко дека нешто може да се смени таму.

А за најдобар странски филм, 4 се изделени напред, а за петтиот филм ништо не се знае.

Денес е последен ден. До 00:00 можете да предложувате - ТУКА.
Ајде и тука guys, помогнете да ги избереме номинираните во 15-те категории на традиционалните Kajgana Movie Awards, годинава по 4 пат. Кликнете ТУКА, и пополнете го формуларот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.043
Поени од реакции
34.690
Го гледав јас пак денес ремек делово на Сузан Бир, по трет пат (првите 2 пати беа во ист ден. Морав по првото гледање веднаш да го пуштам уште еднаш), и пак бев опиен од убавини. Јас дефинитивно уживам во секоја секунда од филмов и ништо она што сте го пишале од погоре никогаш не сум го забележал, и не ми засметало. Режијата тука е едноставно, flawless. Секоја можна дешавка е убаво обмислена, и кај мене предизвикува бура од емоции. Тогаш кога прв пат го гледав, пред прикажувањето на Синедејс кај нас, син ми беше уште бебе, и се ставав во кожата на сите родители и „родители“ во филмов, но и денес држи. И не знам што уште да додадам, еве ја и мојата рецензија од тогаш: и пак е чиста десетка!
En Chance Til / A Second Chance - Susanne Bier (2014)

Прегледај го приврзокот 132756

Пред почетокот на овогодинешниот Cinedays решив да си направам мал private Cinadays дома. Еден од петте филмови од овогодинешната програма кои успеав да ги најдам на нет беше En Chance Til (A Second Chance), филм од кој имав огромни очекувања со оглед на тоа што режисер на филмот е Susanne Bier, жената која освои Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2010 за одличната драма Haevnen (In a Better World). И морам да признаам дека не само што не ме разочара, туку дури и ги надмина моите очекувања.
En Chance Til е извонреден, трогателен трилер / драма за
болката при загубата на најмилото
, прекрасен емотивен приказ за родителството и различните „видови на родители“, преубава студија за моралот и (не)оправданоста при прекршувањето на моралните начела и уште многу нешта... На прво место би ја издвоил глумата во филмов - Џејми Ланистер (Nikolaj Coster-Waldau) е на висина на задачата и на неговите емоции почива голем дел од филмот, а изненадувачки добра беше и May Andersen - актерка која првпат ја среќавам, но чие име дефинитивно ќе го запаметам. Толку емотивен набој во филм одамна не сум видел. Susanne Bier уште еднаш покажува како се развиваат ликови (а не како fuckin' Сорентино за чии ликови I don't give a shit), како се прави атмосфера и како се гради приказна во филм. Не сакам многу да зборувам, за да не расипам нешто со некој спојлер, затоа - само топла препорака: кој сака добар европски филм, нека си земе 150 денари со себе, и правец - билетара на кино Милениум. А на 14.11.2015, во сабота, во 17:30 - за кога е закажана проекцијата на филмов, освен билетот, понесете си и марамчиња со себе!
Уште ми стои кнедла во грлово...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.729
Поени од реакции
2.546
Во „Втората шанса“ гледавме различни видови родители на бебиња во за и против ситуации, сега оваа недела ќе гледаме како родителите влијаат врз малку потпораснато дете.
Се работи за австралиски филм со Џефри Раш во главната улога и можеби најдобрата роља во неговата кариера.
Гледајте го во мирна атмосфера затоа што има доста музика.
Во следните две недели на репертоарот е Сјај“.
large_ab6AYYUTDqS9JA8wXAjPji909f7_1.jpg
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Shine

Проблемот што го имам со биографскиве филмови е тоа "филување"... измислување цели настани / ликови за да биде (по)интересен за публиката ... како на пр. As Far As My Feet Will Carry Me, искочи дека цел филм и нема никакви докази дека воопшто се случил... или последниот биографски што го гледав - Birdman Of Alkatraz, Бурт Ланкастер ти ги придобива симпатиите за да после тоа изгуглаш дека тој човек бил тотална спротивност - антипатичен до бескрај, сите го мрзеле...итн...
што, да се разбереме, не ги прави овие филмови помалку добри / импресивни, без разлика дали (така) се случиле или не... АМА пак се осеќаш малку измамено на некој начин затоа што тоа што го гледаш би требало да е вистина...:toe::)

Shine....како беше, тенка е границата помеѓу генијалноста и лудилото...
Моќна инспиративна драма со прекрасна класична музика. Заслужена номинација за режија...мада иам замерки за (номинациите за) монтажата и сценариото, зш на некои настани и ликови можеа да се задржат повеќе и да образложат, има доста loose ends....посебно при крајот ми беше некако избрзан... така да, втората половина не ми беше на тоа ниво како првата, ме "изгуби" малку филмот тука.:)

Заслужен оскар за Џ. Раш, иако е малку чудно тоа што се појавува само во пола филм но сепак и тоа е сосема доволно :aplauz:, уште од почетната шпица кога го слушаш како тртља 300 на сат :):)...(морам да признаам дека не сум го гледал во некоја друга посериозна улога освен во лабави филмчиња како Пирати Од Карибите и Хаус Он Хантед Хил римејкот па не можам оваа улога тука да ја споредам...)
Не те остава рамнодушен ни татко му на главниов лик, секоја минута кога е на екранот не може да не ти предизвика реакција( :mad:), заслужена номинација и за него...а мислам дека треба да се спомне и актерот кој го играше главниот лик на млади години.(y)
Односот со татко му ми беше клишеизиран...(n) а и прочитав сега дека татко му (here we go) не бил таков воопшто, измислено за филмов само колку за подраматичен ефект.

Таму негде при крајот не може да не те потсети на Том И Џери :D

(исто така заслужен Оскар :tvg:)

П.С. што беше со бабиве у филмов?:confused::cautious::LOL:

7.5/10
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Мунгусот е научен да му упаѓам во термин со рецензии за други филмови па нема да му смета што ќе ја пишам рецензијата за филмот на Злате сега, ама мора да му го пофалам изборот, очекувам доста убав репертоар на музика со оглед на тоа што филмов се занимава со пијанист, ако е барем пола од тоа што беше The Legend of 1900 имаш thumbs up од мене мунгус.

А сега да се позанимавам малку со скандинавскиот на Злате наш, кој не успеа да ме допре од никаков аспект. Овие филмови со смрт на бебиња/деца имаат секогаш висок потенцијал да пенетрираат во емоции, а неуспехот на овој да го постигне тоа го припишувам на изведбата. Сметам дека фалеа емоции во филмот, можеби едноставно тоа е стилот на скандинавците филмови да си ги снимаат ладно, ама за филм кој обработува ваква тема, која мора да покаже некаква било каква емоција е голем минус, што и се губи поентата на филмот. Ова е од оние филмови во кои не се случува ништо, а сепак се случуваат многу работи, но поради недостатокот на одредена театралност на сцените не се осеќа дејството. Сметам дека имаше многу сцени на кои мораше да им се стави поголем акцент и внимание и кои можеа да направат гледачот да се почуствува засегнат од ствариве што се случуваат. Пред се на самиот старт на филмот почина бебе, и тоа немаше никаков импакт врз мене, бидејќи споменатото бебе го видов во две сцени и не му се даде поголема значење на неговата смрт, всушност додека се случуваше ова мене паметот ми беше во тоа каде и зошто го шетаат бебево во глува ноќ кога ќе се расплаче и во барање поврзаност помеѓу двете случки, зафатен ум не може да почуствува емоција. Помина тоа што помина, не е новина што на Ланистер му умира дете, ама отиде да краде туѓо?? Можам да го разберам ова, ама се случи некако многу брзо во филмот, ниту внатрешен конфликт, ниту морални аспекти во сето ова, ништо. Овие две сцени можеа и мораа да бидат многу поемотивни од тоа што беа, барем некое музиче да имаше за амбиент, да се долови дека гледаме тажна сцена. И на крај, мрднатава се самоуби. Колку беше тоа рандом, колку само беше тоа рандом, можеше и тука да се искористи некоја емоција, ама ноуп, се прошета, се фрли и тоа беше тоа. И додека сме кај мрднатата, се знае ли зошто беше мрдната? Да глеам филм за мајка која што е нормална, и го губи бебето и не може да ја поднесе болката, и не гледа понатаму поента во животот, па се убива, многу повеќе ќе допреше тоа до мене, и ќе сочуствував со неа, и можеби ќе се поврзев со неа on some level. Во филмов има жена, која се уби зашто имаше психички проблеми. Big surprise. Дури и таму каде што можеле да внесат relatability, за лик кој можел да биде наједноставно by the book напишан, одлучиле дека ќе биде без врска over the top character кој не можеш да го жалиш, особено после деталот дека таа го убила детево, не го сфатив ликов на Ана јас најискрено.

Ова е сето онаму кај што требаше да има емоција, а немаше. Од друга страна, филмов не беше досаден за гледање, брзо помина, се изгледа, понуди забава, ми се допадна крајот, ми се допадна глумата, не ми се допадна недостатокот на емоции, изведбата и недостигот на музика.
И така, додади ваму, одземи онаму и:

6/10
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.480
Поени од реакции
7.293

Горе доле тоа е и кај мене.. гледлив ама не успеа ни на момент да ме допре.. добра глума, чудна монтажа.. 6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.729
Поени од реакции
2.546
Пред се на самиот старт на филмот почина бебе, и тоа немаше никаков импакт врз мене, бидејќи споменатото бебе го видов во две сцени и не му се даде поголема значење на неговата смрт, всушност додека се случуваше ова мене паметот ми беше во тоа каде и зошто го шетаат бебево во глува ноќ кога ќе се расплаче
Заборавив да ги спомнам тие сцени. Во сред ноќ излезе и во црна темница со километри го возеше детето во количка за да заспие. Тоа низ куќа се прави евенутално околу. Исто и мажот кога го возеше бебето. Ги градеше сцените како да ќе да се случи некоја несреќа.
И додека сме кај мрднатата, се знае ли зошто беше мрдната?
Не кажаа конкретно, но постпородилна депресија е многу честа појава. Комбинирано со негирањето на смртта на детето, однесувањето и постапките се сосема типични.
Мунгусот е научен да му упаѓам во термин со рецензии за други филмови па нема да му смета што ќе ја пишам рецензијата за филмот на Злате сега, ама мора да му го пофалам изборот, очекувам доста убав репертоар на музика со оглед на тоа што филмов се занимава со пијанист, ако е барем пола од тоа што беше The Legend of 1900 имаш thumbs up од мене мунгус.
Не ми смета упадот, ама гледај овој да го изгледаш во термин ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.043
Поени од реакции
34.690
Јас сосема поинаку ги доживеав тие сцени, па ајде, ке реплицирам дел по дел:
Сметам дека фалеа емоции во филмот, можеби едноставно тоа е стилот на скандинавците филмови да си ги снимаат ладно, ама за филм кој обработува ваква тема, која мора да покаже некаква било каква емоција е голем минус, што и се губи поентата на филмот.
Јас, напротив, сметам дека имаше многу емоции. Не можеш да очекуваш од скандинавски филм баби да тажат на гробот на детето: „леле, сине, кај отиде!“ Не е ова Србија или Шпанија, for God sake! Жената, btw, се отепа од плачење по загубата на детето. Во очите на таткото се забележуваше неизмерна тага, затоа од избезуменост го направи тоа што го направи. Не знам колку си гледала други современи скандинавски филмови, имавме во клубов неколку, како Submarino или Land of Mine. И во сите нив, и во оние јас кои сум ги гледал, секаде емоцијата е таа: навидум ладни ликови, но емоцијата не ја манифестираат преку изрази на лице, туку преку постапките кои ги прават, а мотивирани од некое случување што ја засегнало таа емоција. Јас бев наежен на сцената со загубата на детето колку сето тоа добро, невештачко и ненападно изгледаше. Моменти на шок, на избезуменост, афектираат случувања кои во нормални околности никој не би ги направил.
недостатокот на одредена театралност на сцените
Театралност во сцените во филм, мене, искрено, многу ми пречи. Ми делува амплифицирано, изнасилено и вештачко. Не знам зошто бараш баш тоа?
каде и зошто го шетаат бебево во глува ноќ кога ќе се расплаче
Јас познавам минимум 10 фамилии од тука, од Скопје, кои исто се справуваа со грчевите на детето како овие двајца. Сосема природно е тоа. Верувај дека не постои начин да му помогнеш. Не помагаат ни еспумисани, ни шитспумисани. Се сме пробале. Ма не топли крпчиња испеглани со пегла на стомачето, ма не нишкање в раце и галење низ дома, ма не перничиња наполнети со пченични трици и затоплени... Едноставно нема спас, особено кај машките деца. Единствено што помага е white noise и да го натераш некако да заспие. А полесен начин од ставање во транспортер во кола и возење наоколу, по можност по пат полн со дупки, верувам дека не постои. Ти викам, јас знам минимум 10 луѓе од кај нас што истово го правеа со нивните деца. Еве и совет, однапред, за ти кога ќе имаш твое. :love:
P.S. Јас не го развозував Димитар, знаеш од кои причини. :pos:
Можам да го разберам ова, ама се случи некако многу брзо во филмот, ниту внатрешен конфликт, ниту морални аспекти во сето ова, ништо. Овие две сцени можеа и мораа да бидат многу поемотивни од тоа што беа
Пак за емоциите. Види погоре.
И на крај, мрднатава се самоуби. Колку беше тоа рандом, колку само беше тоа рандом, можеше и тука да се искористи некоја емоција, ама ноуп, се прошета, се фрли и тоа беше тоа. И додека сме кај мрднатата, се знае ли зошто беше мрдната? Да глеам филм за мајка која што е нормална, и го губи бебето и не може да ја поднесе болката, и не гледа понатаму поента во животот, па се убива, многу повеќе ќе допреше тоа до мене, и ќе сочуствував со неа, и можеби ќе се поврзев со неа on some level. Во филмов има жена, која се уби зашто имаше психички проблеми. Big surprise. Дури и таму каде што можеле да внесат relatability, за лик кој можел да биде наједноставно by the book напишан, одлучиле дека ќе биде без врска over the top character кој не можеш да го жалиш, особено после деталот дека таа го убила детево, не го сфатив ликов на Ана јас најискрено.
Јас не ја доживеав како мрдната. Убаво пиша @moongoses долу - постпородилната депресија е сосема нормална работа. Анксиозност, неконтролирана тага, промени во расположението, промени во биоритамот за јадење и спиење, губење на енергијата, жените се осеќаат грдо, гнасно, и сето тоа дури и предизвикува во екстремни случаи и да не го сакаат новорооденото. Преку 15% од сите родилки го доживуваат ова. А и, па, кога ќе помине месец дена, и кога малото после 18:00 цела вечер неконтролирано плаче и ти го краде и она мало парче сон и мир кое си го заслужил, реакцијата е секако не оправдана, но во некоја мера очекувана. Постпородилната депресија е една од главните причини за убиство на дете помало од една година. Ете, во САД пресметале дека се случува на секои 100 000 раѓања, по 8 пати. А неретко сме слушнале и кај нас: си го фрлила детето во контејнер или го пуштила во WC шолја. После тоа, SIDS, или Sudden infant Death Syndrome е појава која е многу честа - во 2015, најдов податок дека умреле преку 19 000 деца во светот. Иако причините се најчесто непознати, зашто најчесто не се прави аутопсија врз децата, во случајов, еве, ја дознавме причината: детето премногу плачело, таа не можела да го смири на никаков начин, и го тресела и удирала по главата заради неконтролираната постнатална депресија. И тоа не значи дека е психопат, дека е луда или дека е таква како што ти си ја доживеала. Единствено, жената сакала конечно да се смири плачот за да може и она да спие. Со ова не го оправдувам тоа што го направила, но сакам да кажам дека не е ни прва, ни последна. Сум видел со мои очи исто такво однесување од нова родилка.
И сега, детето го нема. И она знае зошто го нема. И нормално - се обвинува себеси. Скршена е од болка за тоа што се случило, зашто она го сакаше детето, не беше психопат како што ја опишуваш. Затоа, една вечер одлучува да си го одземе животот. Така, ненадејно, зашто веќе не може да живее со болката и сознанието дека детето што сопругот и го донесе не е нејзиниот Александар кој таа го уби. Искрено, да сум во нејзина позиција, и јас би го направил истото. Зашто со такво сознание, дека ненамерно си го убил најмилото, баш само психопати можат да живеат.[DOUBLEPOST=1551869619][/DOUBLEPOST]En Chance Til го гледаа 7 души и му дадоа средна оценка 6,9. Нема член кој не го гледаше.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас, напротив, сметам дека имаше многу емоции. Не можеш да очекуваш од скандинавски филм баби да тажат на гробот на детето: „леле, сине, кај отиде!“ Не е ова Србија или Шпанија, for God sake! Жената, btw, се отепа од плачење по загубата на детето. Во очите на таткото се забележуваше неизмерна тага, затоа од избезуменост го направи тоа што го направи. Не знам колку си гледала други современи скандинавски филмови, имавме во клубов неколку, како Submarino или Land of Mine. И во сите нив, и во оние јас кои сум ги гледал, секаде емоцијата е таа: навидум ладни ликови, но емоцијата не ја манифестираат преку изрази на лице, туку преку постапките кои ги прават, а мотивирани од некое случување што ја засегнало таа емоција. Јас бев наежен на сцената со загубата на детето колку сето тоа добро, невештачко и ненападно изгледаше. Моменти на шок, на избезуменост, афектираат случувања кои во нормални околности никој не би ги направил.
Ништо од ова што си го напишал јас не видов во филмот, жал ми е баш, ама тоа е. Јас и Land of Mine го гледав и тој исто така не разбуди нешто особено во мене како би можела да кажам дека ме допрел емотивно. Вон Триер го разбирам, ама исто така, не го чувствувам. Во секој случај, ете се работи за лични преференци и недостаток на елементи кои би можеле да допрат лично до мене.

Театралност во сцените во филм, мене, искрено, многу ми пречи. Ми делува амплифицирано, изнасилено и вештачко. Не знам зошто бараш баш тоа?
Затоашто не зборам за театралност во однос на преглумување, најчесто тоа го мислиме кога зборуваме за театралност. Зборувам за театралност која ќе и даде значење на важна сцена во филмот. Еве ќе искористам еден пример, режисер кој мене секогаш успева да ме допре до емоции кои не сум знаела ни дека постојат. Торнаторе. Торнаторе е режисер што го има измастерирано тоа, а сепак не може да кажеме дека сцените му се вештачки и иссилени. Кажи ми дали завршната сцена на Синема Парадизо сметаш дека е вештачка и изнасилена, а сепак таа е една од најтеатралните, најинтензивните сцени што јас во животот сум ги гледала. Јас после секој филм на Торнаторе цмиздрам како светот да ми се руши, а ништо па особено не се тажни сцените, ама затоа Мориконе е тука да ми посочи дека сцените се се што некој филм треба да е - сирова емоција. И го постигнува тоа, го постигнува со кадри и музика. Во овој филм тоа недостигаше, фокус врз значајни сцени. Овој филм за мене беше права линија, ниту една сцена не отскокнуваше по интензитет од другите, ниту една сцена не предизвика во мене состојба на Аха, ова сега е важно, треба да се поврзам. Не.

Јас познавам минимум 10 фамилии од тука, од Скопје, кои исто се справуваа со грчевите на детето како овие двајца. Сосема природно е тоа. Верувај дека не постои начин да му помогнеш. Не помагаат ни еспумисани, ни шитспумисани. Се сме пробале. Ма не топли крпчиња испеглани со пегла на стомачето, ма не нишкање в раце и галење низ дома, ма не перничиња наполнети со пченични трици и затоплени... Едноставно нема спас, особено кај машките деца. Единствено што помага е white noise и да го натераш некако да заспие. А полесен начин од ставање во транспортер во кола и возење наоколу, по можност по пат полн со дупки, верувам дека не постои. Ти викам, јас знам минимум 10 луѓе од кај нас што истово го правеа со нивните деца. Еве и совет, однапред, за ти кога ќе имаш твое. :love:
Да, ти познаваш. Јас не познавам, и искрено мислам дека ми е рано во такви кругови да се движам. И со оглед на тоа што јас не сум запознаена со овие just parents things, апсолутно мора да очекуваш дека нема да се поврзам со нив на филм ако ги видам, и апсолутно нема да разберам што се случува и зошто се случува. Јас ова прв пат тука го сретнува и апсолутно ми е туѓо, познавам родители, нели меѓу кои и тебе, меѓутоа и тазе коишто сега имаат бебиња и не сум наишла на тој податок до сега дека ги развозуваат навечер за да заспијат. Во секој случај, ако овој филм е наменет за родители, воопшто не треба да е изненадување што јас не сум се поврзала или не ми се допаднал.

Јас не ја доживеав како мрдната. Убаво пиша @moongoses долу - постпородилната депресија е сосема нормална работа. Анксиозност, неконтролирана тага, промени во расположението, промени во биоритамот за јадење и спиење, губење на енергијата, жените се осеќаат грдо, гнасно, и сето тоа дури и предизвикува во екстремни случаи и да не го сакаат новорооденото. Преку 15% од сите родилки го доживуваат ова. А и, па, кога ќе помине месец дена, и кога малото после 18:00 цела вечер неконтролирано плаче и ти го краде и она мало парче сон и мир кое си го заслужил, реакцијата е секако не оправдана, но во некоја мера очекувана. Постпородилната депресија е една од главните причини за убиство на дете помало од една година. Ете, во САД пресметале дека се случува на секои 100 000 раѓања, по 8 пати. А неретко сме слушнале и кај нас: си го фрлила детето во контејнер или го пуштила во WC шолја. После тоа, SIDS, или Sudden infant Death Syndrome е појава која е многу честа - во 2015, најдов податок дека умреле преку 19 000 деца во светот. Иако причините се најчесто непознати, зашто најчесто не се прави аутопсија врз децата, во случајов, еве, ја дознавме причината: детето премногу плачело, таа не можела да го смири на никаков начин, и го тресела и удирала по главата заради неконтролираната постнатална депресија. И тоа не значи дека е психопат, дека е луда или дека е таква како што ти си ја доживеала. Единствено, жената сакала конечно да се смири плачот за да може и она да спие. Со ова не го оправдувам тоа што го направила, но сакам да кажам дека не е ни прва, ни последна. Сум видел со мои очи исто такво однесување од нова родилка.
И сега, детето го нема. И она знае зошто го нема. И нормално - се обвинува себеси. Скршена е од болка за тоа што се случило, зашто она го сакаше детето, не беше психопат како што ја опишуваш. Затоа, една вечер одлучува да си го одземе животот. Така, ненадејно, зашто веќе не може да живее со болката и сознанието дека детето што сопругот и го донесе не е нејзиниот Александар кој таа го уби. Искрено, да сум во нејзина позиција, и јас би го направил истото. Зашто со такво сознание, дека ненамерно си го убил најмилото, баш само психопати можат да живеат.
Еве, и ова. Као втф, јас треба автоматски да знам како изгледа постпартум депресија? Зошто би го знаела ова? Филмов очекува од мене да знам зошто родители си прават just parents things и од две сцени да препознаам постпартум депресија. Јас како рандом чоек што немал во животот контакт со таква состојба треба да видам развој на лик тука. Треба да видам нормална жена, која по пораѓањето се соочува со постпородилна депресија и да се поврзам со тоа, а не да ми се пласира дирекно во прва сцена психички нестабилна личност, па јас да тумачам што ја мачи и да си барам бекграунд самата. Значи филмов испаѓа дека треба со бекграунд да го гледаш за да знаеш што се случува, зашто еве има смисла кога го пишавте вие, ама сепак доколку филмов цели кон поширока маса, меѓу која и гледачи кои не го преживеале тоа што филмов го покажува требало малку подетално тоа да се претстави за да знаеме тоа што се случува зошто се случува. А ако си цели само кон родители кои треба да се поврзат со искуството, тогаш е ваљда океј, не би знаела.
 
Не сакав да реплицирам, зашто ептен му навлеговме во терминот на @moongoses , ама за ова морам, накратко. Ако гледаш така на работите, тогаш треба ли за секој еден филм да знаеме сѐ за темите кои ги обработува? Значи треба да сме експерти за се што нѐ опкружува, за да можат да ни се допаднат? Еве, пример: треба ли да бидам експерт за економија и да знам сѐ за економски теории за да го разберам влијанието на Џон Неш во економската сфера (A Beautiful Mind)? Не. Поим немав што направил, пред филмот и за време на филмот, па можам да кажам и дека уште не ми е баш јасно зошто е голема неговата заслуга, но сепак тоа не го намали ни мојот ужиток во филмот, ниту пак постапките на ликот и однесувањето на другите ликови кон него. Може не е баш најумесна споредбата, зашто се работи за две различни области, но така ми звучеше ова твоето погоре.

И ај, да не тупиме за филмов повеќе, не ми е поентата да те разубедам дека грешиш што не ти се допаднал, нормално - секој има свој став, и почитувам кога некој има свој став, како во случајов со тебе. Само сакав да направам споредба меѓу моето воодушевување од филмот и твоето разочарување.

Преминуваме на

Shine

Пред околу 2 години, веројатно тригернат од некојаси прерана средовечна криза почнав да размислувам во ваква насока - колку вистински ремек дела на филмската уметност постојат за кои јас или не сум слушнал или секогаш сум ги оставал на страна за да гледам нешто ново, а од тоа новото, преку 80% од тоа што сум го изгледал не било достојно ни да се спомене, а не да си го губам времето гледајќи го. Затоа одлучив да се посветам на гледање на филмови кои значеле нешто во филмската индустрија. Тогаш ги направив листите за освојувачите на награди на европските филмски фестивали, најдобрите светски филмови на сите времиња, листите како 1001 филм кои мораш да ги изгледаш пред да умреш и сл. Меѓу нив, тука се и филмовите номинирани за Оскар. И гледав. Многу гледав, навистина. Ете, кога сме кај оскаровските, во моментов ги имам гледано сите номинирани филмови за Оскар од 2008 до денес. Во периодот од 2000-2007 ми останаа уште 12 филма неизгледани, а од периодот 1990-1999 - уште 21. Еден од нив беше Shine. Сите тие филмови ми се симнати и стојат на хард диск веќе две години и само чекаа време да ме фати пак таа криза. Среќа, на Shine му дојде ред, еве, пред тоа.

Прекрасен филм! Не знам за што се бил номиниран, кој освоил Оскари и сл. во таа година, уште не сум ѕирнал тоа, но Џефри Раш ако не зел Оскар за главна улога - срам да им е! Значи човеков РАС-ТУ-РИ!!! Моментот кога скокаше на трамболината гол, и моментот кога и ги фаќаше цицките на таа госпоѓата (што воедно ми беше пресмешен), многу ме потсетија на Harvie Krumpet на Адам Елиот, филм кој исто така го имавме во клубов, како мој предлог. Ако не ви текнува - Харви имаше Туретов синдром и ги допираше за носовите сите непознати луѓе што ќе ги сретнеше, а исто така уживаше да танцува гол, и еден од неговите факти звучеше (парафразирано) вака: „проблемот во танцувањето гол е што не секој дел од телото застанува кога ќе престане музиката). Не може а да не помислиш дека Елиот се инспирирал од Shine за да го направи Harvie Krumpet. Плус - двата се австралиски филмови, aaaaaand, guess what? Гласот на Харви го позајмува токму овој истиот Џефри Раш!!!

Камерата исто така беше преубава. Имаше кадри како одразот на рацете на Дејвид од мазната површина на Steinway пијаното, или погледот на таткото од прозорецот додека надвор леат дождови, кои ми беа breathtaking. А за музиката, вреди ли воопшто да се прави муабет? По филмов, веројатно ќе започнам со нов „проект“ - да ги преслушам сите парчиња класична музика кои вреди да бидат преслушани пред да умреш. :) Единствено по малку ми беше чудна монтажата и изборот на режисерот да оди со нелинеарно прикажување на настаните, што не дека ми сметаше, само не видов поента во тоа.

Значи, да резимирам - ова е баш еден од тие филмови кои морал да биде изгледан наместо стотици такви од последниве години за кои никој нема да каже ни збор по некое време. Навистина преубав! 8/10 од мене.[DOUBLEPOST=1551907445][/DOUBLEPOST]Зел Џефри Оскар! :vozbud:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom