Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.136
Поени од реакции
8.927
Многу лош рејтинг има од критиката јас мислам дека ги пуштив првите неколку минути дали беше сцената во еден стан и ми делуваше некако лошо па го баталив, ама ако велиш дека е добар може да му дадам шанса.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Ми ги надмина очекувањата, да, и плус не ни помислив на тоа што всушност се случи. Ако не си гледала ништо дриго од Susanne Bier, препорачувам! Женава дури и Оскар зеде пред некоја година за In a Better World (мене повеќе ми се допаѓа A Second Chance).

Јас се канев да во предложам за во клубот, зашто за две недели ми доаѓа мене редот да предложувам за прв пат. Ама кога затераа депресивните, си помислив - немој, да не исече вени некој. Затоа ќе гледаме нешто друго, за кое не би ни помислиле дека ќе го гледаме, и верувам дека никој друг не би предложил нешто такво. :P

Ми имаат речено и други ова (ping @џимеј :P). Не знам - веројатно понесен од хајпот по гледањето им ставам такви оценки, зашто и јас сум се нашол во ситуации после месец - два да се прашам себеси зошто толку висока оценка сум дал. Последен таков пример ми беше The Peanuts Movie.

Но letterboxd говори дека ми се изадначени оценките:
Прегледај го приврзокот 143314
Види, од 6 нагоре сѐ е на исто ниво, само 9-ки малку отскокнуваат.

Но, 10 давам само за филмови на кои сум плачел или ме наежиле ко кокошка пред колење, па затоа верувај - десетката за A Second Chance е оправдана. ;)
Го догледав сега.
Она што погоре го кажав дека мислам дека филмот требало да заврши онаму каде што почна и дека мислам дека приказната понатаму ќе стане без врска... Врска сум немала.
И од мене огромна препорака и една јака 9ка, да не се залетувам со десетка дури уште сум под импресии.
Ептен е потценет на имдб, врска немам зошто е тоа така, јас не можам да најдам ни делче што е вишок во филмов, ваљда е дискриминација спрема режисерот. :D Друга причина не можам да најдам.
Одличен филм!
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.154
Поени од реакции
35.014

Стај им го во клубот на црнобело. Нека се едуцира Altair малце. :P
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.136
Поени од реакции
10.057
Злате без љутиш, али за A Second chance само 7.5.
Од мене повеќе не видува, добар беше, али не може со 9ки или 10ки да го споредувам.
 
B

Blade Torch

Гостин
Филмовиве на Чарли Чаплин.. саатипол ми се виде како четири. Не е да не ги бива, ама не се за во секое време. Онака,попладневно да ги пуштиш во дневна со фамилијата :ROFLMAO:
 
Член од
9 јули 2015
Мислења
8
Поени од реакции
10
Ако зборуваме за тоа кој филм вреди да се гледа, јас би рекол дека тоа е Man on Fire, во главна улога со Denzel Washington. Филмот е адаптиран од роман, којшто бил еден од најдобрите во периодот кога е објавен. Тој е дело на писателот A.J. Quenell. Во филмот, станува збор за еден поранешен убиец, чиј живот е исполнет со горчина и очај. Сето ова ќе исчезне кога ќе ја запознае малата Лупита Рамос. Тој ќе работи како нејзин телохранител. На почетокот, Пита(Dakota Fanning), се обидува да се спријатели со него, но тој е ладен кон неа. Кога повеќе ќе се зближат, тогаш и срцето на John Creasy(Denzel Washington), ќе омекне. Нејзиното киднапирање, нему му доаѓа многу тешко, па откако дознава од неговиот пријател дека Пита е мртва, тој тргнува по одмазда. Крајот на филмот навистина е тажен. Режисерот на овој филм Tony Scott, навистина се потруди овој филм да ги води гледачите низ приказна, во којашто еден празен човек, се пополнува целосно, кога ќе се зближи со малото девојче. Филмот е 2004 година и сигурен сум дека многу од вас го имаат гледано, но сметам дека вреди да се спомне. :)
http://www.imdb.com/title/tt0328107/?ref_=nv_sr_1
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.095
Поени од реакции
2.500
Ете, Anon ти одговори подолу. Јас само да ти честитам на изборот на филм, и да те замолам да споделиш импресии одпосле. ;)
Го изглеав филмов и да ти кажам чуден филм:)
Прво мислев дека мајката е малце забегана, ама испадна таткото позабеган:D Уште од почеток претпоставував дека ќе му се случи нешто на бебето и иако го очекував тој момент, во исто време се тресев да не му се случи ништо:((тоа беше моментот кога првиот пат таткото оди да го шета со колата). А да, колку ја пцуев мајката кога не се јавуваше на итна помош ццц :boksix::uzi:Ме изненади тоа што таткото ги смени бебињата, ама мислев дека нема да и каже на мајката туку ќе се однесуваше као да не било ништо. И така мајката ја наклука апчиња и оваа ќе мисли дека сонувала:D Во глобала добар филм, со добра тема за размислување, дали би го оправдале тоа или не. Ама за мене не е за 10-ка. Може 8-ца. Некако не ме потресе ептен филмот, ко што знае некоја драма. Очекував поише да ми влијае филмот со оглед на темата. Нешто ко да ми фалеше:cautious:
П.С Чуден ми е Џејми Ланистер како обичен човек:confused:
 
Последно уредено од модератор:

Во спојлер стави го ова, брзо
 
Последно уредено од модератор:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
За мене ова Anomalisa, не. Мислам, шознам. Го испофаливте ептен, ама спомна некој дека не е за сите, различен дека е и знаев дека ќе има нешто...
Ми фалеше нешто повеќе, некако недоискажан режисерот ми остана. Забегуеше многу со некои работи...
Не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom