Boy Wonder 2010
Лесен филм за гледање. При првата тепачка на Шон со дилериве, се виде колку е евтин филмов. Не го сфатив многу сериозно иако обработуваше малце специфична и тешка тема, справување со загубата на родителот.
Далеку од убиство, ама знам како е да изгубш родител пред свои очи. Мислев дека ќе ме допре тематикава, ама јок. Се осеќа гневот на Шон низ цел филм, поготово кон татко му и целото трауматично детство, ама не разбуди некои емоции во мене да се сочуствувам како му било. Фокусот повеќе беше на одмаздата, не на емпатијата.
А, оваа Тереза ми беше симпатична негде до последните 20 минути. Глуми демек многу опасна џандарка, можам се сама, good cop, а на крај фрли се у вода и као дај да му помогнам на гревов.
Али ок, солидно и лесно филмче, башка и времетраењето му е погодено.
Техничкиот дел не би го коментирал, не остави некој посебен впечаток ама со оглед на буџетот сосема солидно.
7/10