Се вика fall for that.Нели! I would so fall on that..![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се вика fall for that.Нели! I would so fall on that..![]()
Јас го симнав уште одма, ама по некој ден кога седнав да го гледам, излезе дека нема превод. Сега внимателно бирав што да симнам да пишува sub.eng, ама има две имиња : Chungking Express - Hong Kong Express (1994) се надевам дека нема да гледам погрешен филмПотсетување за ... да го глеаат, кој не го гледал

4@Афродита да пишат оценки.
@Джонтра Вохохолта


Има таков филмИнаку омилен лик од филмов ми беше плавушата, штета што сегментот со неа беше ептен краток и не ја гледавме повеќе, ептен бедес и беше ликот, би гледала цел филм со нејзините патешествија, дилање дроги, пукање у луѓе итн, можам да ја замислам у некој Blade Runner сетинг, топ филм би бил

Автоматски споено мислење:
Има таков филм
Ликот на плавушата од овој филм е базиран на ликот од плавушата од тој филм. Не е баш блејдранер атмосфера, повеќе влече накај мафијашка атмосфера во Њујорк. Нема да речам кумовска, не е баш.

Се согласувам и јас со ова.филмот не успеа да изгради емпатија кон ликовите. Најдобро изграден лик беше газдата на сендвичарата.

Горе доле истово чувство го имав низ текот на целиот филм. А, не сум за Интер...И што е ова што глеав?
Озбилно што е ова што глеав?
Мртви кинези што идат натака навака, со добра американска музика односно добри сите 2 американски песни што вртеа 650 пати и една кинеска верзија на Dreams од Cranberries чија пејачка е оваа со кратката коса што работеше у тоа сендвичарата и што беше едниствената позитивна и убава работа што ја видов у овие 100 минути видео наречено филм.
Не озбилно, што, која е поентата на филмов? Што сака да каже авторот?
Ова ако е љубов и романса, викајте ме Афродита слободно.
Можеби Карвај е ту мач за мене, ама јас во филмот никаде не видов чувства и емоции. Едино чувство што го добив е меланхолија, на моменти параноја бидејќи имав чувство дека филмов е снимен во некој стан дома, 2 соби - 2 сета.Chungking Express не е филм кај што акцентот е ставен на приказната, на заплетите и сл. туку на карактерите: нивните чувства и емоции, нивното понашање, навики, желби. Имаш две технички недопирливи ситуации на кои заедничкото им е heartbreak, меланхолијата, тагата и осаменоста. Не знам.. мене ми беше нов и убав овој начин на следење на повеќе карактери отколку осредоточување на еден или двајца на кој сме навикнати кај повеќето филмови.
Сетсуко > Карвај. Сериозно постов ми донесе поголема возбуда од самиот филм.Chungking Express (1994)
Филмот е лиричен и на него треба да се гледа како на поезија. Како да се искуси страдањето по раскинување на долга врска и да се влезе во чевлите на младиот полицаец кој трчаше за да нема течност во телото што би останала за солзите, или оној што ги тешеше предметите во собата кои тагуваа по неговата бивша, или да се биде ладнокрвен како жената што носеше дождовен мантил и очила за сонце оти никогаш не знаеме кога ќе биде сончево, а кога ќе врне. А како инфантилно се однесуваш инфериорно, како ликот на Faye, кога се заљубуваш и глумиш дека не ти е гајле за личноста.
И како ситните навики кои те исполнувале претходно ги задржуваш оти те потсеќаат на саканата личност.
Имам еден другар што викаше дека никогаш не сака да го напушти Скопје поради спомените, кога се движи во секој агол од градот му навираат сеќавања. Кога чекал автобус со рандом личност и какви разговори правел со неа, поради клупата на која ја доживеал првата заљубеност, поради топлата шолја чај што ја испил во чаршија и како кога се движи на тие локации прават да се чувствува дека тука припаѓа и дека Скопје е негов идентитет и дека никаде на друго место во светот нема да ги гледа тие духови од минатото кои го прават тоа што е. Ликот е поет и тогаш тоа ми изгледаше малку претерано, но мислам дека со овој филм успеав малку да го дофатам тоа што го зборуваше.
Режисерот ја доловил меланхолијата правејќи омаж од ликови и моменти и како сакаше да нѐ натера да ги цениме истите токму поради нивната минливост.
Обично сакам филмови со убава нарација во која всушност нешто треба да се случи, но иако овде не се случи ништо особено мене ми легна саат, два по гледањето кога остана само чувството. А чувството и искуството на крајот од едно уметничко дело се тоа што е најважно за мене, всушност и затоа читам книги и гледам филмови.
Ова испадна долго. Нека биде 8/10 од мене.

Злате е повеќе платен на другото работно место отколку ова, хонорарново. Затоа тоа има приоритет.П.С. Злате промени насловот.

Јас мислев Злате ова од љубов го прави, а он хонорар земалЗлате е повеќе платен на другото работно место отколку ова, хонорарново. Затоа тоа има приоритет.![]()
