FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.033
Поени од реакции
55.460
Ради ова
BTW, кога ќе видите што филм ви има спремено, ќе речете: вредеше чекањето! ;)
Може ова
Што вика @wot , секако е лето, мнозинството по одмори, нема да е лошо да се направи и мала пауза - нешто што и не ни е прв пат да го правиме, и порано сме имале кратки летни паузи.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Не замарајте бумери сабота е

Исто така мора го испоштовам Гранде со рецензија од плажа на Кан. Инаку црвениот тепих кај што газел мојот дечко Хенри Кавил уште стои и има кардборд катаутс од актерите пред киното. Да не ве замарам со глупости тоа ќе гледате на фејсбук дојдов рецензија да пишам.

My sassy girl

Океј грандс неам ептен интернет ќе ми простиш за рецензијава.
Дечки филмот беше одличен криво ми е што не ве допрел како што ме допре мене, му плачев на гранде на тераса у строг центар. Малку ми беше предолг ама мислам вредеше пошто крајот ме купи ептен, женската ми беше малку агресивна ама во името на квиркинес и прогледав низ прсти, последната сцена е чиста 10ка, поготово за романтичари како мене.

8/10

Ве поздравувам дечки се читаме на следниот филм

<3
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.337
Поени од реакции
27.896
Тhe Sound of Music

Крстови, цркви, калуѓерки, 3 саата, мјузикл. Не, не и не. Единствено кинематографијата ми се допадна заедно со Џули. Приказната не беше ништо wow али колку да го тера филмов е ок. Го изгледав веројатно после 10 обиди. Aко нешто не поднесувам тоа се цркви (не сум сатанист), па башка и во комбинација со пеењето, што упорно се повторуваше... не е мој вкус, сори гранде. Ти имам неколку предлози гледано и беа супер филмови ама ова не ми се погоди.

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.669
NETWORK

Не се сеќавам чиј предлог беше филмов, и зошто не го гледав во терминот, ама еве, му дојде редот сега. И не знам како поминал кај вас, но кај мене дефинитивно лошо. Uber-досаден филм, мислам дека му подлегнал на забот на времето. Да, имаше одлични реплики, да, сценариото, глумата беа супер, да, идејата беше одлична, ама цело време се чувствував како едвај да чекам да заврши. Некако и знаев како ќе заврши, претпоставував. Можеби не дека ќе го убијат Хауард, ама дека дефинитивно ќе умре.
Филмов е критика за телевизијата и за нејзината моќ, можеби затоа некако како да не може да се смести во денешен контекст, зашто по мое мислење телевизијата одамна ја има изгубено моќта која ја имала. Ама ако, на пример, се исфрли телевизијата и во истиот контекст се вметнат социјалните мрежи, конкретно и посебно фејсбук, мислам дека буквално може да одговара со ова денес.
Само 5/10 зашто едвај доседов пред телевизор.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.459
Поени од реакции
9.372
Не можам вакви да гледам извинете, ама не до филмот него општо. Глупо ми е да ми пеат сега на сред муабет или муабетот со песни. Цк, нигогаш мјузикл нема да гледам. Копчињата ќе ги репризирам ако треба 3 пати, ама ваков филм.. Мачење.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.669
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
The sound of music (1965)

Мјузиклите не ми се при срце и затоа филмов го изгледав без големо внимание и со многу паузи. Приказната беше океј, предолга.. ама можеби поубаво ќе ја доживеев, да не се кринџав на секои пет минути..

3/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.033
Поени од реакции
55.460
Следен филм што ќе го гледате е The Sea Inside (2004) или на шпански Mar adentro.
Од форумов само 3ца го имаат гледано, од клубов само 1 и уште еден на вочлист го има ставено.
Искрено се изненадив кога видов дека има толку слаба популарност тука а станува збор за доста познат филм и високо рејтингуван според имдб. Има и Оскар земено за најдобар странски филм таа година.
Го гледав пред неколку месеци и одма знаев дека овој ќе биде мојот предлог за клубов. Можда не е баш филм за летно време, затоа и добро ќе ми дојдеше потенцијално одложување на клубов бар до есен али нема врска ај, нека не замарам.

The Sea Inside, филм на Алехандро Аменабар со Хавиер Бардем и Белен Руеда во главните улоги.
Станува збор за вистинска приказна за Рамон Сампедро кој доживува несреќа и останува целосно парализиран 28 години, за сето тоа време за него се грижи семејството односно брат му, снаа му и внукот. За сето тоа време Рамон цврсто стои на ставот дека сака да умре и се бори за еутаназија.

Мирна драма, гледлива, убав филм, мене ми фалеа малце поише емоции па затоа 8ца му дадов.

Да видиме вие што ќе кажете.
Повелете.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Од Аменабар досега изгледани 3 филма и сите ми се негде околу мех и ништо посебно. Агора и Abre los ojos сум дал 3/5. И Теза ко добар, сум го оценил со 3.5/5.

Mar adentro ми беше во план, mersi прикје. :smirce:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.033
Поени од реакции
55.460
Од Аменабар досега изгледани 3 филма и сите ми се негде околу мех и ништо посебно. Агора и Abre los ojos сум дал 3/5. И Теза ко добар, сум го оценил со 3.5/5.

Mar adentro ми беше во план, mersi прикје. :smirce:
A The Others бе? :D :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom