Enter the Void
wot
wot
wot
woe
noe
Noe
nop
nope
Mојата голгота наречена Enter the Void. Де вот, кажи ми како може да се палиш на ваков edgelord како Гаспар Но(п)е? Не ти е ли малку лејм? Мене малку ми е, ептен ми форсира shock value, еве вака некако идел разговорот меѓу Гаспар и Ное кога се калемел филмот?
- Ајде да го зачиниме малку филмов што викаш Бери?
- Се согласувам адер Бери ајде братов нека влезе со духот у дечкото на сестрата и нека си ја дупи.
- Да да супер идеја, ама не е доволно, мора повеќе!
- Ајде фетусот на сестрата ќе го зумираме, сигурен сум дека после филмов секогаш кога Корвус ќе слушне или прочита нешто за абортус ќе и се појавува сцената у глава.
- Да леле ајде да трауматизираме луѓе, супер идеја!
- Ама не е доволно, зошто да не додадеме и 10 минути рандом Азијци како се ебаваат у хотел, и овој Виктор како пуши кур на колена, афтер ол, Корвус се гади од азијско порно.
- Моар Бери, моар!
- Јес адер Бери! Мора да ги турнеме границите на нормалата!
- Еве уште една супер идеја! What if.... мртвиот брат на Линда ја ебе Линда преку другар му Алекс и после се роди како син на Линда, ти текиња Бери, I am my own grandfather...
И откако сето ова прошло како супер идеја, еве сум јас со рецензија.
Јас полека сфаќам зошто во голем дел овој филм мене не ми се допадна. Кога се ќе сумираме, испаѓа дека јас го мразам шлајмот на општеството, нешто што сите во филмов беа. Дилер наркоман и сестра му проститука си го арчат животот во најдолните слоеви на општеството. Не ги сакам овие луѓе ни во реалноста, а уште помалку па, да гледам 3саатни филмови за нив. Ниту еден рилејтабл и лајкабл лик, ништо што мене би ми се допаднало, напротив само се грозам од филмов. Згора на тоа, премногу должина и репетитивност. Филм присилно и неприродно исушен од контент на сметка на неонски светла и инцестоиден секс. И трет пат да ми кажеш да го гледам, и трет пат ќе го гледам, и пак после ништо нема да се сеќавам што се случувало освен изолирани сцени.
Оценката која ја имав ставено после првото гледање, која во еден нејзин дел се должеше на ете, различниот приод и идејата за филм во прво лице, сега ја спуштив зашто идејата не е воопшто оригинална. Идејата за ПОВ филм Гаспар Ное ја добил кога напушен гледал еден веќе речиси заборавен ноар - Lady in the Lake.
Штета што Ное, со неговиот еџлордизам уништува супер идеи за филмови, мене премисата ми беше интересна, мислам дека Аронофски би направил спектакуларен филм од оваа идеја, ама ете некои режисери едноставно и тој супер контент што го имаат ќе го уништат со настраност за да остават некаков личен печат. Вон Триер и неговите настраности е Б О Г за Ное.
Доволно е мислам.
4/10