Ја отворив темава после некое време и прочитав интересни коментари.
Гледам многу се жалите на предоброто АИ, и перфектните акции на АИ-то, мене па баш ми е кул, сакам кога некоја игра ме тера да ја искршам тастатурата, ме тера да играм уште повеќе и да ги измочам.
Пробувам секој ден да најдам време и да играм, обично и се случува по сат време секој ден но неможам многу да напредувам, сеуште сум на ПРО, но ќе изиграм уште една сезона на ПРО па ќе идам на ВК.
Она што сакам да потенцирам е дека играта е неверојатно добро осмислена, и сега после толку време играње ја разбрав и нејзината генијалност и уникатност, од перфектните акции до ненадејни верижни судири на играчите, али љубов голема е.