Конечно ја дочекав FIFA 10 na xbox 360. Чим видов вчера дека ја има на торентиве решив одма да ја обезбедам на време. На прв поглед разгледувајки низ менијата се гледаат новите работите кои ги има 10-ката. Новите модови како FIFA live 2.0 season, Virtual mode како и за прв пат на конзолите FIFA STORE. Има и туториали за новите гејмплеј работи на 10-ката кои можам да кажам дека се корисни за новите играчи на фифа. Има уште новитети на кои не ми текнува моментално. Во тренинг арената сега може да се одбере вежбање на корнери,слободни удари и слично. Прв натпревар што одиграв беше со Интер против Милан. Одма забележав дека конечно мозе да се одбере во какви услови сакаме да го одиграме натпреварот под различни временски услови, под дожд или снег. На ниво на тешкотија за почеток ставив на PROFESSIONAL и наместо милито ва први 11 го ставив балотели. Уште на самиот почеток го забележав новото движење на играчите, односно дека конечно играчите се движат во сите насоки т.е. 360 степени, а не како во минатите игри во 8 насоки. Негде на почетокот прв гол дадов со Балотели. Забележав дека шутот е доста подобрен ид 08 и 09 на конзоли, како и нафрлувањата. Нафрлувањата сега се чуствуваат некако многу поприродно. Понатаму постигнав втор гол со Ето. Сега играчите влегуваат во многу подолготрајни дуели, така што топката не се одзима баш на брзина. Примив гол од пирло од слободен удар од негде 23 метра. 2-1 полувреме. Единствено нешто што ме нервира на 10-ката е големиот број на фаули. За многу ситни прекршоци се суди фаул иако судијата дозволува предност во многу наврати. Ако ви текнува ваков случај имаше на Пес 2005 или 6-ката. Второ полувреме 3-1 за мене, пак со балотели. Ама тука настапи Пато масовно на цело село. Дечкото ми збрца два брзи гола и стана 3-3. Ама со ето во 90+ минута дадов уште еден гол за 4-3 конечен резултат. 7+, 30 коефициент во кладилница. Првите импресии беа фантастични. Одиграв уште неколку натпревари на дожд и снег. Се забележува успорувањето на играта на снег и дожд особено движењето на топката. Работи кои не ми се допаднаа е големиот број на прекршоци, дратстично помалиот избор на копачки од лани и публиката. Очекував ова година публиката да биде пожива ама некако од ЕА ја зезнале работата. За фифата има уште многу работи да се видат и откријат така да утре ке пробам менаџер мод па ке пишам за први впецатоци од тоа. За РС верзијата ако ја игра некој нека пише.