FIFA 10

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.624
Познато е само дека ќе испаѓа како и секоја Фифа, на Есен. Oва се i првите фотографии за оваа нова верзија, а подоле го имате и првиот трејлер. Според најавите, викаат дека графиката ќе биде на највисоко ниво, и ќе не остави без здив. Тоа е познато сега за сега, ако разберете нешто ново, пишувајте, баш сакам да видам што ново може да ни понудат ЕА СПОРТС, или исто како и претходните, ќе си останат само на најавите, со некои мали промени...
1.jpg

2.jpg

3.jpg

5.jpg


 
Од вчера, објавено на GMK
EA го пушти првиот трејлер за следната фудбалска симулација, FIFA 2010 која ќе се појави во текот на 2009 за РС, Xbox 360, Playstation 3, DS, Wii, PSP и Playstation 2. Гејмплејот на теренот е променет и подобрен, а под тоа пред се во FIFA 2010 ќе видиме софтицирана контрола на топката како и реални физички интеракции помеѓу два играча. Како дополнение, играчите се направени пореално, а и нивните движења се доста подобрени во однос на претходниците на FIFA 2010. Во напад офанзивните играчи го анализираат просторот, трачаат во разни со цел да се ослободат, но притоа и да не бидат во офсајд. Во одбраната, новиот концепт е замислен така што дефанивните играчи ќе бидат рамномерно распоредени по теренот за полесно да се заштитат од опасната зона и противниците да бидат подобро покриени. Трејлерот тежи 56MB и можете да го превземете од овде.
 
Сигурно нема да биде нешто револуционерно, што значи дека си останувам на PES:salut:
 
Сигурно нема да биде нешто револуционерно, што значи дека си останувам на PES:salut:

Не верувам дека некој се ќе се надева на некои којзнае какви промени, но добро е полека полека да почнат да се подобруват, мислам редно беше после 4 години.
 
Copy/paste Кајгана стајл а?

На сите поголеми сајтови (како Megagames) има тон информации повеќе, како иновации и слично.
Бар некој нека се потруди да ги преведе нив.
 
Ако биде у Графика као 2009, останувам на ПЕС, и ЕА испаѓаат големи дегени, пошо за ПС3 и за ХВОХ360 ја праат многу боље во однос на графика, гејмплеј, и сл., а за ПЦ ја усе*уваат неверојатно.

Толку од мене. Верувам дека многу амлце ќе се сложат со ова шо пишав, да не речам ич ама тоа е
 
Ja си сум Фифа фан, каква и да е, Фифа си играм, мада 09 напраив грев и ја немам, иначе од две и прва/втора навака сите.

Едвај чекам:vozbud:
 
Ако биде у Графика као 2009, останувам на ПЕС, и ЕА испаѓаат големи дегени, пошо за ПС3 и за ХВОХ360 ја праат многу боље во однос на графика, гејмплеј, и сл., а за ПЦ ја усе*уваат неверојатно.

Толку од мене. Верувам дека многу амлце ќе се сложат со ова шо пишав, да не речам ич ама тоа е

Како мислиш многу малце ќе се сложат?

Па цел гејмерски свет го збори истото - ама еве овој Армин пак ја купува. :devil1:
 
Графика воопшто не треба да подобруваат, сите ресурси нека ги насочат во подобрување на гејмплејот. Ама за жал има луге кои само заради подобрата графика ја купуваат играта иако е шит гејмплејот.
 
Едно прашање за сите што викаат дека ќе биде шит и такви глупости, сакам одговор од вас кои подобрувања сакате да ги има во една во следната игра, бидејќи гледам многу експерти има на форумов. :drk:
 
Едно прашање за сите што викаат дека ќе биде шит и такви глупости, сакам одговор од вас кои подобрувања сакате да ги има во една во следната игра, бидејќи гледам многу експерти има на форумов. :drk:

Гејмплеј, гејмплеј и само гејмплеј. Реалност.
 
Аха, а што толку нема реално во 09?

Едноставно, долги години играв FIFA и само FIFA. Полно луѓе ми збореа, пробај ја Pro Evolution, а Јас како коњ со узди, гледав само напред. Помина време и решив да ја пробам. Едноставно, при играњето чувствуваш барем малку една реалност, гејмплеј кој ја прави играта да изгледа како на реална утакмица. Исто како да гледаш на ТВ.

Тоа во PES го нема сеуште, но има мал дел. Тој дел, сакам да го има во FIFA, кои мислат дека ако ја напумпаат со шминки (графики, чуда) ќе се запалиме и ќе ја играме сите.

Ова е мое мислење. Секој ги гледа работите различно.
 
Едно прашање за сите што викаат дека ќе биде шит и такви глупости, сакам одговор од вас кои подобрувања сакате да ги има во една во следната игра, бидејќи гледам многу експерти има на форумов. :drk:

Па шит е искрено. Најдобар гејмплеј до сега FIFA имаше во 2002 и 2003 сезона, 2004 и 2005 беа на ниво и сосема исти беа и од тогаш па на вака се за никаде.
Најпрво нека си средат гејмплејот после графиката и можда ќе бидат конкурентни на PES, кој иако не напредува многу во последни години но за разлика од FIFA е доста подобра фудбалска симулација.
 
Едно прашање за сите што викаат дека ќе биде шит и такви глупости, сакам одговор од вас кои подобрувања сакате да ги има во една во следната игра, бидејќи гледам многу експерти има на форумов. :drk:


Да биде буквално иста како онаа шо ќе ја направат за ПС3 и за ХВОХ360, до последен детал иста, а не као шо кажав во еден пост погоре за ПЦ ја праат Шит.

Како мислиш многу малце ќе се сложат?

Па цел гејмерски свет го збори истото - ама еве овој Армин пак ја купува. :devil1:

Тоа го реков зашо мислев дека ФИФА има поише фанови, и доста луѓе така зборат, ама ете згрешив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom