As I said...
Големата прослава по повод визната либерализација, наречена "Бел ден", што ќе се одржи во петок (18 декември) на плоштадот Македонија, ќе понуди осумчасовна музичка програма.
Покрај српската ѕвезда Здравко Чолиќ и англискиот диџеј, продуцент и електронски музичар Фетбој Слим, ќе настапат и повеќе познати македонски пејачи.
Настанот ќе започне во 18 часот со настапот на Андреј и Панчо од дуото ДНК, а ќе заврши во 3 часот по полноќ.
На атрактивната сцена со своите хитови ќе се претстават Слаткаристика, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Јован Јованов, Ламбе Алабаковски, Адријан Гаџа и Елена Ристевска...
Присутните на плоштадот ќе имаaт можност да се забавуваат и со песните на Каролина Гочева, Есма Реџепова, Калиопи, Владо Јаневски и "Влатко Стефановски трио".
Дознаваме дека Чолиќ ќе настапи околу 22 часот, а концертот ќе заврши со изведбата на
Фетбој Слим кој ќе понуди музички избор од еден и пол час.
:whee: